Поделба на гласовите во македонскиот јазик

Основна поделба на гласовите е на:

Самогласките се изговараат без пречки, широко, со слободно поминување на воздушната струја во усната шуплина и имаат поголема звучност. Во македонскиот јазик самогласки се: а, е, и, о, у.

Самогласките имаат слоготворна функција. Тие ги оформуваат слоговите, односно претставуваат јадрото на слогот. Покрај нив во слогот може да има повеќе согласки, но тие може и самостојно да градат слог.

На пр.: збо - ро - ви мост пе - е

Освен самогласките, во нашиот јазик и гласот р може да има слоготворна функција.

На пр.: прст кр - вав пр - вак

Поделба на самогласките

уреди

Според височината

уреди

Самогласките според височината (поставеноста) на јазикот самогласките се делат на:

  • високи (и, у);
  • средни (е, о), и
  • ниски (а);

Според движењето на јазикот

уреди

Според движењето на јазикот напред-назад самогласките се делат на:

  • предни (и, е),
  • средни (а) и
  • задни (у, о);

Според положбата на усните

уреди

Според положбата на усните самогласките се делат на:

  • заокружени (о,у)
  • и незаокружени (а, е, и).

Поделба на согласките

уреди

Согласките (консонантите) се помалку звучни од самогласките, односно при нивниот изговор воздушната струја не поминува непречено. Во македонскиот јазик има 26 согласки кои ги делиме според разни критериуми.

Според место на образување во усна шуплина

уреди

Според местото на образување во усната шуплина согласките се делат на:

Според начинот на образување

уреди

Според начинот на образувањето согласките се делат на:

— преградни: п, б, м, т, д, н, њ, к, г — теснински: ф, в, с, з, ј, ш, ж, х, л, љ, р — преградно-теснински: ц, ѕ, ч, џ, ќ, ѓ

Според звучност

уреди

Третата поделба на согласките е според нивната звучност:

звучни Б В Г Д Ѓ З Ж Ѕ Џ
безвучни П Ф К Т Ќ С Ш Ц Ч Х


Сонанти: Ј, Р, Л, Љ, М, Н, Њ


Звучните и безвучните согласки во македонскиот јазик се во парови (секоја звучна си има безвучен парник), освен Х кое е безвучно.

Сонантите се позвучни од звучните согласки и им се доближуваат на самогласките.

Поделбата на звучни и безвучни согласки е важна за гласовните промени. Тие се случуваат кога ќе се најдат една до друга согласки со различна звучност (едначење по звучност).