Религија во Србија
Најголема религија во Србија е православната. Со векови во Србија биле присутни две големи религии, православие и католицизам на кои подоцна се додал и исламот. Србија е најшаренолика во религиски поглед. Така, во Војводина 25% од населението се католици или протестанти, додека Белград и Централна Србија се православни над 90%. Косово има над 90% муслимани. Најголема православна црква во Србија е Српска православна црква.
Христијанство
уредиПравославие
уредиПоголемиот број од населението на Србија се приврзаници на Српската православна црква, додека има православни христијани припадници и на Романската православна црква, главно присутни во делови на Војводина каде живеат етничко Романско малцинство. Освен Србите, во земјата има приврзаници на други православни цркви, во зависност од нивната националност како: Црногорци, Југословени, Роми, Македонци, Украинци, Бугари, Руси, Грци, Власи, итн
Католизам
уредиКатоличкото христијанството е присутно претежно во северниот дел на Војводина, особено во општините со мнозинство етнички Унгарци и во мултиетничка општина Суботица. Етничките групи, чии членови се претежно приврзаници на Католичката црква се: Унгарците, Хрвати, Германците, Словенците, Чесите , Словаците како и мал број на Србите итн.
Протестантство
уредиНајголемата концентрација на протестантските христијански организации во Србија е во општина Бачки Петровац, каде мнозинството од населението се етнички Словаци. Некои од припадниците на другите етнички групи (особено Унгарците и Германците во пропорционален однос и Србите во апсолутна смисла) се, исто така, приврзаниците на различни форми на протестанти христијанството. Пред Втората светска војна поранешна Југославија била населена од страна на разни нео-протестантски групи, вклучувајќи Јеховите сведоци, Методисти, адвентистите итн. и истите биле населени во Војводина. Денеска, од овие заедници има останато многу мал број на верници.
Ислам
уредиИсламот е доминантна религија во Санџак, Прешево и на спорната покраина Косово и Метохија, а етнички групи чии членови се претежно приврзаници на исламот се: Бошњаци, Муслимани по националност, Албанци, Горани, Турци, Арапи, Ашкали и Египќани. Во помал број на етничките Роми се, исто така, приврзаниците на исламот.
Јудаизам
уредиСпоред податоци од 2002 година, во Србија живеат 785 Евреи, од кои повеќето од нив живеат во Белград, Панчево и Суботица.
Галерија
уреди-
Бајракли џамија, единствената џамија во Белград
-
Синагога ви Белград
-
Џамија во Сеница
-
CКатоличка катедрала во Бачка Топола
-
Источнокатоличка црква во Џурџево
-
Протестантски колеџ во Нови Сад