==Чувство/емоција==

Чувство / емоција, дали има разлика или се работи за едно исто?--brest 08:59, 3 мај 2008 (UTC)

Како се преведуваат англиските зборови feeling, emotion, sentiment, sense итн.? --58.166.222.12 04:35, 30 мај 2008 (UTC)
Чувство, емоција, сентименталност и осет. Позд --MacedonianBoy 09:23, 30 мај 2008 (UTC)
Чувство и емоција не се иста работа.--MacedonianBoy 09:24, 30 мај 2008 (UTC)
И јас мислев така, само што 58.166.222.12 ги поистоветува овие зборови. Треба да се среди статијата во оваа смисла, како и соодветните линкови кон другите јазични изданија на википедија.--brest 10:13, 30 мај 2008 (UTC)
Мислам дека интервикијата се прилично средени, недостасува само да се средат зборовите чувство и емоција низ статијата, односно да не се користи чувство наместо емоција. Добро, од аспект на форматирање, недостасува и викифицирање.
Инаку, шаблонот Шаблон:Видови на чувства на англиската се вика en:Template:Emotion, можеби треба и кај нас така да се вика, не знам.
На статијата Чувство, интервикијата се за en:Emotion и треба да се сменат со оние за en:Feeling, впрочем, сега ќе ги сменам.
Кај нас не е толку несредено – голем проблем си имаат Србите, а како што гледам, кај нас голем дел е копиран од нив, а на нив самата категорија sr:Категорија:Емоције им се наоѓа во категорија:Емоције, за интервикијата да не збориме. А за категориите мислам дека не треба да избрзуваме ништо, затоа што и на англиската во тек е дискусија (вклучени се и експерти, затоа не треба да избрзуваме).
Инаку, заради ориентација, мислам дека Емоција = en:Emotion; Чувство = en:Feeling; Осет = en:Sense; Сентименталност = en:Sentimentality; Страст = en:Passion (emotion) (српските интервикија навистина се испомешани!). --iNkubusse A? 12:16, 30 мај 2008 (UTC)

Здраво, ако може да доточнам. Сентимент не е исто со сентименталност. Сентимент е сложена емоција, составена од најмалку две емоции, на пр. стравопочит е сентимент, затоа што во себе содржи и страв и почит. Сентименталност е име за афектирана (и/ли површна) реакција кон нешто, честопати е синоним со романтичност. Сентименталноста е дел од атрибутите со кои се опишува уметничкиот правец сентиментализам (подвид на романтизмот) од 19 век.Jasna Koteska 21:39, 6 јуни 2008 (UTC)

Не знам многу за тоа, но веројатно е така. :) Во секој случај, чувство е различно од емоција, и тие два поими треба да бидат разграничени (како што и се). Ако мислите дека нешто не е во ред и е направена некаква неправда, ве молам прецизирајте. --iNkubusse A? 01:59, 7 јуни 2008 (UTC)
Назад на страницата „Емоција“.