Роберт Луис Стивенсон

Роберт Луис Стивенсон (англиски: Robert Louis Stevenson), роден како Роберт Луис Балфор Стивенсон (Robert Lewis Balfour Stevenson), (13 ноември 18503 декември 1894) бил шкотски писател, поет, есеист и патописец. Роберт Стивенсон во светската литература е познат по неговите романи „Островот на богатството“, „Киднапиран“ и „Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд“.

Роберт Луис Стивенсон
Robert Louis Stevenson
Занимањеписател, поет и патописец
НационалностШкот
ПериодВикторијанска ера
Значајни делаОстровот на богатството, Детска градина од стихови, Киднпиран, Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд
Сопруг/аФани Вандегрифт Озборн
ДецаЛојд Озборн
Роднинитатко: Томас Стивенсон
мајка: Маргарет Изабел Балфор

Роберт Стивенсон, во своето време, бил познат писател и денес е рангиран меѓу 30-те најпреведувани писатели во светот, веднаш зад Чарлс Дикенс.[1] Тој бил доста почитуван од голем број автори, меѓу кои Хорхе Луис Борхес, Ернест Хемингвеј, Радјард Киплинг, Марсел Шоб, Владимир Набоков[2] и останати светски познати автори.

Животопис

уреди

Неговиот татко се викал Томас Стивенсон, а неговиот дедо Роберт Стивенсон, обајцата успешни стручњаци за светилници, а неговата мајка се викала Маргарет Балфор. Неговите родители сакале Стивенсон да биде инженер, но тој не го сакал ова. Во младоста студирал на Единбуршката Академија. Обајцата негови родители биле многу религиозни. Роберт се откажал од религијата на своите родители за време на своите студии на универзитетот во Единбург, но образованието со кое се стекнал во детството оставило траен печат врз него. Тој всушност го преземал калвинизмот како своја религија за време на студиите на колеџот.

Иако уште од детството боледувал од туберкулоза, води авантуристички живот исполнет со голем број напишани романи, раскази поезија и патописи од своите долги патувања насекаде низ светот. Бурниот живот го завршува како племенски водач и сопственик на плантажа на островскиот архипелаг Самоа во Тихиот Океан, што е во склад со неговиот авантуристички начин на живот. Луѓето од Племето чиј предводник бил го нарекле Tusitala што значи - раскажувач. Неговите романи и раскази, исполнети со авантури и хорор се со значајна психолошка длабочина и уживаат популарност долго по смртта на авторот, доживувајќи бројни екранизации. Голема поддршка на нескротливиот авантуристички дух на Стивенсон му дала сопругата Фани Озборн, со која се оженил 1880 година во Сан Франциско.

Стивенсон патувал во Сан Франциско во доцните 1870-ти, и во една прилика го запознал сопственикот на една голема издавачка компанија, кој извршил големо влијание врз одлуката на Стивенсон да отпатува на Јужниот Тихи Океан. Во неколку наврати патува во Кралството Хаваи и се спријателува со Кралот Калакауа, во чие друштво поминува многу време. Животот го завршува како последица на хеморагична треска во 1894 година, на возраст од 44 години во Ваилима, на островите Самоа.

Политички погледи

уреди

Како и неговиот татко, така и Роберт низ целиот свој живот бил силен приврзаник на ториевата политичка идеологија. Неговиот братучед и биографер, Сир Грахам Балфор, за неговите политички погледи рекол дека „тој најверојатно во животот секогаш би го поддржувал конзервативниот кандидат во Британија“.[3] За време на неговите денови во колеџот, за краток период се окаракетризирал себеси како „црвен загреан социјалист“. Како и да е, до 1877 година, на само 27-на возраст и пред да ги напише неговите големи дела, Стивенсон изјавил дека гледа со каење кон периодот кога се изјаснувал како социјалист. Исто така, [покрај другото, тој додал:

Се убедив себеси, барем во моментов, подобро е да ги оставиме овие големи промени за она што ние го нарекуваме „големи слепи сили“: каде нивната слепост е многу поостроумна отколку малото, зјапање на човекот... Сега знам дека со смената во конзервативец, јас поминувам низ нормален циклус на промени и патувам во заедничката орбита на човковите мислења.[4]

Творештво

уреди

Романи

уреди

Раскази

уреди

Во прилог следува список на раскази напишани од Роберт Стивенсон подредени хронолошки.

Наслов Датум Збирка Белешки
„Преспивање за ноќта“ 1877 „Нови арапски ноќи“ Оваа е првата публикација на Стивенсон која е научна фантастика кога имал 27 години.
„Вратата Сир де Малетроа“ 1877 „Нови арапски ноќи“
„Стара приказна“ 1877 нема збирка
„Уредување писма на семејството Рутерфорд“ 1877 нема збирка
„Доцно-дневни арапски ноќи“ 1878 „Нови арапски ноќи“ Седум поврзани приказни во два циклуса: „Самоубиствен клуб“ (три приказни) и Раџаскиот дијамант (четири приказни).
„Провиденс и гитарата“ 1878 „Нови арапски ноќи“
Павилјонот во пустелијата 1880 „Нови арапски ноќи“ Прераскажани девет мали поглавја.
„Приказна на лагата“ 1882 нема збирка
„Среќниот човек“ 1882 „Среќниот човек и други приказни и раскази“
Крадецот на тела 1884 нема збирка За првпат објавена на Божиќ во 1884.
"Маркхајм" 1885 „Среќниот човек и други приказни и раскази“
Чудниот случај на доктор Џекил и господин Хајд 1886 нема збирка Понекогаш се одликува како кратска приказна или новела, или поретко како краток роман.[5]
"Will O' the Mill" 1887 „Среќниот човек и други приказни и раскази“
„Троун Џенет“ 1887 „Среќниот човек и други приказни и раскази“
Олала 1887 „Среќниот човек и други приказни и раскази“
Богатството на Френчард 1887 „Среќниот човек и други приказни и раскази“
„Несреќите на Џон Николсон: Божиќна приказна“ 1887 нема збирка
Ѓаволчето од шишето 1891 Забави на островските ноќи
Плажата Фалеса 1892 „Забави на островските ноќи“ За првпат објавена во „The Illustrated London News“ во 1892.
Островот на гласовите 1893 „Забави на островските ноќи“

Збирки раскази

уреди

Поезија

уреди

Осврт кон творештвото

уреди

Книжевната критика го оценува Роберт Луис Стивенсон како одличен стилист, необично близок и топол, кој раскажува за храброста и оптимизмот наспроти сомнежите и колебањата на неговото време, обидувајќи се да го обнови духот на романтиката што ја наоѓал во современите настани.[6]

Наводи

уреди
  1. See the Index Translationum.
  2. Dillard, R. H. W. (1998). Introduction to Treasure Island. New York: Signet Classics. xiii. ISBN 0-451-52704-6.
  3. Terry, R. C., ed. (1996). Robert Louis Stevenson: Interviews and Recollections. Iowa City: U of Iowa P. стр. 30. ISBN 9780877455127. Посетено на 2010-06-23.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  4. Stevenson, Robert Louis (1907). „Crabbed Age and Youth“. Crabbed Age and Youth and Other Essays. Portland, Maine: Thomas B. Mosher. стр. 11–12. Посетено на 2010-06-23. Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help)
  5. Strange Case of Dr. Jekyll and Mr. Hyde and Other Tales, Robert Louis Stevenson. Oxford World's Classics.
  6. „Белешка за авторот“, во: Роберт Л. Стивенсон, Островот со скриеното богатство. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 195.

Надворешни врски

уреди