Разговор со корисник:Dav/архива1
Не беше посочен извор за Слика:Veraciriviritrena.jpg
уредиВи благодариме за подигнувањето на Слика:Veraciriviritrena.jpg. Страницата за опис на датотеката моментално не дава информации за тоа кој ја создал содржината, што спречува да се одреди статусот на авторските права врз неа. Ако не сте ја создале оваа датотека вие, ќе мора да го наведете сопственикот на авторските права. Ако сте ја нашле сликата на некое веб-место, тогаш би било доволно да доставите врска до веб-местото од каде што е земена сликата, заедно со условите за употреба на нивната содржина што се наведени на тоа веб-место. Меѓутоа, ако сопственикот на авторските права не е самиот издавач на веб-местото, треба да го дознаете сопственикот на авторските права.
Покрај додавање на изворот, ве молиме додадете и соодветна ознака за лиценцата што ни дозволува да ја користиме сликата, ако не е веќе додадена. Ако сликата, звукот или видео-клипот сте го направиле вие, тогаш можете да ја поставите ознаката {{Јд-јас}} или {{ГЛСД-корисник}}. Ако мислите дека датотеката спаѓа во неслободна содржина, искористете ознака како {{неслободна праведна употреба во|име-на-статија}} или една од ознаките наведени кај Википедија:Лиценци за слики#Праведна употреба. Видете Википедија:Лиценци за слики за целосен список на ознаки за авторски права и лиценци што може да ги користите.
Ако сте подигнале и други датотеки, ве молиме проверете дали сте го навеле нивниот извор и сте ги означиле правилно. Можете да погледнете список на датотеки што сте ги подигнале со кликнување овде. Сликите без извор и ознака може да бидат избришани една недела по откако биле означени како проблематични. Ако сликата е означена како неслободна, тогаш сликата ќе биде избришана 48 часа по 12:49, 22 јуни 2008 (UTC). Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор. Ви благодариме за соработката. --iNkubusse A? 12:49, 22 јуни 2008 (UTC)
Проблеми со авторските права за Слика:Veraciriviritrena.jpg
уредиВи благодариме за подигнувањето на Слика:Veraciriviritrena.jpg. Меѓутоа, моментално недостигаат информации за статусот на авторските права врз неа. Википедија многу сериозно ги сфаќа афторските права. Доколку не се одреди лиценцата и изворот на сликата, можно е таа да биде избришана во краток временски рок. Ако ги знаете овие информации, можете да додадете ознака за лиценцата на страницата за опис на сликата.
Ако имате било какви прашања, слободно прашајте некој администратор. Ви благодариме за соработката. --iNkubusse A? 12:49, 22 јуни 2008 (UTC)
Друга порака
уредиТие две пораки погоре беа автоматизирани пораки, но еве и една специјално за тебе. :) Потребно е да посочиш извор за сликата Слика:Veraciriviritrena.jpg, а потоа треба да ја одредиме правилната лиценца. Ако сликата е твое дело, тогаш е многу полесно, но ми изгледа како од некој веб-сајт на училиштето или слично. Можеш изворот да го посочиш на страницата за опис на сликата (тоа е оваа страница), а можеш и мене да ми пишеш овде. --iNkubusse A? 12:49, 22 јуни 2008 (UTC)
Те молам кажи ми каде прочита дека треба да додаваш {{subst:Без лиценца во изборот|Некојвебсајт}} ако не си сигурен за лиценцата, бидејќи тоа е неправилно и треба да се смени. Јас ги поправив сите места што ги најдов, но очигледно има уште, па те молам кажи ми каде го прочита тоа. Инаку, кога префрлаш слики што ги има на англиската Википедија, подобро е да дадеш врска до сликата на англиската, отколку да напишеш дека си ја нашол на непотврден веб-сајт. Вака би имало поголеми шанси некој поискусен да наведе правилна лиценца. Уште еднаш те молам да ми кажеш каде го прочита тоа што те прашав. :) --iNkubusse A? 21:21, 24 јуни 2008 (UTC)
- Според правилата на Википедија, морам да ја избришам сликата (во рок од седум дена, ако не се наведе правилна лиценца), но исто така, морам да го известам подигнувачот. Тоа што не морам да го правам е да му помогнам на подигнувачот, а јас го правам тоа. Заклучок од сето тоа е дека не ти досаѓам, туку се обидувам да ти помогнам. Ако сакаш да не го правам тоа, кажи слободно (ми треба твоја потврда). Така можам само да ги бришам сликите и да не се замарам со други работи.
- За прашањето, три пати те замолив да ми одговориш, што мислев дека ќе ти каже дека навистина треба да ми одговориш. Не мислев да испадне иронично, само ми беше потребна таа информација (за да го поправам тоа, бидејќи е грешно).
- За сликите што ги префрлуваш од англиската Википедија, стави една врска до сликата на англиската (вака [[:en:Image:ИМЕНАСЛИКАТА]]), па, ако се најде некој љубезен уредник што ќе сака правилно да ја лиценцира, можеби нема да биде избришана. Јас обично го правам тоа (ставам лиценца наместо неискусниот корисник кој ја подигнал), но бидејќи ти ми кажа да не ти досаѓам, нема да ти досаѓам, а нема ни себе да си досаѓам со помагање.
- Инаку, ако прочиташ нешто од пораките што ги пишува пред да подигнеш слика, можеби ќе наидеш на она поголемиот дел од сликите на интернет не се погодни за Википедија и подобро е да не подигнуваш слики отколку да правиш проблеми со сликите. Значи, мојот совет е да си ги уредуваш статиите што сакаш да ги уредуваш, без да додаваш слики (всушност, сликите не се ни толку битни). --iNkubusse A? 22:25, 24 јуни 2008 (UTC)
Интерпункција
уредиПокрај неопходното вики-форматирање, интервики, вики-врски, категории, надворешни врски и сл. за кои можеби веќе те посоветувале, јас би сакал да споменам дека официјалниот правопис на македонскиот јазик диктира дека месеците мораат да се пишуваат со мала буква под сите околности. Така сите пишуваме тука и така мора да биде. Поздрав и контактирај ме ако имаш било какви прашања и потешкотии. --Б. Јанкулоскиразговор 10:19, 26 јуни 2008 (UTC)
Награда
уредиЧетири работи во врска со оваа слика.
- Сите знамиња ги има на Ризницата и не мора да ги подигнуваш локално на мк вики (види commons:Image:Flag of South Korea.svg).
- Кога зачувуваш слика поголема од 800 пиксели, прво отвори ја сликата целосно, па тогаш зачувај ја (со целосна големина), а не смалена, за да го нема префиксот 800px-.
- Кога зачувуваш .svg слики, кога ќе стиснеш десен клик на неа, немој да стискаш „Сними ја сликата како“, туку „Сними ја врската како“ (или на англиски, ако прелистувачот ти е на англиски). Така ќе ја зачуваш во .svg формат, а не во .png.
- Не сакам да зборувам вакви работи, ама навистина морам: ако уште еднаш ставиш ознака како {{јд-јас}} на слика што повеќе од очигледно не е твое дело или твоја сопственост, ќе морам да те банирам од подигнување слики.
Те молам обрни внимание, навистина е сериозно ова со сликиве. --iNkubusse A? 11:08, 30 јуни 2008 (UTC)
- Ок, нема проблем тогаш. Ама те молам увиди ја разликата помеѓу {{јд}} и {{јд-јас}}. Јд-јас е само за слики чиј сопственик си ти. Воопшто, немој никогаш да ставаш слободна лиценца на слика без посочен извор (од кој ЈАСНО се гледа дека е во јавен домен). На пример, ако префрлиш слика од англиската, каде што сопственикот ја издал под ГЛСД или слична слободна лиценца, стави {{ГЛСД}} или слично. А ако гледаш дека некоја слика е заштитена, мојот совет е да не ја подигаш (значи, застапник сум на „движењето“ за слободна содржина).
- P.S. Многу битно:
- (ова веќе еднаш ти го пишав) --iNkubusse A? 21:40, 30 јуни 2008 (UTC)
Саут Парк
уредиЕј, здраво. Зошто ја отстрани Категорија:Саут Парк од статијата (ова [1]), а целата категорија од Категорија:Американски анимирани телевизиски серии (ова [2]? Остави ја таму, арна си е, да те информирам само дека го вратив назад тоа, за да нема конфузии. ;) Ајде, поздрав. --Brainmachinewtf? 10:44, 5 јули 2008 (UTC)
- Иако нема статии во категоријата, таа треба да стои таму. Кога веќе еднаш е создадена, зошто да ја уништуваме? Точно дека за секоја статија не треба да правиме категорија, но види ја англиската категорија за саут парк: en:Category:South Park. Гледаш колку многу статии има, сега некој овде да седне и да почне да ги пишува тие статии, мора да ги става во некоја категорија, па ќе мора да ја одново создава, та ќе открие дека веќе постоела, та можеби ќе ја крсти со друго име, та ќе ја наполни, та ќе треба да се преместува едното во другото, та ќе треба некој сето тоа рачно да го работи, бидејќи не ни текнува едни @#$% ботови да направиме! Постојат многу категории со по една статија во нив, но тоа не значи дека мора да ги бришиме тие категории. На пример, Категорија:Општа хирургија. Никогаш не знаеш кога ќе му текне на некој општ хирург да седне на компјутер, па да се распишува со разни статии кои припаѓаат на таа категорија. Правилно е кога се создава нова статија, да се раководиш по англиската википедија - оние категории кои тие ги имаат отприлика да ги имаме и ние. Нивната мрежа на категории е доста организирана, тие успеваат 2.441.732 статии да организираат. Еден ден кога македонската Википедија ќе има толку статии (да се надеваме), веќе сме создале целосна мрежа на категоризација и само треба да се создаваат статии и да се шибаат во категориите. Па и на крај краеви, што смета ако стои таму категоријата? Ееее, нема многу да одземе од бандвитот на серверот, два реда текст е целата работа, на кој му смета? Заклучок: не ги отстранувај категориите, плииз. --Brainmachinewtf? 13:06, 5 јули 2008 (UTC)
Изгубени, категории и интервики
уредиЈа средив инфокутијата, но и фалат некои параметри, како што се за семејство или за пол. Не се до толку и битни тие. Туку само уште нешто да те известам кога ќе создаваш нови статии и нови категории. Кога уредуваш некоја статија, шаблон или категорија, на крајот секогаш има една листа со изнаредени викиврски кои изгледаат вака: [[da:Hannibal Lecter]] [[de:Hannibal Lecter]] [[en:Hannibal Lecter]] [[es:Hannibal Lecter]] (ова конкретно за Ханибал Лектор статијата). Би било многу убаво да додаваш интервикија, се разбира, најлесно ти е од англиската. На пример, за Категорија:Македонски глумци, само одиш на англиската и бараш Category:Macedonian actors, ги копираш од таму интервикијата и ги ставаш кај нас, додаваш en: интервики кај нас, а на англиската додаваш mk: и крај. Прашај ме ако нешто не ти е јасно околу ова, уште оваа вештина да ја спечалиш и супер си. --Brainmachinewtf? 23:48, 6 јули 2008 (UTC)
Родителски категории
уредиЕј, кога ставаш категории, не мора да ги ставаш двете категории, Анимирани филмови и Американски анимирани филмови, бидејќи втората категорија е подкатегорија на првата, што значи ако ставиш во Американски анимирани филмови, автоматски таа е и во Анимирани филмови. Еве го напатствието: „Земете ја во предвид дрвовата структура на категориите. Една категорија може да содржи повеќе поткатегории. Така, категоријата Американски филмови е поткатегорија на категоријата Филмови. Затоа не ставајте ги и двете категории, на пример, Категорија:Филмови заедно со Категорија:Американски филмови. Оставете ја само хиерархиски најниската категорија, Категорија:Американски филмови во погорниот пример.“ --Brainmachinewtf? 16:01, 7 јули 2008 (UTC)
- Бидејќи имаш en-4, ќе ти ги наведувам овие директно на англиски:
- In straightforward cases an article should not be in both a category and its subcategory. For example, Golden Gate Bridge is in Category:Suspension bridges, so it should not also be in Category:Bridges. However, there are some articles which should be in both a subcategory and a parent category.
- There are some good reasons why duplication is not a problem, but a benefit:
- The basic principle is the duplication makes it easier, not harder, for users to find articles.
- Different users may think of different categories when they look up their targets, multiple listing or locations enable users to spot their target easily
- Wikipedia's categorization scheme allows for multiple taxonomies. This is a good thing and a powerful feature. The categories act as indexes, facilitating users to browse through subjects.
- There might be articles that belong in a subcategory, while not belonging in a parent category; without duplication, users might assume that all articles in the subcategory belong in the parent category, when this may not actually be the case.
- Саут Парк е во Американски анимирани серии како и сите други серии од неговиот вид. Јас се повикувам на првото наведено правило, да им се овозможи полесно наоѓање на статиите на корисниците. Всушност, погледни ја англиската статија - en:South Park и види ги категориите на крајот. en:Category:South Park. Или види ја en:Category:American comedy television series. Да ти кажам искрено, јас си одам по англиската википедија за многу, многу работи. Како категоризираат тие, така и јас. Едноставно, со нив нема да си згрешиш, мислам дека го имам ова кажувано, но 2 милиона статии да ги чуваш, тој систем е сигурно понапреден, а корисниците се поискусни. Затоа по нив се ориентирам. А за овие претходните категории, тие имаат по стотина статии во нив, и замисли си, кликнеш на категорија филмови, десетина категории и 100 статии во нив, кликнеш на една поткатегорија, истите 100 статии ги гледаш. Мислам дека ме сфаќјаш, и јас уште се учам за категоризирање, немој да мислиш дека сум некој си експерт на темата. До пред еден месец на мене ми го објаснуваа ова :D Поздрав, --Brainmachinewtf? 16:56, 7 јули 2008 (UTC)
Гледам сакаш да придонесеш за Изгубени!!!
уредиВидов дека сакаш да придонесеш и браво што има такви корисници кој не ги мрзи да преведуваат и такви статии. Патем јас се ангажирав за Вовед во анатомија статите. Фатив да ги средувам и затоа сакав и да ги преведам и за Изгубени и за повеќето серии ама веќе ти си се ангажирал. Би сакал да соработуваме јас ќе ти помогнам за многу работи и ќе ти кажам што планови имам за изгубени да биде поорганизирано како сакаш ако сакаш да соработуваме пиши ми позз. --Макс(разговор) 15:16, 8 јули 2008 (UTC)
Олимписки игри
уредиМногу ми е мило што последните неколку статии ти се поврзани со Олимписките игри. Доколку сакаш би можел да станеш дел и од ВикиПроектот:Спорт. Ме интересира и дали би се вклучил и во понатамошното придонесување со уредување на спортски статии и дали би се вклучил во одржувањето на Порталите Спорт и Олимписки игри? Поздрав. ---Кирил Симеоновски 20:47, 8 август 2008 (UTC)
- Да ама што има врска ако сум или не сум во некој проект, се додека ги уредувам статиите. Инаку јас баш и не сум попален по олимписките игри како ти :), јас ги уредувам биддејќи месецов тоа е во мода (секој втор активен википедијанец ги уредува).dav 09:25, 9 август 2008 (UTC)
Оставај потписи!!!
уредиТе молам оставај потписи со 4 тидли!!! За да се знае кој пишувал!!!--Макс(разговор) 09:09, 9 август 2008 (UTC)
Знам дека си уклучен!!!!
уредиЗнам дека си уклучен гледам дека пишуваш!!! Јас те прашав еднаш за Изгубени соработка но ти сеуште ми немаш одговорено ај ако може кажи што мислиш за мојата понуда. Не ми се пишува многу за Изгубени но ако сакаш ако пишуваш ти јас за се ќе помагам позз!!!! --Макс(разговор) 18:45, 10 август 2008 (UTC)
- Не ти одговоровив бидејќи еден ден пред денот на кој ти си ми пишал, ми се расипа компјутерот, а потоа отидов и на одмор, па затоа цел месец немав пристап до интернет, а потоа кога ја прочитав пораката не ти одговорив бидејќи беше месец стара, па можеби и идејата ти изветреала. Иначе за изгубени, јас пополека ја развивам статијата за Џек ама тоа го правам во ворд па затоа изгледа дека ништо не правам. А за тебе, не ти треба моја дозвола за да уредуваш Изгубени. Ако тебе ти се сака можеш, а јас утре малку поактивно ќе се вклучам во изгубени и ќе направам статии за повеќето карактери.dav 19:04, 10 август 2008 (UTC)
- Знам дека не ми треба дозвола туку сакав само да се определиме со задачи ако сакаш ти. Дека сега во америка е нели завршена 4 сезона а кај нас третата заврши што значи треба да бидеме претпазливи. Таму се сите ликови определени по некој групи ко на пример Оушеаник 6 тоа кај нас уште го нема и другите ќе се збунат. Јас мислам дека е најубаво да преземаш информации од Lostpedia.com закон страна на ист начин ко википедија работи се за Изгубени има ете ти предлог и за уште нешто сакав да те потсетам но следниот пат. (ете ова е соработка):) ;)
- Знам јас за лостпедија, инаку еве јас сега ќе направам статии за ликовите и ќе ставам мал текст, а ти што сакаш прави ;). Само извести ме, за да не испадне дека и двајцата го трошиме времето преведувајќи една статија.
- Супер соработката е започната!!!!!!!!!!!! :))))))))))))
- Знам јас за лостпедија, инаку еве јас сега ќе направам статии за ликовите и ќе ставам мал текст, а ти што сакаш прави ;). Само извести ме, за да не испадне дека и двајцата го трошиме времето преведувајќи една статија.
- Знам дека не ми треба дозвола туку сакав само да се определиме со задачи ако сакаш ти. Дека сега во америка е нели завршена 4 сезона а кај нас третата заврши што значи треба да бидеме претпазливи. Таму се сите ликови определени по некој групи ко на пример Оушеаник 6 тоа кај нас уште го нема и другите ќе се збунат. Јас мислам дека е најубаво да преземаш информации од Lostpedia.com закон страна на ист начин ко википедија работи се за Изгубени има ете ти предлог и за уште нешто сакав да те потсетам но следниот пат. (ете ова е соработка):) ;)
Потпис
уредиКога пишуваш на разговор обавезно потпишувај се со четирите знаци или притисни на копчето со потпис на тулбарот кога уредуваш. Тоа е правило на Википедија. Поздрав--MacedonianBoy 13:34, 11 август 2008 (UTC)
Леле не ми се верува!!!!
уредиДете да не се викаш случајно Кристијан (Кико) живееш во Ѓорче, и те викаат Панчо!!! Дека ако си тој а мислам дека си тој се знаеме само кажи ми како се викаш!!! --Макс(разговор) 16:51, 11 август 2008 (UTC)
- Не, Се викам Давид (од таму е и усернејмот), и живеам во Карпош 4. А зошто помисли дека сум некој Панчо?
- Па отеднаш си седев и кога погледнав една наша порака ти ми рече дека по порака си отишол на одмор (а и он отиде на одмор и му се расипа компијутерот) плус и он многу ги сака Изгубени и Ге Те А играта ама незнаев дека сака Википедија бидејќи тој не е по такви работи и затоа поздрав!!! --Макс(разговор) 17:00, 11 август 2008 (UTC)
Извини што те помешав
Од ден на ден си се поактивен Браво!!!
уредиЕј гледам дека си нов а и јас сум нов и дека доста придонесуваш така да ај ако може да ми дадеш твое мсн или само адд ни ме мене на твоето денес одма да се разбираме поубаво ако сакаш. Јас веќе со поискусни корисници така се допишувам и е послено за се отколку вака. Поздрав!!! maks-n@hotmail.com --Макс(разговор) 08:57, 12 август 2008 (UTC)
За врска до потписот
уредиОди во најгорниот дел од видливиот екран на пребарувачот, во корисничката лента ќе најдеш мои прилагодувања. Клик, онаму каде што стои полето „Ваш прекар (за потпис):“, целосно избриши го тоа поле и биди сигурен дека е отчекирано (не е чекирано) полето „Чист потпис (без автоматска врска)“. Мислам дека треба да си стои сега автоматска врска во потписот. --Brainmachinewtf? 22:39, 14 август 2008 (UTC)
One Barnstar!!!
уредиЕдна ѕвезда за правење статии без грешка и секогаш што е подготвен да помогне на некој без разлика кој е и што е. И посебно една ѕвезда за убаво уредување на инфокутии и брзо учење! --Макс(разговор) 17:16, 16 август 2008 (UTC)
кошарка
уредиза статија од видот на http://sr.wikipedia.org/wiki/Кошарка_на_Олимпијским_играма_2008., како би ја напишал ти поинаку? зар може нешто да биде разично од 3те табели таму? зошто не работиш на нешто позитивно, место јас што правам да бришиш? зошто немаш ни трошка почит: јас сум на македонската википедија многу многу подолго од тебе. Gorjan 09:59, 21 август 2008 (UTC)
- знаеш. Јас не ја избришав таа статија, туку само ја префрлиф, и сега е Машка Кошарка на Летните олимписки игри - 2008. Ја префрлиф бидејќи таа статија беше само за мажи. нигде не видов дека се спомнува женска кошарка. И да, би се изненадил кога би дознал од кога сум на википедија :). --Dav 10:14, 21 август 2008 (UTC)
- нема проблем. сега како што ја направи статијата, е супер. поздрав Gorjan 12:56, 24 август 2008 (UTC)
Не ги касај новајлиите ! :-)
уредиЗдраво, го видов твојот разговор со AMFY и видов дека си многу строг со новите корисници :-) Меѓутоа, не треба да им се закануваш со блокирање, тие се нови корисници - можеби некој ќе се преплаши :-) Не ги касај новодјденците! е едно од основните правила на Вики-проектот. Се надевам дека ќе ме сфатиш добронамерно. Поздрав, Boyan 17:08, 3 септември 2008 (UTC)
Иницијатива
уреди Здраво, Dav/архива1! Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа Ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле Вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што за кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
НБРМ18:39, 16 септември 2008 (UTC)
Ќе морам да ја избришам оваа слика заради несоодветна праведна употреба на заштитено дело. Под праведна употреба се мисли користење на која има резервирани авторски права исклучиво за едукативни цели — во енциклопедиска статија, а не во корисничка кутија. Википедија работи само со слободни слики, а неслободните мора да се користат само во исклучителни случаи каде не постои слободна варијанта. Затоа тие може да се користат само во главниот именски простор. Повеќе за ова можеш да прочиташ во en:WP:IUP. Поздрав, Brainmachinewtf? 21:43, 16 септември 2008 (UTC)
Иницијатива 22,222
уреди Здраво, Dav/архива1! Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! Ви благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата. |
--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)
Иницијатива за квалитетни статии
уреди Здраво, Dav/архива1! Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:52, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 25.000
уреди Здраво, Dav/архива1! Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 01:52, 13 декември 2008 (UTC)
Иницијатива 2009-година на астрономијата
уреди Здраво, Dav/архива1! Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 14:41, 23 јануари 2009 (UTC)
Иницијатива 500 (избрани) статии
уреди Здраво, Dav/архива1! Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашите придонеси во остварувањето на целите на претходните иницијативи. Сакам да Ве известам дека на Википедија на македонски јазик се покренува иницијативата за уредување на 500 (избрани) статии, која ќе има за цел проширување на постоечките и уредување на нови квалитетни статии, кои без поголеми промени може да бидат избрани на Главната страница. Може да придонесувате со уредување на квалитетни статии од сите области. Подобрените квалитетни статии или новите квалитетни статии додадете ги во порталот со 500 статии. Порталот служи и како увид за тоа како напредуваме во остварувањето на целта, а е и помагало за полесен избор на избрана содржина.
Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели, Поздрав и успешна работа! |
--Kiril Simeonovski (разговор) 00:44, 1 февруари 2009 (UTC)