Транслитерација на македонското писмо
(Пренасочено од Романизација на македонскиот јазик)
Транслитерацијата на македонското писмо најчесто се врши со помош на латиничните букви, од каде во употреба се среќава и поимот „Македонската латиница“. Кирилицата е официјална азбука во Македонија.
Македонска фонетика и фонологија |
---|
Гласови
Писмо
Поврзано
|
Романизација на македонското писмо
уредиРоманизација на македонското писмо се постигнува со користење на одреден сет на латинични букви. Латиницата се учи во второ одделение во основното училиште. Оваа азбука ги содржи сите букви од стандардната латинична азбука со исклучок на буквите: W, Q, Y и X. Покрај тие се користат и други букви прилагодени на македонскиот фонетски систем. Карактеристични букви за македонската латиница се буквите: Ǵǵ, Ḱḱ и Dz dz и тие букви не се користат во ниеден друг јазик.
Кирилица[1][2] | Училишно[3][4][5][6] | ISO 9 | Документација[3][7][8][9] | |
---|---|---|---|---|
А а | A a | A a | A a | |
Б б | B b | B b | B b | |
В в | V v | V v | V v | |
Г г | G g | G g | G g | |
Д д | D d | D d | D d | |
Ѓ ѓ | Ǵ ǵ | Ǵ ǵ | Gj gj | |
Е е | E e | E e | E e | |
Ж ж | Ž ž | Ž ž | Zh zh | |
З з | Z z | Z z | Z z | |
Ѕ ѕ | Dz dz | Ẑ ẑ | Dz dz | |
И и | I i | I i | I i | |
Ј ј | J j | J̌ ǰ | J j | |
К к | K k | K k | K k | |
Л л | L l | L l | L l | |
Љ љ | Lj lj или ĹÍ | L̂ l̂ | Lj lj | |
М м | M m | M m | M m | |
Н н | N n | N n | N n | |
Њ њ | Nj nj или Ńń | N̂ n̂ | Nj nj | |
О о | O o | O o | O o | |
П п | P p | P p | P p | |
Р р | R r | R r | R r | |
С с | S s | S s | S s | |
Т т | T t | T t | T t | |
Ќ ќ | Ḱ ḱ | Ḱ ḱ | Kj kj | |
У у | U u | U u | U u | |
Ф ф | F f | F f | F f | |
Х х | H h | H h | H h | |
Ц ц | C c | C c | C c | |
Ч ч | Č č | Č č | Ch ch | |
Џ џ | Dž dž | D̂ d̂ | Dј dј | |
Ш ш | Š š | Š š | Sh sh | |
|
Одлики на некои букви
уреди- Lj, 15. буква од македонската азбука, ја претставува буквата Љ. Според МФА оваа буква се пишува како /ʎ/. Графичкото решение за оваа буква е исто како и кај српскохрватскиот јазик.
- Nj, 18. буква од македонската азбука, ја претставува буквата Њ. Според МФА оваа буква има вредност /ɲ/. Симболот Nj е позајмен од српско-хрватскиот јазик.
- Dz, 10. буква од македонската азбука, ја заменува буквата Ѕ. Според МФА оваа буква се бележи како /dz/. Буквата е уникатна и карактеристична за македонскиот јазик и фонетски систем за разлика од поголемиот број на други словенски јазици.
- Dž, 30. буква од македонската азбука, оваа буква ја заменува буквата Џ. Според МФА оваа буква се бележи како /dʒ/. Графичкото решение за оваа буква е исто како и кај српскохрватскиот јазик, но може да се најде и кај останатите словенски јазици.
- Ḱ, 24. буква од македонската азбука, ја заменува буквата Ќ. Според МФА оваа буква има вредност /kʲ/. Оваа буква е слична со српската буква Ћ, но изговорот се разликува. Македонската буква Ḱ е помека во споредба со српската. Буквата и нејзиниот изговор претставуваат уникатни одлики за македонскиот јазик.
- Ǵ, 6. буква од македонската азбука и ја заменува буквата Ѓ. Според МФА оваа буква има вредност /gʲ/. Оваа буква е слична со српската буква Ђ, но главната разлика е во изговорот. Македонската буква Ѓ е помека во споредба со српската. Буквата и нејзиниот изговор претставуваат уникатни одлики за македонскиот јазик.
- Č, 29. буква од македонската азбука, ја заменува буквата Ч. Според МФА оваа буква се бележи како /tʃ/. Графичкото решение за оваа буква е исто како и кај српскохрватскиот јазик, но ја има и кај скоро сите останати словенски јазици.
- Š, 31. буква од македонската азбука, ја заменува буквата Ш. Според МФА оваа буква се бележи како /ʃ/. Симболот за оваа буква е ист како и кај српскохрватскиот јазик, но ја има и кај скоро сите останати словенски јазици.
- Ž, 8. буква од македонската азбука, ја заменува буквата Ж. Според МФА оваа буква се бележи како /ʒ/. Графичкото решение за оваа буква е исто како и кај српскохрватскиот јазик, но ја има и кај скоро сите останати словенски јазици.