Вики-проектот МПЦ има за цел да помогне постоечките и новосоздадените статии поврзани со црквите и манастирите на МПЦ и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на вики-уредувачите во поглед на категоризација, надополнување и презентација на информациите. Страницата на проектот и соодветните подстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на вики-уредувачите.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.


Авторски права

уреди

Повардарска епархија на МПЦ

уреди

Допис упатен до повардарската епархија на МПЦ, веб-место: http://povardarska-eparhija.org.mk/


Почитувани,
Од името на уредувачите на Internet енциклопедијата Википедија, издание на македонски јазик http://mk.wikipedia.org, се обраќам со цел да побарам од вас дозвола за слободно користење на содржините од вашиот веб сајт.
На Википедија наскоро ќе биде стартуван проект за изработка на посебна страница за сите манастири и цркви посебно. Содржините од вашиот веб сајт се добредојдени.
Крајниот резултат од овој проект ќе биде промоција и афирмација на Македонија, Македонскиот народ, Македонската Православна Црква, Македонскиот јазик, писмо, култура, културно и цивилизациско наследство.
Материјалите на википедија подлежат под таканаречената GNU Free Documentation License (http://www.gnu.org/copyleft/fdl.html).
Википедија фондацијата е непрофитна организација (http://wikimediafoundation.org/wiki/Home).
...
Со почит
brest,
http://mk.wikipedia.org/wiki/Корисник:Brest,
администратор на википедија на македонски јазик

Следи одговор на барањето,


Со оглед на тоа што целта на нашиот сајт е афирмација на црковниот живот и практикувањето на христијанската православна вера, како и афирмација на македонскиот народ и држава, ги подржуваме сите обиди кои се во таа насока.
Ја имате нашата дозвола за користење на секцијата посветена на црквите и манастирите во Повардарската епархија, со тоа што на новата страна би можеле да ставите дека содржините се преземени од нашиот сајт или само врска.
Инаку наскоро на нашиот сајт ќе имаме комплетен увид за секоја црква и за секој манастир на територијата на Повардарската Епархија.
Поздрав и секое добро
Никола.

Цели

уреди

Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на

  • Создавање на нови квалитетни статии
  • Редизајн на постоечките статии
  • Создавање на портал за Македонската Православна Црква.
  • Создавање на лична карта на црквите и манастирите на МПЦ
  • За објектите да се обезбеди фото архива на екстериерот и интериерот како и податоци за местоположбата
  • Создавање на статии за познати духовници на МПЦ
  • Интер-вики врски на статиите од овој проект со соодветните страници на другите јазични изданија на википедија
  • Овој проект да биде основа за развој на слични проекти за другите православните цркви, да помогне во опфаќањето на темите од религијата на википедија на македонски јазик.

Наслов

уреди

МПЦ - Цркви и Манастири

Учесници

уреди

Во продолжение следи список на википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим. Предлошка:Корисник ВикиПроект МПЦ - Цркви и Манастири.

  1. --brest 10:36, 8 септември 2007 (UTC)
  2. --Raso mk 12:10, 1 мај 2008 (UTC)
  3. --Buli 11:34, 3 мај 2008 (UTC)
  4. --Antonio Brsjacki (разговор) 17:26, 6 февруари 2014 (CET)[одговори]
  5. --Виолетова (разговор) 15:34, 22 септември 2015 (CEST)[одговори]

Структура

уреди

Познати манастири и цркви

уреди

Епархии на МПЦ

уреди
  1. Скопска епархија, возглавена од Неговото Блаженство, архиепископот г. г. Стефан;
  2. Полошко-кумановска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Кирил;
  3. Дебарско-кичевска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Тимотеј;
  4. Преспанско-пелагониска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Петар;
  5. Струмичка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Наум;
  6. Повардарска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Агатангел;
  7. Брегалничка епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Иларион;
  8. Американско-канадска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Методиј;
  9. Европска епархија, возглавена од Високопреосветениот Митрополит г. Пимен;
  10. Австралиско-новозеландска епархија, чиј администратор е Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар

Основни статии

уреди

Именување на статиите

уреди

Категоризација

уреди

Статиите се категоризираат во Категорија:Цркви на Македонската православна црква општо. Во зависност од тоа дали се работи за статија за црква или манастир се користат: Категорија:Цркви на Македонската православна црква односно Категорија:Манастири на Македонската православна црква. Исто така се категоризираат и според епархијата, пример Категорија:Цркви во Повардарската епархија односно Категорија:Манастири во Повардарската епархија.

Погоре опишаната категоризација се постигнува со правилно користење на предлошките {{Инфокутија Македонска црква}} и {{Инфокутија Македонски манастир}}.

Подредување

уреди

Со оглед на претходно опишаниот начин на именување, потребно е да се изврши соодветно подредување на статиите со цел нивно подредување по азбучен редослед во категориите и други автоматски генерирани списоци. Подредувањето се прави на тој начин што некаде во статијата се додава директивата {{DEFAULTSORT:Алфанумеричка низа по која се подредува}}, при што најчесто низата за подредување е името на светецот и местото каде се наоѓа објектот, пример за:

Предлошки

уреди
  • {{Инфокутија Македонска црква}} — инфокутија за црква на МПЦ. Врши автоматска категоризација на статијата во категоријата „Македонска православна црква - Охридска архиепископија“, соодветна епрахија и сл.
  • {{Инфокутија Македонски манастир}} — инфокутија за манастир на МПЦ. Врши автоматска категоризација на статијата во категоријата „Македонска православна црква - Охридска архиепископија“, соодветна епрахија и сл.
  • {{Црква-никулец}} – означува статитија никулец за црква - се додава на крајот од статија никулец.