Островот на богатството
- За други значења видете ја страницата за појаснување.
„Островот на богатството“ (англиски: Treasure Island) или Островот на скриеното богатство e роман на шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон, кој за првпат бил објавена на 23 мај 1883 година. Во него се опишува приказната за една група пирати и обични граѓани кои се во потрага по закопано богатство на еден ненаселен остров во Карипското Море. Книгата е позната по приказната, но и по добриот опис на атмосферата, ликовите и акцијата која се одвива низ целиот текст. Исто така, романот вклучува добар опис на моралните вредности на самите ликови, особено на главниот негативен лик, а тоа се смета за чуден елемент во детската литература. Препознатливо за романот се пиратите, картата со скриеното богатство, бродовите и убиствата, како и тајните договори и преговори за опстанок на островот и враќање во Бристол со здраво тело и дух, но и богатство во џебовите.
![]() Корица на книгата од 1911. | |
Автор | Роберт Луис Стивенсон |
---|---|
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Жанр | авантура детска лутература |
Издавач | London: Cassell and Company (денес дел од Orion Publishing Group) |
Издадена | 1883 |
СтруктураУреди
Романот се состои од вкупно 34 глави, распределени во шест дела:[1]
Прв дел: Стариот гусарУреди
- Стариот молски волк кај „Адмирал Бенбау“
- Црниот пес се појавува и исчезнува
- Црн знак
- Морнарски ковчег
- Последната средба со слепиот
- Капетановите документи
Втор дел: Бродски готвачУреди
- Заминувам за Бристол
- Во крчмата „Кај дулбијата“
- Барут и оружје
- Патување
- Што слушнав од бурето
- Воен совет
Трет дел: Мојата авантура на островотУреди
- Почеток на авантурата
- Првата пресметка
- Човек на островот
Четврти дел: БарикадаУреди
- Приказната ја продолжува докторот: Како е напуштен бродот
- Приказната ја продолжува докторот: Последниот премин со чамецот
- Приказната ја продолжува докторот: Крај на борбата првиот ден
- Приказната одново ја продолжува Џим Хоукинс: Екипажот во засолниште
- Силва како пратеник
- Напад
Петти дел: Мојата авантура на мореУреди
- Почетокот на мојата авантура на море
- Осеката дејствува
- Крстарењето на чунот
- Долу гусарското знаме
- Израил Хендс
- „Осмаци“
Шести дел: Капетанот СилваУреди
- Во непријателскиот логор
- Повторно црн знак
- На чесен збор
- Потрага по богатството - Флинтовата стрелка
- Потрага по богатството - Глас од шумата
- Падот на еден главатар
- И крај
ЛиковиУреди
- Џим Хоукинс - главниот лик во романот, прераскажувачот на приказната. Тој е младо момче кое ја иницира потрагата по богатството и воедно е главен протагонист во романот.
- Капетан Флинт - пират со лошо реноме, познат по неговите злосторства и ѕверства.
- Капетан Смолет - капетан на бродот „Хиспањола“, соработник на Ливси, Трелони и Џим.
- Лонг Џон Силвер - главен антагонист во приказната.
- Доктор Леcјви - еден од протагонистите во приказната, пријател и соработник на Џим.
- Скуир Трелони - пријател на Лејсви, еден од протагонистите во приказната.
- Били Боунс - поранешен пират кој престојува во мотелот на Џин и човек кој ја имал картата на богатството.
- Слепиот Пју - слеп пират кој го посетува Боунс за да му ја земе картата.
- Блек Дог - пират, соработник со Пу
- Бен Ган - заробеник на островот, подоцна соработник на Џим, Трелоуни, Ливси.
- Израел Хендс и 17 останати пирати, соработници на Силвер.
Изданија на макеодонски јаизкУреди
Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“ во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“. Преводот од англиски јазик го извршил Димитар Башевски, автор на илустрациите е Димче Исаиловски, дизајнот и ликовно-графичкото уредување ги направил Жарко Туниќ, а лектурата и коректурата ги направила Катерина Ноневска. Книгата, со обем од 196 страници и димензии од 20 сантиметри, била испечатена во печатницата „Лидеа принт“ во Штип. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓуанродната ознака ISBN 9989-30-434-3.[2]
Користена литератураУреди
- Cordingly, David (1995). Under the Black Flag: The Romance and Reality of Life Among the Pirates. ISBN 0-679-42560-8
- Letley, Emma, ed. (1998). Treasure Island (Oxford World's Classics). ISBN 0-19-283380-4
- Pietsch, Roland (2010). The Real Jim Hawkins: Ships' Boys in the Georgian Navy. ISBN 9781848320369
- Reed, Thomas L. (2006). The Transforming Draught: Jekyll and Hyde, Robert Louis Stevenson, and the Victorian Alcohol Debate. ISBN 0-7864-2648-9
- Watson, Harold (1969). Coasts of Treasure Island;: A study of the backgrounds and sources for Robert Louis Stevenson's romance of the sea. ISBN 0-8111-0282-3
Надворешни врскиУреди
- Островот на богатството на Проектот „Гутенберг“
- Островот на богатството, скенирана и илустрирана книга. Меѓу позначајните едиции ги вклучува:
- Островот на богатството, 1911 Скрибнер
- Островот на богатството, 1915 Харперс
- Островот на богатството, 1912 Скрибнер.
- Островот на богатството, 1911 Гин и Компанијата.
- Островот на богатството, со вовед и белешки од Френклин Т. Бејкер.
- Островот на богатството, аудио-книга.
- „Островот на скриеното богатство“ - македонска едиција.
НаводиУреди
Оваа статија за од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |