Разговор со корисник:INkubusse/Архива 6

Тековни разговори
Ова е архива на минати разговори. Не ја менувајте содржината на оваа страница. Ако сакате да почнете нов разговор или да разговарате за стара тема, ве молиме обратете се на сегашната разговорна страница.
Архива 6


ЗабелешкаУреди

Имам забележано дека бришиш слики без лиценци, како што е и ред. еве ти уште 2-3, јас што забележав, од позиционари овај пат: љубиша георгиевски, од ѕинго, и од јанкуловска. Gorjan 14:51, 6 мај 2008 (UTC)

Да, не смееме да дозволиме да имаме слики без никаква ознака. Подобро да ги нема, отколку да има нелегалности. Во случај да не знаеш, овде ги имаш сите ознаки што сме ги превеле до сега, а ако немаш поим која ознака би била соодветна, најдобро е да го поставиш шаблонот {{Без лиценца|ден=ДД|месец=МЕСЕЦ}}. --Поречанец A? 23:26, 7 мај 2008 (UTC)

Украинско ЄУреди

Па украинското Є (је) се транскрибира како е на ист начин како што руското „је“ (е) секогаш го транскрибираме како македонско е. Пример - Екатеринбург, Есенин, Ереван, Домодедово (не: Јекатеринбург, Јесењин, Јереван, Домодједово). Значи тука не се запазува апсолутната фонетска вредност на знакот, туку имињата се „македонизираат“ (а тоа пак, затоа што македонскиот практично и нема зборови што почнуваат со „је“, туку истите што така почнуваат кај други словенски јазици, кај нас почнуваат само на „е“). --Б. Јанкулоскиразговор 07:10, 9 мај 2008 (UTC)

Промена на категоријаУреди

Здраво INkubusse, би те прашал како да променам Категорија:Етночки народи во Русија во Категорија:Етнички народи во Русија. Позз--Астрион 19:15, 9 мај 2008 (UTC)

На категориите не може да им се менува името; едноставно префрли ги сите статии во посакуваната категорија, а грешната означи ја за бришење ({{брзо бришење|причина=грешна категорија}}). Овде би те советувал да ја именуваш категоријата „Народности во Русија“ или некако поинаку, мислам дека не е баш најсоодветно даденото име.
Исто така, понекогаш постојат две релативно правилни имиња за истата категорија, па секогаш се зема она што е барем малку посоодветно. Ако другото име исто одговара и има шанси понатамошни статии да попаѓаат во неа, тогаш треба да се направи еден вид на „меко пренасочување“. Да речеме, имаш А и Б; А е малку посоодветно, па сакаш Б да пренасочува кон А. За тоа служи шаблонот {{Премести категорија}}, тој прави т.н. „меко пренасочување“ (soft redirect). Види пример: Категорија:Македонски шаблони. --Поречанец A? 19:39, 9 мај 2008 (UTC)

ШаблониУреди

Во врска со INkubusse, знам, тоа го забележав но малку подоцна. Ајде поздрав--Астрион 14:12, 13 мај 2008 (UTC)

Во врска со INkubusse? Се збуни? :D Хаха, ок, само, ако ти текне на некоја статија каде што си заборавил да ставиш шаблон, добро би било да го замениш кодот со шаблон. Ај најздрав :) --Поречанец A? 16:26, 13 мај 2008 (UTC)
“Во врска со шаблонот, знам...“ Стварно не сум се прочитал :))). Ќе ги променам здравје--Астрион 16:38, 13 мај 2008 (UTC)

Makedonski pismaУреди

Здраво! Би те замолил ако сакаш да ми ги средиш сликите на страната Македонски писма, тие што се за старомакедонска азбука? Ми се префрлуваат во наредната секција за глаголица. Фала и поздрав--MacedonianBoy 18:14, 14 мај 2008 (UTC)

Хммм... Сакаш сите три слики да бидат во секцијата „Старомакедонска азбука“? Или веќе си го направил тоа што си го сакал? Ако сакаш хоризонталната слика да биде лево, а двете вертикални десно, тогаш внеси го следново:
{| align="right"
| [[СЛИКА1|мини|лево|100п|Дрн дрн1]][[СЛИКА2|мини|десно|100п|Дрн дрн2]]
|}
Само не сум сигурен што точно сакаш. --Поречанец A? 01:54, 15 мај 2008 (UTC)

Поставување цивилностУреди

INkubusse, еднаш веќе имаме разговарано на оваа тема во која прифатив многу твои работи, и еве и оваа ќе ја прифатам. Тоа значи дека при секоја провокација од било кој јас ќе се воздржам во иднина. Поздрав и фала на советот кој го ценам--Астрион 17:54, 15 мај 2008 (UTC)

Википедија:ВикиПроект ЈазикУреди

Здраво! Имам една молба и се надевам дека ќе ми помогнеш. Имено, денес го надоградив порталот за јазик па со корисникот Raso mk сакаме да направиме Википедија:ВикиПроект Јазик. Ја отворив страната и колку да не седи празна се потпишавме јас и Raso mk. Дали ќе можеш да ја направиш страната како што треба, да изгледа барем слична со таа Википедија:ВикиПроект Филм. Поздрав --MacedonianBoy 21:36, 18 мај 2008 (UTC)

Ок, сега :) --iNkubusse A? 23:13, 18 мај 2008 (UTC)

Thanks a lot, buddy! Ако треба помош се надевам тука си. Поздрав!--MacedonianBoy 08:08, 19 мај 2008 (UTC)

PozdravУреди

Prijatele vidov mi pisa privatna poraka nekako pa sega se logirav napraviv user znaes. jas sum toj sto gi stava tekstovite od macbro.org. inaku jas sum imal user ama neznam kako da go koristam neznam kako da go sredam izgledot i slicno :)) Inaku imam dosta tekstovi i raboti za stavanje ovde. Blagodaram mnogu za podrskata se nadevam sega ke se snajdam sto kako pa ke pocnam da rabotam i na ova. Blagodaram mnogu Pozdrav (-- Is no good 03:15, 19 мај 2008 (UTC))

Проект јазикУреди

Види го новиов изглед што го направив за проектот и дали да го ставам наместо стариот? Види тука [[1]] Pozdrav --MacedonianBoy 11:14, 19 мај 2008 (UTC)

Всушност, бојата е светла и двете се. Ама тоа не е проблем лесно се адаптира. Инаку, дали да го ставам новиот изглед? И не мора да е ко англиската и така не ми се допаѓа англискиот проект. Поздрав--MacedonianBoy 19:08, 19 мај 2008 (UTC)
Од Рашо чекам одговор а ве прашувам вас затоа што само ние 4 сме активни на тој проект. Поздрав--MacedonianBoy 19:29, 19 мај 2008 (UTC)

INkubusse, поздрав до тебе и те подржувам околу кандитирањето за нов администратор. Сега сакам да те прашам околу проектот кој се готви за јазиците, а тоа е: Дали да започнам да ги пишувам статиите на потребните јазици, како да изгледаат тие, колкави треба да се и.т.н. или пак за се си одлучувам јас--Астрион 17:35, 20 мај 2008 (UTC)

Направен е проектот. Ако сакаш да пишуваш за јазици повели. Потребни се статии. --MacedonianBoy 17:47, 20 мај 2008 (UTC)

ПрашањеУреди

Координатор на проект може да биде обичен член на проектот или само администратор? Не сум запознат со тоа. пооздрав --MacedonianBoy 16:40, 21 мај 2008 (UTC)

Ок само да си прашам јас. не сум обрнал внимание досега на тоа па затоа прашувам. Поздрав --MacedonianBoy 17:39, 21 мај 2008 (UTC)

И јас истото мислење го имам. Јас ти одговарам кај тебе ти кај мене зошто знам кога си одговорил за да видљам а инаку можам да изумам. така е најдобро. Честита матура --MacedonianBoy 18:34, 21 мај 2008 (UTC)

Мислев кога сакаш да ми пишеш нешто или да ми одговориш пишувај кај мојата страна, и истото важи и за мене :). Поздрав--MacedonianBoy 18:49, 21 мај 2008 (UTC)

Граматика на македонскиот јазикУреди

не би било подобро статијата да се вика Граматиката на македонскиот јазик? --MacedonianBoy 19:01, 21 мај 2008 (UTC)

Thanks, regards --MacedonianBoy 21:21, 22 мај 2008 (UTC)

Happy BirthdayУреди

  Just a happy Birthday message to you, INkubusse/Архива 6, from the Рашо! Have a great day!

Среќен роденден Александре Македонски! Да си здрав, жив, вековит и секогаш среќен и успешен. Се најубаво во животот и да дочекаш уште многу, многу роденени. До 101 и назад да живееш, или што би рекле: „наши славјански браћа“ Црногорци: до 105 и опет! Од оваа година твојот роденден, е и државен празник! Роденден на денот на Светите Славјански просвтетители!:) Фала за информацијата за сликата. - Марио Шаревски - Македонец 12:37, 24 мај 2008 (UTC)

НапатствијаУреди

Ова ме мачело и порано: дали е македонски напатствија? Јас знам дека се вика упатства, меѓутоа секаде е преведено како напатствија.

Поздрав,   гитардемон  08:59, 25 мај 2008 (UTC)

Исто и мене, и уште ме мачи! :( Т.е. прилично сум сигурен дека „напатствија“ е македонски, ама не знам дали е најсоодветно. Почнав да го употребувам откако така се договоривме со Brest, почнувајќи од овде (види ја првата точка). Според моите размислувања:
  • најсоодветен израз за guideline би бил токму напатствие;
  • упатство е повеќе како на лекови, играчки и слично (instruction manual) и се разликува од напатствие;
  • прирачник си е manual;
  • водич си е guide.
Со ова всушност кажувам дека мојот став за ова постои и е јасен, ама кој знае, можеби подоцна ќе излезе дека имаме уште посоодветни изрази. :) --iNkubusse A? 09:10, 25 мај 2008 (UTC)
Сега да заменам ли прирачник со напатствие во ова што почнав да го пишувам ВП Филм/Водичи за стилот и дали да ја преименувам страницата, од Водич за стилот во ___________? --Brainmachinewtf? 12:01, 25 мај 2008 (UTC)
За ВикиПроектите не е проблем. Проблемот е со Wikipedia's Official Policies and Guidelines. --iNkubusse A? 12:03, 25 мај 2008 (UTC)

СликиУреди

Фала што ми посочи за сликите. Додадов извор кај сликата од Викенд на мртовци.

--Игор 12:18, 25 мај 2008 (UTC)

KomentarУреди

Види вака. Сите инфокутии за јазици од индоевропско потекло се зелени ама ови последните статии за јазици што ги пишуваме јас и тиверполник се бели. Нели треба и они да се зелени безразлика што се изумрени? Поздрав --MacedonianBoy 19:05, 25 мај 2008 (UTC)

Превод на терминологијаУреди

Да, се согласувам дека е крајно време да се преведе административниот дел на енциклопедијава. Овој проблем веќе одамна ме копка. До сега тоа не е сторено заради габаритноста на задачата, како и заради деликатноста на одредување на терминологијата која ќе се користи. Ја поздравувам оваа твоја идеја и намеравам да земам активно учество во нејзиното остварување. Моето мислење за преводите би било следното:

  1. Policy - „начела“. Се согласувам со овој превод бидејќи е најсоодветен. Меѓутоа како што самиот посочи, не мора да значи дека македонскиот секогаш употребува еден ист збор во сите ситуации каде тоа го прави англискиот. Примерот за сликите беше одличен. Јас, како застапник на флексибилниот и контекстно-зависен превод сметам дка треба да се договориме каде ќе отстапиме од преводот „начела“ и ќе употребиме нешто друго. Во ситуации како оваа со сликите, каде треба да се запази императивната смисла, можеме слободно да го употребиме зборот „правила“.
  2. Guidelines - „напатствија“. Повротно се согласувам. Мислам дека е очигледно дека не постои посоодветен превод бидејќи другите се однесуваат на инструкции за конкретно (и неопходно) постапување (како начин на склопување на нешто и сл.) Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 00:07, 26 мај 2008 (UTC)
Добро, тоа е едно потврдно мислење... :) Очекував и други :( --iNkubusse A? 17:21, 26 мај 2008 (UTC)
   Добро е да се почне со преведување, па во од ќе се менуваат работите така како што е најсоодветно во зависност од контекстот. Генерално се сложувам со погорната дискусија на Б. Јанкулоски, иако мислам дека нема да пречи некаде да стои и политики.--brest 15:21, 28 мај 2008 (UTC)

СемејствобојаУреди

Мислам дека иако јазиците се изумрени треба да си седат у зелено бидејќи се дел од таа група на јазици, а шо се однесува за црната боја не можам да ја сменам кај некој јазик ама ќе го пронајдам и тоа. Поздрав--MacedonianBoy 08:06, 26 мај 2008 (UTC)

Не се ми е јасно тоа не е проблем, ама не сум видел дека пишува кај галски тоа. Таа грешка ме збуни ама се е ок. Ама ќе да не ја пишував јас таа страна затоа не сум ја видел. нема везе. Поздрав--MacedonianBoy 12:50, 26 мај 2008 (UTC)

АдминистраторУреди

Честитам администраторе :) Се надевам ќе продолжиш да ја уредуваш Википедија со ист елан како и до сега. --Милош 00:38, 27 мај 2008 (UTC)

И повеќе! Благодарам :) --iNkubusse A? 00:48, 27 мај 2008 (UTC)
Ај и од мене, нека ти е аирлија администрацијата, те гледам си почнал да бришеш слики, категории, лом правиш ;) (сега како попривилигиран ти се умилкуваме по малце, за да не ни удриш бан некој ден ако те налутиме нешто хехе) Ајде, поздрав. --Brainmachinewtf? 16:43, 27 мај 2008 (UTC)
Честитке! --MacedonianBoy 19:59, 27 мај 2008 (UTC)

Честито и од мене, Аце - знам дека нема да ја изневериш нашата доверба! Патем, во врска со преводот на policies и guidelines: имам размислувано уште од порано, но не дојдов до некој заклучок; очигледно ти доста детално си навлегол, па и твоите заклучоци ми изгледаат доста логични - би било добро да бидат напатствија и начела; којзнае - сега си администратор па мислам дека имаш малку поголема слобода во тоа сам да одлучиш; разгледував како се преведени кај другите словенски народи, па може нешто да помогнат прописи, смерови, насоки, постапки, па дури и правила (макар што, како што велиш, на Википедија нема правила - токму со тој збор се преведени на хрватски, словенечки и руски) Всушност, на крајот на краиштата и тоа што нема правила е правило. Ај поздрав, па уште две-три недели и јас ќе се вклучам многу поактивно. --Виктор Јованоски 12:21, 28 мај 2008 (UTC)

Да, да, прописи е одлична алтернатива! Исто и насоки би можеле да го искористиме во некои случаи, ама само праксата ќе покаже кога и каде. Фала за честитката и те очекувам да помогнеш кога ќе бидеш послободен. :) --iNkubusse A? 13:13, 28 мај 2008 (UTC)
   Честитки од мене за изборот за администратор на мк википедија. --brest 15:24, 28 мај 2008 (UTC)

SlikaУреди

Nema potreba panika ! Ne sakam sliki da stavam ni pa ke stavam. Taa slika mi dojde interesna. A sto ti e smesno ic ne znam.--MacedonianBoy 11:06, 29 мај 2008 (UTC)

Не бе брат, не е непријателски а ако звучи така тогаш sorry. Ама сакам да ти кажам дека не подигам слики и затоа сум слабо информиран за тоа а и не сакам да поддигам слики воопшто. За мене е побитен текстот а другото не ми е битно и затоа не се занимавам со тоа. Нема потреба извинување се е ок. Поздрав --MacedonianBoy 13:53, 29 мај 2008 (UTC)

Транскрипции/преводиУреди

Еј ,преведување или транскрипции на имиња на продукциски куќи, нема нели? На пример, Universal Pictures така да си остане, нели? Исто како музичките бендови. Или? --Brainmachinewtf? 14:54, 29 мај 2008 (UTC)

За сликата на страницата на Јован КотескиУреди

Многу ви благодарам за коментарот и за помошта околу средувањето на страницата. За жал немам информација кој е авторот на фотографијата, ниту од која година е. За моето семејство, сите негови фотографии, како и поезијата, се јавен домен (наскоро, целата архива сосема поезијата ќе оди на блог, а тука со линк). За фотографиите претпоставувам дека авторските права ги има фотографот, ама бог те пита кој бил фотографот на ова во 60, 70-ти :( голем поздрав, Jasna Koteska 20:55, 29 мај 2008 (UTC)

(п.с. фала и за помошта околу потписот!) :) Jasna Koteska 20:56, 29 мај 2008 (UTC)

ЕмоцијаУреди

Види ова. Поздрав, 58.166.222.12 04:40, 30 мај 2008 (UTC)

Што правам во врска со категориитеУреди

Фала за Лектор што го среди, мислев да му удрам копи/пасте ама пак што знам јас, немој нешто да не било регуларно, знаеш кога има некој така неискусен и гледа да не скрши нешто, да не расипе (јас сум си нуб :S ). Инаку, ги средувам категориите: таму каде што има, на пример, Категорија:Филм и Категорија:Американски филм, ја бришам категоријата:филм, бидејќи американски филм е нејзина подкатегорија. И ќе гледам да ги префрлам статиите од Категорија:Филмска уметност во Категорија:Филм. Ќе си работам рачно и ќе ги средам, не дека има илјадници статии. Кажи ми дали е ок тоа? --Brainmachinewtf? 21:42, 30 мај 2008 (UTC)

Фала за поддршката! Свесен сум за тие работи, категорија, подкатегорија и сликичката со графовите. Ама многу е хаос, бре! Една просечна статија има категории Филм, Филмска уметност, Актер, Американски актер и сл. :O BTW, де избриши ги Категорија:Американски анимирани серии и Категорија:Советски анимирани серии, по грешка ги создадов. Да ги испразнам непотребните категории и ќе ти ги давам да ги бришеш една по една. И плус им ставам на луѓето ((DEFAULTSORT:Трпковски, Трпе)), само сакам да те прашам, имаме ли категории од типот Родени 1952 или Починати 2001 и сл? --Brainmachinewtf? 11:13, 31 мај 2008 (UTC)

TAGУреди

Како е? Ме интересира да те прашам има ли некаква шанска да се направи проект или портал за Native Americans особено за навахо? Ако не сега барем понатака кога ќе имам повеќе страни напишано, за да се има една ориентација при работа со тие народи бидејќи ги има премногу па неможем да ги барам по англискана а ако се направи некаков проект барем сите статии поврзани со племињата ќе ми бидат на едно место. Поздрав--MacedonianBoy 10:44, 31 мај 2008 (UTC)

Еве, арно :) Прво една честитка за сите статии поврзани со домородните народи! ;) Мое мислење е дека нема некоја голема потреба да се прави цел еден ВикиПроект за тоа, ама еден портал би дошол многу добро (премногу, впрочем!). Веројатно си го видел ова, ама и не мора да биде толку обемно. За ориентација, ти препорачувам да си направиш една корисничка потстраница, на пример „Корисник:MacedonianBoy/Индијанци“ или слично и таму да си направиш твој минипроект, ама во случај да има повеќе заинтересирани за ова, па зошто да не се направи и еден ВикиПроект! :) Само, прво, те молам размисли како/што/кој, погледни го англискиот и процени дали имаме капацитет тоа да го направиме и консултирај се со други заинтересирани. Ја имаш и мојата поддршка. --iNkubusse A? 11:04, 31 мај 2008 (UTC)
Фала најпрво. Прво ќе прашам некој дали сака да пишува такви статии. Јас ќе го разгледам англискиот портал и ако имаме доволем број на податоци и статии на мк ќе го направам, истиот од англискиот ќе го преведам заш ми се допаѓа нивниот. Впрочем, и тројца да има на проектот мислам за почеток се доволни па понатака здравје. Поздрав--MacedonianBoy 12:19, 31 мај 2008 (UTC)

СредувањеУреди

Здраво INkubusse, со задоцнување ти го честитам изборот на администратор. Сега, сакам помош околу мојата страница Корисник:Тиверополник. Доколку си во можност, среди ми ја страницата на тој начин што ги распоредиш корисничките кутии хоризонтално, медалите да останат таму каде што се во моментот и Википедија:Вавилон да остане вертикално. Мислам дека ме разбра, па барам помош. Поздрав --Астрион 14:07, 1 јуни 2008 (UTC)

Фала ти многу за помошта, од прилика тоа го сакав. Поздрав и пријатна работа--Астрион 14:44, 2 јуни 2008 (UTC)

БришењеУреди

Здраво Администраторе! Само што видов дека имаш нови правила - честито :). Те молам да ја бртишиш статијата Апски јазик; после малце истражување се гледа дека ова е bullshit. Погледни тука. Нема никакво "кралство" во Црна Гора навикано "Апија". Еден човек си измислил јазик и мисли дека можи да го популизира. Нема место за такво нешто во енциклопедија. Поздрав. Балканец Да? 12:47, 2 јуни 2008 (UTC)

Да ти кажам искрено, јас сум толку многу збунет, што устата ми е подотворена и очите ококорени! Веќе одамна ме мачи тоа околу апскиот јазик и Апското Кралство, ама мојот заклучок беше „...“! Сега пак направив мало истражување и не најдов ништо посебно, освен што на две места на англиската Википедија е споменато тоа Апско Кралство, но од истиот корисник Корисник:Апија/en:User talk:Apiya! Исто така, постои и форум, каде што има информации што инсинуираат на тоа дека е можно навистина да постои таква микро(нано)нација, но многу е веројатно тоа да е само интернет шега, односно нацијата да се состои во форумот :P Исто така, види го и тоа The Prince of Apiya, Predrag Bojovicc овде. Од друга страна, види го и кралството Adraisia, којашто си има и император! хаха :) Веројатно ова се некои форумски „нации“ и само си играат. Навистина не знам што да правам, ќе се консултирам со барем уште некој; ако ова навистина е интернет шега, мислам дека сите статии поврзани со тоа треба да се избришат. Патем, да не мислиш „нови права“ наместо „нови правила“? :P Или не? :) --iNkubusse A? 14:52, 2 јуни 2008 (UTC)

Немам став за тоа што треба да се прави со оваа статија.--brest 11:23, 3 јуни 2008 (UTC)

Ако станува навистина збор за микронација тогаш тоа е нормална статија. Видете тука. Во светот микронациите се нормална работа па и англиската вики ги содржи. Постојат и такви кои имаат и по еден член, па дури и без територија (виртуелни). Се разбира ниедна не е официјално призната брз разлика дали има или нема територија.--Raso mk 12:45, 3 јуни 2008 (UTC)
Точно, ако станува збор за вистинска микронација... Работата е што не сме сигурни дали воопшто постои и како микронација. Сѐ што имаме најдено за неа е еден интернет форум. Нема повеќе од 5 члена (зборувам за форумот). Не знам, стварно не знам... --iNkubusse A? 12:54, 3 јуни 2008 (UTC)
Па луѓе сите микронации се измислени без везе се така и оваа. --MacedonianBoy 14:03, 3 јуни 2008 (UTC)
Тогаш велите да не се брише? Ок, јас нема да преземам такви мерки, а ако сѐ уште некој мисли дека нешто не е во ред, ќе дискутираме. --iNkubusse A? 14:09, 3 јуни 2008 (UTC)

Да, права :D. Ако некоја микронација постои ќе има извори кои ја спомнуват - како за Силенд. Форуми и (вандализирани верзии од) слободни енциклопедии не се извори, и тоа го знаеме. "Апија" многу ми изгледа измислена од корисник:Апија (и неколку другари?). Мапата можеби е за неговата куќа! Балканец Да? 02:36, 4 јуни 2008 (UTC)

Да, Силенд е вистинска микронација и има своја територија, ама открив дека многу микронации воопшто немаат своја територија (дури ни една куќа) и се состојат од само два-три члена. Силенд е една од „најреалните“ микронации, всушност. Дури сега ја видов „дефиницијата“, ..fantasy countries, model countries.. [..] ..entities that resemble independent nations or states but which are unrecognized by world governments or major international organisations. These nations usually exist only on paper, on the Internet, or in the minds of their creators, и мислам дека Апија ги исполнува овие услови за да биде микронација :) Прочитај го и останатото на en:Micronation (имало и кај нас „Микронација“, ама немало интервики), мислам дека ќе се сложиш. Нема никаква штета од статија за микронација, сѐ додека јасно се прецизира дека тоа е непризнаена, измислена микронација. --iNkubusse A? 12:15, 4 јуни 2008 (UTC)
Добро, но јазикот е друго. На англиската ја бришеле [2]. Исто така, гледај тука. Создаден јазик треба да постои во вести, барем во notable popular discourse, а не во некоја гимназија во Црна Гора. Балканец Да? 12:54, 4 јуни 2008 (UTC)
Можеби на англиската немало доволно содржина... Не знам... Погледни само колку многу има во Категорија:Апски јазик. Не е мала одлука да се избрише сето тоа, затоа не ги бришам :) Еве, стави една ознака на сите тие стаии ({{Бришење}}), па што ќе одлучи заедницата, тоа нека биде. Јас не можам сам да одлучам да ги избришам (а ако ме прашуваш мене лично, статииве се и повеќе од нонсенс!). --iNkubusse A? 13:05, 4 јуни 2008 (UTC)

Шаблонче за бришењеУреди

Имаме ли ние вакво нешто: Template:Unreferenced? Треба да се почне со маркирање на определени статии кои се со не толку генерална содржина, за да се потврди нивната веродостојност. Така да се поттикне праксата на наведување извори за не толку познати теми, за да не се најдат некои оригинални/свои истражувања на уредувачите, демек треба сите извори да се од некој објавен материјал (весник, сајт и сл.), ако не ќе не затвори википедија полицијата (Wikipedia:Policies) :D :D :D (шега). --Brainmachinewtf? 13:59, 3 јуни 2008 (UTC)

Очигледно немаме :( Сега ќе направам, под името Шаблон:Без извори. Точно, треба да се посочуваат извори, особено за статии за некои како „Трпче Тркопски“ кој бил првак во цепење дрва! Ако нема извор што кажува дека Трпче бил познат во јавноста за неговите достигнувања, на Википедија нема место за Трпчета :) Само, јас мислам дека поголем проблем ни е што ги немаме поставено тие policies (полиции хахахахаха, добро ти е ова, се изнасмеав :D). Моментално работам на организирање на администрацијата, ама има премногу текст за преведување, а не можам сам. Се надевам дека ќе наидам на поддршка откако ќе завршам со организирањето, односно координирањето. ;) --iNkubusse A? 14:07, 3 јуни 2008 (UTC)
Сега доаѓа лето, слободно време на претек, давај што ти треба помош за преведување, направи ми едно списоче и ќе гледам да го средам ;) Знам дека е тешко сам да се работи, јас се нафатив едни филмски категории сам да средам та се збркав целиот, а не пак ти што цела википедија имаш за средување! Затоа кажувај што треба, дај некоја задачка, ќе гледам да помогнам да ја оправиме малце работата. Поздрав, --Brainmachinewtf? 14:19, 3 јуни 2008 (UTC)
Фала ти многу за поддршката, а за списоче, не се секирај, и списочиште ќе направиме ако треба! :D --iNkubusse A? 14:21, 3 јуни 2008 (UTC)

Александар III МакедонскиУреди

Здраво! Морам да реагирам веќе преку глава ми е од овие гадови од грција или од бугарија незнам од кај се ама статијата за александар македонски е само мета на вандализам на ништо друго. само враќам ама џабе не вреди со прост народ ко нив не се тера работа. Затоа би те замолил да ја провериш статијата и да ја исчистиш од сите грчки или бугарски пропаганди (ако ги има) па потоа веднаш да ја заклучиш. Вака не иде само се тераме со инает со нив. Поздрав --MacedonianBoy 14:21, 4 јуни 2008 (UTC)

Приметувам дека се додаваат грчки работи на страницата, но до сега се има случено 4 пати, почнувајќи од 25 мај, и не била нешто многу вандализирана. Ако се случи уште еднаш, ќе преземам благи мерки, а за понатаму ќе видиме. Инаку, уредувањата беа од Словачка, од Италија и од САД. :) --iNkubusse A? 14:28, 4 јуни 2008 (UTC)
4 пати ќе да се доволни да се превземе нешто нел? Поздрав и не знаев дека не се од Грција или од Бугарија, ме изненади малку. --MacedonianBoy 14:30, 4 јуни 2008 (UTC)
Не, не, за четири пати во еден ден, IP адресата веднаш добива блок, па дури и да не е вандализам. Сакав да кажам од 25 мај до сега само четири пати. :) Инаку, речиси сигурно се Грци или Бугари, но од дијаспората хехе :D --iNkubusse A? 14:35, 4 јуни 2008 (UTC)
OK I get it! Cheers --MacedonianBoy 14:37, 4 јуни 2008 (UTC)

љољУреди

This lolcat may be tearing its prey into little bits and consuming it ravenously, but one should assume that its intentions are good. аха, да.. :D :D :D Ама Џимбо е најјак! i has a headline lol. Да живее таткото на википедија! --Brainmachinewtf? 13:19, 6 јуни 2008 (UTC)

Мало прашањеУреди

Здраво! Што кој к.. им е на грциштава што ми пишуваат на моја страна? Олку глупи коментари немав на англиската википедија. Смешно ми е. Поздрав! --MacedonianBoy 09:37, 7 јуни 2008 (UTC)

Е па братко сам го бараше :-)--Raso mk 09:43, 7 јуни 2008 (UTC)
Назад на корисничката страница на „INkubusse/Архива 6“.