Разговор со корисник:INkubusse/Архива 5
Да овде SmartM&M
уредиДа јас сум тој кој да ти прати и маил но направив како што ми рече стиснав на тоа Е-пошта до овој корисник и ми бара некоја валидна адреса па затоа отидов во моите прилагодувања и напраив што требаше и после ми стигна маил и стиснав имаше едно за стискање и тоа ми ја покажува оваа порака. Неточен код за потврда. Кодот можеби е истечен. Незнам што да праам само сакам да зборувам со тебе како што реков мислам дека си најодговорен овде фала и чао. (SmartM&M 12:56, 19 април 2008 (UTC))
Архивирање
уредиINkubusse, можеш ли да ми објаснеш како ја пренесуваш страницата за разговор во архивата. Поззз--Астрион 12:53, 19 април 2008 (UTC)
- Прочитај ја документацијата за шаблонот {{Архиви}}, мислам дека добро ја преведов. Ако не, прочитај ја и на англиски. Ако сакаш да ги користиш стандардните вредности (default), читај внимателно:
- направи страница со името Разговор со корисник:Тиверополник/Архива 1 и ископирај го целиот текст од Разговор со корисник:Тиверополник во неа
- на врвот од ../Архива 1, стави го следниов код:
{{Разговор-архива}}
{{Архива-нав|1}}
;
- во актуелната страница за разговор стави го шаблонот {{Архиви}} со следниве вредности:
{{Архиви|[[/Архива 1]]}}
.
- Ако сакаш да ги именуваш логовите со други имиња (на пример, „Разговор со корисник:Тиверополник/април 2008“), тогаш ќе треба да внесеш поинакви вредности за параметрите на шаблонот {{Архиви}}:
- наместо
{{Архиви|[[/Архива 1]]}}
, треба да внесеш {{Архиви|[[/април 2008]]}}
.
- наместо
Ако сакаш јас ќе ти ја архивирам сегашната страница, ама мислам дека ќе се снајдеш и сам. За следниот лог што сакаш да го архивираш, направи го истото, само со името „Разговор со корисник:Тиверополник/Архива 2“, а на актуелната страница за разговор, додај врска до /Архива 2 вака:
{{Архиви|[[/Архива 1]]<br />[[/Архива 2]]}}
.
- Ако не објаснив добро или сакаш јас да ти ја архивирам, слободно кажи ми. Патем, можеш да размислиш и за шаблонот {{Разговор-корисник-врв}} (види најгоре на мојата страница за разговор и прочитај ја документацијата, убав шаблон е). --Поречанец A? 13:56, 19 април 2008 (UTC)
струмица
уредидобро шо ми пиша, баш сега ќе оставав коментар за струмица :) епа види Солун#Познати_родени_во_Солун, се водев од то... плус остајв коментар на страницата за разговор на струмица за то со знамињата и ќе го враќав на моето :) :) ама дека ми рече остај ги бугарите ме убеди! а ќе ја заштитам од анонимни страницата, да :)
поздрав
гитардемон 14:52, 22 април 2008 (UTC)
мислење?
уредиВикипедија:Портал/Идеи#Важно гитардемон 16:09, 22 април 2008 (UTC)
Фала
уредиЕј, благодарам што си ми ги средил корисничките кутии, јас не знаев како се прави тоа. Се изненадив кога ги видов построени сите. thx.. Brainmachine 17:23, 22 април 2008 (UTC)
Сите правци, водат до Миравци
уредиЈас ја сликав се разбира. Да видиш уште какви други слики имам, штета што не дојдовте со мене горе накај црквата и по ридовите. Во името на Македонија и македонскиот народ, ослободи ја сликата, за широка употреба! - Марио Шаревски - Македонец 14:20, 24 април 2008 (UTC)
- Хахаха, лудак :D Абе не можев брат, не бев спиен претходниот ден, ни една минута. И сега жалам, ама млади сме, ќе одиме пак ;) Еј, ја подигнав сликата во комонс, и тоа под мое име, зашто мора да си регистриран за да подигнуваш. Ја турив како слободна без никакви авторски права, односно дека јас ја давам во јавен домен. Во ред е така? --Поречанец A? 14:46, 24 април 2008 (UTC)
Извини ама ова веќе ми е 1000000000 порака одговори ми те молам.
уредиДа овде Smart M&M и сакам да ми помогнеш да се вклопам во википедија нов сум овдека. И нема проблем ако не даваш твој е-маил те разбирам неможеш да го ставиш сите да го гледаат така да ќе те прашувам овде некои работи. Прво што ми е нејасно е тоа што како сите овие корисници на википедија дознале за ова дека може да се изменува и да се пишува и како станеле корисници. Ова го прашувам бидејќи јас од пред веќе 2 години сфатив дека може да се изменува и станав корисник на АНГЛИСКАТА википедија. И од неодамна си помислив а кој ја прави македонската википедија и мислев дека некои (може да звучи смешно) некои од владата или некои што македонија ги задолжила. Ама си помислив како може тоа кога англиската википедија може да ја изменувам така може и оваа. Па станав член и почнав да ја изменувам статијата за волшебнички и се си мислев дека во право сум, дека јас сум единствен корисник се додека не ме опомени ти и сфатив дека всушност се многу. И дека ти беше единствениот што ми обрна внимание и затоа сега ти се обраќам на тебе. И како што кажував сакам да знам од каде дознале сите овие луѓе дека искрено мислев дека Македонија е проста земја која не ни знае за википедија. Не барам да ми кажеш секој детално како станал туку дали исто ко мене случајност или? И затоа сакам да помогнам да се прошири википедијава ОК. Така да те молам одговори ми? И уште нешто како да ставам слика дека колку и да се обидувам да ставам ми бара да станам администратот а како да станам администратор леле ништо не ми е јасно............... (SmartM&M 19:35, 24 април 2008 (UTC))
- Хаха, еве ти мејл:
- inkubzz ет hotmail ком или inkubzz ет yahoo ком за инстант месиџинг (мсн/јаху месинџер, како ти одговара)
- inkubusse .at. yahoo.com за е-пошта, ама не ми се верува дека баш ќе се разбереме така.
--Поречанец A? 18:38, 24 април 2008 (UTC)
ФАЛААААААААААА МОГУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ
Белешки
уредиЗдраво INkubusse, би сакал да те прашам околу начинот за создавање на белешки, извори или reference??? На пример, доколку една статија ја напишам користејќи податоци од некоја книга, што треба да направам, или пак од некоја веб страница. Чекам одговор, а потоа ќе ми треба уште една помош од тебе. Позззз--Астрион 20:01, 25 април 2008 (UTC)
- Пред сѐ, би ти препорачал да го прочиташ напатствието, тоа што сѐ уште не е преведено. Таму можеш да најдеш сѐ што ти треба. А конкретно, за книгата, една статија на Википедија не смее да содржи делови од книга, нормално, туку само парафразирани податоци. На деловите каде што има податок од книгата, треба да им ставиш белешки, вака:
Пример:
Во масакрот загинале 42 жени.<ref>„Марсовскиот масакар“, Трпе Трпкоски (2007), стр. 42.</ref>
== Референци ==
{{reflist}}
Ќе изгледа вака:
Во масакрот загинале 42 жени.[1]
Референци
- ^ „Марсовскиот масакар“, Трпе Трпкоски (2007), стр. 42.
- За разликата помеѓу Референци и Извори, прочитај во напатствието, ама отприлика мислам дека првото е за точно одредена страница од некоја книгата, а второто е општо за користената литература (само да наведеш книга)... Или обратно :) Не сум сигурен како ги преведуваме тие. А за Белешки, таму треба да стојат - белешки. Односно, ситна белешка за некој податок, што не наоѓа место во главниот текст, туку треба да се наведе најдолу како фуснота. На пример (првото што ми текна), во статијата Бугарски владетели, би требало да стои белешка до делот за Цар Самоил дека според други научници е сметан за бугарски цар. Нешто вака:
Цар Самоил<ref>Според други научници е сметан за бугарски цар.</ref>
- == Белешки ==
{{reflist}}
- Исто така, одличен пример е и список на британски монарси#Белешки.
- Ако користиш податок од некоја веб-страница (веродостојна!), наведи ја исто како што се наведуваат книги, во Референци или Извори.
- Ако те интересира за литература што е тесно поврзана со темата на статијата, а не користиш специфични податоци од неа (туку е само поврзана), тие работи се наведуваат во посебна секција со име на англиски Further reading, во превод Поврзана литература или нешто така, ама никако буквално преведено. За онлајн литература, тоа оди во Надворешни врски. Толку имам да ти кажам, на тебе останува да си го прочиташ напатствието, па, ако даде Господ, еден ден и ќе го преведеме ;) Ако ти треба уште нешто или не сум доволно јасен, знаеш дека можеш да прашаш. --Поречанец A? 12:00, 26 април 2008 (UTC)
Фала за тоа, мислам дека нешто направив за статијата која ја спремам, но сакам уште една работа или да ми објасниш или да ми посочш каде да прочитам а тоа е правење на инфо кутија. Однапред фала. Поздрав--Астрион 16:58, 26 април 2008 (UTC)
- За правење на инфокутија ти треба познавање на неколку компјутерски вештини. Не ти требаат сложени програмски јазици, ама сепак, html и css мора да ги познаваш, основна логика (if, then, true, false) исто така, а и синтаксата на вики-шаблоните треба да ја познаваш. На Википедија не постои tutorial за правење инфокутии, а не ми се верува дека ќе најдеш и на друго место, ама можам да ти предложам една работа: Шаблон:Инфокутија. Со тој шаблон можеш лесно да правиш инфокутии, само прочитај ја документацијата (на англиски е, сѐ уште). Е сега, мојот личен совет за тебе, е воопшто да не се замараш со инфокутии, затоа што не ти се потребни. Мислам дека имаме инфокутии за повеќето работи што ни требаат, а ако за нешто нема, само кажи ми, веднаш ќе направам. Навистина нема потреба дополнително да се оптоваруваш со нешто што не ти треба, освен ако немаш аспирации за програмски или скриптинг-јазици. --Поречанец A? 18:05, 26 април 2008 (UTC)
- Фала ти за информациите, мислам дека ја пронајдов инфокутијата која ми е потребна. Фала уште еднаш--Астрион 18:19, 26 април 2008 (UTC)
Бугарска пропаганда или...
уредиINkubusse, сега јас не те разбрав со реченицата “Не знам зошто го кажа тоа, како јас да сум на „нивна“ страна! Точно е дека нема поента доколку велиме ние вака вие така, НО ајде да бараме решение. Според мене, не треба да се дозволи на никого на македонската википедија да користи јазик а истиот да не е македонскиот. Второ, ние си дискутираме бидејќи “сакаме да ја откриеме вистината“ која секој свесен човек знае дека тоа никогаш нема да се открие. Но од друга страна пак, тие доаѓаат на нашата вики и тие провоцираат. Мислам дека ме сфати што сакам да кажам Р.S. Сакам да те прашам како се враќаат истории за дадена статија--Астрион 16:53, 29 април 2008 (UTC)
- Ах, го сфаќам јас проблемот, и добро знаеш дека и јас сум многу загрижен заради сето тоа. Ама овде не сме на форум или на бојно поле, а особено ова не е блог. Кажуваш „доаѓаат на нашата вики“. Ова е премногу погрешно. Вики не припаѓа никому, таа е за сите. Знам дека го знаеш ова и дека тоа значеше „Википедија на нашиот јазик“, ама сепак, без разлика колку го познаваш јазикот, ти си рамноправен со сите други Википедијанци на сите Википедии. Ако отидеш на јапонската и сакаш да дискутираш за некоја тема, таму ќе бидеш прифатен исто како да си Јапонец/зборуваш јапонски. Така и Бугарите имаат исти права врз содржината на овој проект како нас. Проблемот лежи во тоа што слободно си го користат нивниот јазик, бидејќи си мислат дека тоа е истиот јазик. Велиш, не треба никому да му се дозволи да зборува тука на друг јазик. И тоа е погрешно. На секој проект (на сите јазици) можеш да се обратиш со јазикот што го познаваш, пример англиски, и тие што знаат англиски ќе ти помогнат. Но, нашиот проблем е поинаков. Нормално дека не можеме да им забраниме на Бугарите да дискутираат само затоа што не зборуваат македонски, ама сигурно не смееме да дозволиме да си зборуваат со чист бугарски и тоа со бугарска азбука! Не знам за тебе, ама многу пати сум се нашол во ситуација кога не разбирам што сака да каже испраќачот на пораката, заради неговиот јазик - бугарски. Мислам дека кога некој ќе се најде во таква ситуација, има право да побара тоа да му се преведе на чист, литературен македонски јазик! А што се однесува до користење на бугарска азбука, мислам дека треба да се цензурираат сите пораки со бугарски знаци и да се бара од испраќачот да ја напише со македонска азбука. Ако сакаат да зборуваат на бугарски, нека се обратат на Village pump, кај местото за странски јазици. Што се однесува на „откривањето на вистината за којашто секој човек знае дека никогаш нема да се открие“, јас одамна си ветив себеси дека нема веќе да го правам тоа... Освен кога не можам да се воздржам :D Од проста причина што не правам ништо корисно за народот, само бесцелно губам време. За враќање истории, гледам ти одговорил Гитардемон, те молам извини што не ти одговорив. Бев во странство, а немав време да означам дека сум отсутен. Поздрав. --Поречанец A? 09:57, 5 мај 2008 (UTC)
- INkubusse, во право си!!! По се изгледа не ги знам добро правилата на Википедија. За историјата си најправеден бидејќи и јас започнав колку шо можам да “избегнувам безвеза трошење време“. Позз--Астрион 14:49, 5 мај 2008 (UTC)
- Извинете, че Ви се месја во разговорот, но мисља, че е добре да чуете и друго мнение по темата, освен „во право си“. Не, не е пропаганда писането на Бугарски в който и да е Разговор/Беседа/Discussion (не търсете под вола теле). Мисля, че знаете какво е мнението на повечето българи по темата македонија/македонски език, но не това е темата на разговора. Не виждам какво учудващо има български да се пише на българска азбука, както ангийски се пише на английска азбука. Когато става дума за статията - да, това е Википедија на македонски литературен јазик и статиите трябва да са на такъв. Ако някой систематично пише статии на български, на сръбски, на албански или пък патагонски, наистина трябва да бъде санкциониран. Но в една дискусия по дадена тема, мисля че няма това ограничение. Пък и като гледам не сте имали затруднение в отговора на повечето мнения на български. Да не говорим, че няколкото символа в повече едва ли са толкова трудни за четене, особено за хора, ползващи същата азбука. (Между другото не съм забелязъл, някой, който има на профила си сложено, че разбира български дори в начална степен, да е отговорил на мнение от българин на български. Както например на английски се отговаря на английски). Повечето българи в тази укипедия не са тук, за да я саботират, а да ѝ помагат. Според мен въвеждането на правили за писането по дискусии на македонски (литературен език) ще е цензура и разграничаване от слободната идеја на Википедија.
- INkubusse, во право си!!! По се изгледа не ги знам добро правилата на Википедија. За историјата си најправеден бидејќи и јас започнав колку шо можам да “избегнувам безвеза трошење време“. Позз--Астрион 14:49, 5 мај 2008 (UTC)
П.П.: И ето, не си строшихме времето в разговор за историјата ;)
И все пак извинете, ако по някакъв начин съм Ви засегнал, не съм имал това намерение. --87.126.138.83 12:06, 6 мај 2008 (UTC)
П.С. INkubusse извини шо ја користам твојата страница за разговор--Астрион 15:51, 6 мај 2008 (UTC)
- Следи многу долг текст, ама мислам дека би било корисно да се прочита :) Пред сѐ, мислам дека не е баш во ред од твоја страна да пишуваш од анонимна ИП адреса. Сега, со ред ќе одговарам.
- Јас не реков дека пишувањето на бугарски е пропаганда. Всушност, такво нешто никогаш и не сум помислил, тоа е смешно. Го знам твојот став за темата, ама тоа воопшто не ме интересира, и тоа не ја засега Википедија. Тоа што ме интересира, е тоа што наместо за 10 секунди да прочитам еден ред што си го напишал, мене ми требаат 30. Ете, во тоа е суштината. Уште поголем проблем има во тоа што помладите и понеупатените во лингвистиката, а такво е мнозинството, не само што ќе им треба повеќе од 30 секунди, туку некои зборови и фрази воопшто нема да ги разберат. Е, сега, тоа што ти мислиш дека тоа е истиот јазик, воопшто не треба да се спомнува. Те молам биди разумен/разумна и размисли ладно и непристрасно за тоа.
- Велиш дека не сме имале тешкотии при одговорите: одговорно тврдам дека имаме, повеќето. Јас, лично, имам помалку, Тиверополник мислам дека има уште помалку, мислам дека знае бугарски, некои други исто така немаат големи проблеми, ама мнозинството има големи проблеми, прво додека прочита што пишува, а потоа уште толку додека разбере. Ова го тврдам и бидејќи сум имал поплаки од лични пријатели, од типот „што е она бе на нашата Википедија, ништо не може човек да разбере од муабетите, сакам да се вмешам, а пола на бугарски!“.
- Не треба да се санкционира сѐ што ќе биде напишано на бугарски, јас никогаш не сум го викал тоа и ги знам принципите по кои функционира Википедија. Но сигурно не можеме да дозволиме ова да продолжи; огромен дел од разговорите за огромен број статии се на чист бугарски јазик со бугарска азбука, а јазикот на овој проект не е бугарски. Тоа е исто како да си пишуваш на германската Википедија на бугарски јазик. Замисли си го тоа, огромен текст на бугарски јазик и очекуваш Германците да ти одговорат најнормално (не заборавај дека не е битно тоа што ти мислиш дека ние зборуваме ист јазик). Постои веројатност дека ќе се најде некој што ќе може да преведе, а најверојатно ќе ти побараат да се обратиш на англиски, и тогаш фино ќе те сослушаат.
- Сега, друга можност: ако им се обратиш на расипан германски, тогаш најверојатно нема да има никакви проблеми и ќе ти одговорат најнормално. Да направиме аналогија: ако се обратиш овде со најдобар македонски што можеш, тоа ќе биде расипан македонски. Тогаш, ние ќе те сослушаме најнормално и нема да имаш никакви проблеми. Тој што ќе ти прави проблем, нема да биде во право. Но, ако зборуваш на чист бугарски, тогаш ти зборуваш на сосема друг јазик и ние не сме обврзани да наоѓаме преведувач од бугарски (ти зборувам формално, земајќи дека се различни јазици). А мислам дека не можеш да го оспориш фактот дека македонскиот јазик е стандардизиран и официјален јазик на една држава, и како таков добил соодветен проект Википедија на македонски јазик.
- Убаво велиш дека според тебе воведувањето на правила за користење на македонски литературен јазик би било цензура и [разграничаване] од слободната идеја на Википедија, убаво сложена реченица. Се согласувам, тоа би било далеку од нашите Википедијански максими. Не бараме од вас да научите 100% литературен македонски; бараме само да пишувате со македонската азбука (тоа е барем лесно!) и да се обидете да биде што поправилно македонски. А верувам дека тоа го можете.
- Мојот предлог е: инсталирај македонска поддршка за тастатурата, обиди се да напишеш на што подобар македонски можеш, и тогаш ќе биде во ред. Исто така, мислам дека ако некој ти побара нешто да образложиш, односно да преведеш, бидејќи можеби не те разбрал баш најубаво, би било фер да го сториш тоа без иронија. Голтни ја тврдоглавоста и заборави дека сите сме Бугари и зборуваме бугарски и обиди се да бидеш конструктивен. Тогаш можеби и ќе успееш со својата правда, без разлика каква е таа :) Морам да наведам и дека има такви корисници од Бугарија кои придонесуваат! Најмногу со интервики, категории, ситни поправки, па и со нови статии. Поголемиот дел имаат само една цел (ја знаеш), ама во овој конкретен проблем што го разгледуваме, ни едното ни другото не се битни. Сега не нѐ интересира кој какви намери има! Сега зборуваме за проблемот со јазикот.
- И за крај, цитирам: „Между другото не съм забелязъл, някой, който има на профила си сложено, че разбира български дори в начална степен, да е отговорил на мнение от българин на български.“. Молам?
- Се надевам дека ќе одговориш и ќе бидне нешто од целава работа. Поздрав. --Поречанец A? 23:26, 7 мај 2008 (UTC)
- Ќе започнем с оваа, че когато пишувах предниот ми коментар се опитах да не намесвам мојто мнение по темата македонија, сеа незнам колко сум успел, ќе се опитам да го направа и во овој. И сѐ пак не сум неутрален набљудател...
- Во право си, не сѐки може да разбира друг, макар и сходен, јазик/диалект (написах ги и двете во зависимост со гледната точка). Но по твојте думи разбирам, че проблемот идва поскоро од Ваша страна (јас лично четов коментарот ти с около 9сек на ред, а не сум ја учил македонската филологија). Не че од бугарска страна нема хора дека не моат да разберат и читуват добро македонската азбука, но поголемиот проблем од македонска страна мислам дека е сворзан и со политичарски истории, за тоа мислам да не задолбочаваме во тоа што е така. А тоа што викат твојте пријатели за мене е извинение. Штом некој сака да допринасаа на Википедија ќе го направи. Па во македонската е јоште полесно, којато е малка и има предостатучно за пишување. Като не го зборуват бугарскиот да преведуват статии од ангилски или какото зборуват добро. И сѐ пак бугарскиот е близко до тоа што говорите и онова за преведувачот са глупости, мислам дека повеќето од Вас ќе направаат превод без особени проблеми.
- Јас бих направил друго сравнение - когато се напишува един голем текст во катлунската вики на шпански (кастејано). А разговорот, којто водиме поскоро наподобева онова коато шпанец и андорец си приказуват [првоначално бех написал „двама шпанци“ (като граѓани на една држава), ама се усетих, че може да кажеш, че има скрит намек] - единиот на кастејано, другиот на каталан и се разбират без секој проблем, но сѐ пак некој дума/фраза може да не им е совсем јасна, па и не сички шпанци разбират каталан (моѓеби и тоа не е најточното сравнение, но ми се струва подобро од твојто).
- Тоа што има хора дека пишуват на бугарски во статии мислам дека не е нужно да си повтарувам мнението. Просто когато имате време преведувајте ги на македонски лит. јазик, па да не приказуват другите, че од муабети не моат да разберат. Па исто е верно дека Вие почти сѐкогаш реагирате не многу добро, като видите написано нешто на бугарски (без значение дека), па не реагирате по истиот начин ако е на србски...
- Тоа што имах во предвид („Между другото не съм забелязъл, някой, който има на профила си сложено, че разбира български дори в начална степен, да е отговорил на мнение от българин на български.“) е дека ни един, којто зборува во некаква степен бугарски не е отговорил на коментар написан на бугарски јазик на истиот јазик. Например, когато некој знае англиски и е напишувано мнение на англиски, тоа дето го зборува англискиот му е отговорил на англиски, а не на македонски. Јас сеа реших да ти послушам саветот и да ти пишувам на тоа што мога на македонски
- И за финал ќе ти отговорам за анонимното АјПи. Немам регистрација, немислам че и ми требе за сега. Од време на време гледам што става во бугарската вики и сум напоравил неколко помалки (даже бих казал ништожни) редакции, тук исто од време на време поглеждам какво става, од љубопитсво. Ако ме мислиш за некој веќе регистриран - во грешка си.
- ;-) --77.85.68.86 17:17, 9 мај 2008 (UTC)
- Ок, извини, мислев дека си регистриран. Нема потреба да се срамиш, слободно регистрирај се ;) Сега, проблемот оди од нашата страна, ние не разбираме, ама тоа не е наш проблем - тоа е ваш проблем, затоа што ова е Википедија, а не Уикипедија. Никој нас не нѐ обврзува да мораме да разбираме странски јазик (освен англиски), тоа запамти го. Мислам дека е многу важно ова да ти го кажам, ама убаво да го разбереш:
- Ти мислиш дека ние разбираме бугарски на високо ниво, знам дека така мислиш. Ама тоа не мора да значи дека тоа е вистина. Не знам како да те убедам, не знам што да ти речам, нека биде како сакаш, речи Србите ни го извртеле јазикот, речи дека има силна српска пропаганда, сеедно, така нека е, ама факт е дека ние не разбираме многу бугарски! Знам дека вие разбирате многу македонски, веројатно и повеќе македонски слушате таму, ама ние тука немаме никакви допири со бугарскиот. Немаме. Едноставно, така е! Поентата ми е дека разбирањето не е обострано. Нормално дека разбираме колку-толку, словенски јазик е, и тоа сроден, ама сепак, ние никаде не слушаме/читаме бугарски (освен на Википедија хехе :D). Одговорно тврдам дека населението тука многу повеќе разбира српски (чија граматика е подалечна отколку бугарската), но разбирливо е знаејќи дека сме живееле во иста држава толку долго. Ова воопшто не е тема на разговорот, ама сакам да ти покажам дека немаме одговорност да се преправаме дека разбираме толку многу бугарски, кога не разбираме (зборувам за мнозинството, не за себе лично).
- Примерот со Шпанците (и околните и внатрешните народности) не ти е на место. Тоа си е нивниот однос и тој е многу поразличен од нашиот меѓусебен однос. Впрочем, убаво си кажа, понекогаш некој израз не им е сосем јасен, па и не сите Шпанци разбираат каталонски. Ама сепак, Андорците и Шпанците се многу послични отколку Македонците и Бугарите (повторно те потсеќам да ги оставиш бугарските ставови, не зборуваме за нив, ти кажувам каква е реалната ситуација тука) и не сакам да нѐ споредуваш со нив. Сепак ќе си стојам на мојот пример со германски :)
- Спомна нешто со реакциите на бугарски и на српски. Тоа зависи од личноста. Знаеш дека тука владее голема необјаснива љубов спрема Србите и сѐ што е српско, ама те молам, мене не ме мешај! Исто ги третирам и Србите и Бугарите. А причината за тоа што не гледаш лоши реакции спрема зборување на српски е фактот дека Македонците многу повеќе разбираат српски (и пак ќе потсетам, нон-стоп слушаме српски тука: емисии, филмови, турбо-фолк, па дури и професори, главата ми пукна! Ама едноставно така е).
- За тоа што минатиот пат не те разбрав, мислам дека сега подобро разбрав. Веројатно прашуваш зошто на прашање на англиски јазик одговараме со одговор на англиски јазик, а со бугарскиот не е така. Англискиот јазик е de facto официјален јазик на Википедија, и на секој проект можеш да се обратиш на англиски јазик и ќе добиеш одговор на англиски јазик. Се случило тука некој да праша нешто на руски, па на руски и да му се одговори. Не сме обврзани да му одговориме на руски, ама има корисници кои добро го познаваат рускиот, па не им е тешко. А како очекуваш некој да ти одговори на бугарски, кога не знае да зборува бугарски?
- Не знам зошто има потреба од сево ова, мислам дека сѐ е многу јасно. Накратко:
- Ние не разбираме толку бугарски колку што мислите и вие морате да ни се обратите или на англиски или на нешто блиску до македонски.
- Бидејќи сепак се водиме според принципите на Википедија, во ред е да зборувате на искварениот бугарско-македонски што го зборувате, но не помалку од тоа. Има некои корисници кои веќе научија навистина многу и прилично добро зборуваат македонски, но, еве, на пример ти, пријателе, ти недостасува уште мноооогу за македонски. Ако нешто те интересира, ти се нудам за помош, слободно обрати ми се.