Седмочисленици
Седмочислениците — седум словенски просветители и светци од 10 век. [1]
Свети Седмочисленици | |
---|---|
Фрескопис со Седмочисленици во манастирот Арденица во Албанија | |
создавачи и распространувачи на глаголицата и кирилицата. | |
Слава | 9 август |
Тие се почитувани во сите православни цркви како творци и распространувачи на глаголицата и кирилицата. Овие светци се Свети Кирил и Методиј кои го создале глаголицата и нивните пет ученици Горазд, Климент Охридски, Наум, Ангелар и Сава.[2] Сепак Константин Преславски се смета за директен ученик на Методиј, црквата традиционално не го вклучува бидејќи не е канонизиран.[3]
Во Руската православна црква, Кирил и Методиј се чествуваат одделно, а нивните ученици се препознаваат како рамноапостоли. Бугарската православна црква го одредила 27 јули како ден на Успението на Климент Охридски и ден на Седумте светители.[4]
Помеѓу Седмочислениците, како просветители на словенските народи и ученици на светите Кирил и Методиј, биле:
- Свети Наум - кој се упокоил на 23 декември (според јулијанскиот календар) 910 година година, и кога главниот празник на храмот е посветен на овој светител.
- Свети Климент Охридски — умрел во 916 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој подоцна го добил неговото име манастирот Св. Климент.[5]
- Свети Сава
- Свети Ангелариј
- Свети Горазд
Моштите на светите Наум и Климент почиваат во Охрид, а светите Ангелариј и Горазд во Берат, Албанија. Не е познато каде бил погребан Свети Сава.
Историја
уредиКако ученици на светите Кирил и Методиј, по нивната смрт, тие ги прекинале своите мисии кај Моравските Словени, а под притисок на папата Стефан V и германските благородници и свештеници, кон крајот на 9 век, тие биле принудени да ја напуштат Моравија. Со нивното заминување, во Моравија замрело богослужението на словенски јазик.
По преминувањето на Дунав, биле добро примени од бугарскиот цар Борис и продолжиле со просветната дејност на територијата на тогашна Бугарија, особено за време на владеењето на бугарскиот цар Симеон. Тие се населиле со дозвола на бугарскиот, новокрстен цар Борис-Михаил, на самата западна граница на огромната бугарска држава на брегот на Охридското и Преспанското Езеро и кон Драч и Јадранот, и на тој простор започнале обемни образовни и мисионерски активности, кои го зацврстиле не само процесот на примање и усвојување на христијанството кај Словените, дури и на народен јазик, бидејќи во тоа време јазичните бариери меѓу словенските племиња биле многу помали и потенки. Денес во науката тој јазик се нарекува едноставно „старословенски“.
Учениците најпрвин основале манастир во Белица, каде го имале и првото епископско седиште. Подоцна се преселиле во Охрид, од каде што развиле голема архипастирска и просветна дејност во непосредната и пошироката околина. Во Охрид Свети Климент ја изградил црквата Свети Пантелејмон, подоцна именувана по Свети Наум, каде што живееле многу ученици, кои препишувале книги со словенски букви за словенскиот народ и особено му помагале на свети Наум во оваа дејност. Чудотворните мошти на Наум почиваат во поранешната црква Света Богородица, која подоцна го добила името по Свети Климент.
Наводи
уреди- ↑ David Farmer, The Oxford Dictionary of Saints, Fifth Edition Revised, OUP Oxford, 2011, ISBN 0191036730, p. 94.
- ↑ Alban Butler, Lives of the Saints: Edited, Rev, Volume 3, Herbert Thurston as ed., Burns & Oates, 1956, p. 130.
- ↑ „Свети Седмочисленици“. Посетено на 31 October 2019.
- ↑ Matthew Bunson et al., Our Sunday Visitor's Encyclopedia of Saints, Our Sunday Visitor, 1998, ISBN 0879735880, p. 551.
- ↑ „Свети Климент Охридски“. СПЦ. Архивирано од изворникот на 30. 01. 2019. Посетено на 2019. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help)