Разговор:Душко Гошевски
Ова е разговорната страница за расправа во врска со подобрувања на статијата „Душко Гошевски“ |
||||
---|---|---|---|---|
|
|
Untitled
уредиСамопромоција. Фали во која градинка одело детево и по кои се форуми праќало емотикони. Ова е bull sheet и треба да се брише. А богами има уште неколку други статии од сличен тип кои треба да се изметат.--brest 13:50, 22 јуни 2008 (UTC)
- Немојте така, brest. Претпоставете добри намери. Ставете шаблон на статијата дека недостасуваат извори, ако авторот наведе веродостојни извори, може да стои статијата, ако не, тогаш в канта. Вака само претпоставуваме дека е самопромоција. --Brainmachinewtf? 14:35, 22 јуни 2008 (UTC)
- Се сложувам. Имате право. Момент на слабост. Ама ако ги тргнеме тврдењата кои се без извор , како и ирелевантните податоци (завршил основно училиште, уште е студент, ...), ќе остане само Душко Гошевски (роден на 11 септември 1983 година во Валандово) е македонски писател. Е сега ако секој кој ќе напише песничка во школски билтен ако го сметаме за македонски писател, далеку ќе стигнеме, така да ќе остане само Душко Гошевски (роден на 11 септември 1983 година во Валандово). А ова богами не е енциклопедиска содржина. Може да биде некоја си листа на родени тогаш и тогаш таму и таму.--brest 16:26, 22 јуни 2008 (UTC)
- Сега е ок. Наведени се солидни извори. Човекот навистина е писател. Видете го само интервјуто со Телма, во надворешни вески. Ќе преживее статијата. --Brainmachinewtf? 09:36, 23 јуни 2008 (UTC)
Добро не мора некој да е меѓу 84 години и смртна постела за да може да се нарече писател.Писател е секој што има објавено книга, добар или лош тоа е работа на вкус, односно на критиката и читателите.Инаку ако е до извори, еве уште неколку http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=489&ArticleID=18923 http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=969&ArticleID=52079 http://www.kontrapunkt-mk.org/tocka/arhiva/20080421/Promocija.htm http://www.metamorphosis.org.mk/content/view/1106/4/lang,en/
Дискусија за релевантност
уредиОваа дискусија ја започнувам како резултат на еден претходен разговор (можеби со малку повеќе емоционален набој од што е потребно!). Станува збор за еден феномен на македонската Википедија - имено појавата на текстови за млади македонски писатели чија значајност за македонската литература допрва треба да се оценува. Да не бидам разбан погрешно, најмалку што сакам е да изигруваме полиција и да цензурираме (само напред со писателските набои!), меѓутоа треба да се постават некои линии - Википедија не е блог, а најмалку е средство за самопромоција. Значи, во недостиг на соодветна македонска Википолитика по ова прашања(види на што целам), веројатно најдобро е, сега за сега, да одиме случај по случај и да оцениме дали соодветна личност е "достојна" за енциклопедиска статија. Се надевам дека на крај ова ќе прерасне во некој поширок консензус околу критериумите за релевантност (на пр. дали е доволно некој што направил една изложба да има статија како македонски уметник? и сл.). Ова е особено битно зошто во Македонија и нема некои цврсти критички авторитети кои што кажуваат што е значајно, а што не за културниот живот во земјава. --FlavrSavr (разговор) 19:36, 8 декември 2008 (UTC)
Душко Гошевски
уредиБи рекол дека е голем минус што статијата ја започнал самиот автор. Тоа е еклатантен пример за самопромоција и фрла црна дамка... едноставно лоша идеја и би рекол невкусно. Од друга страна, авторот има извесни постигнувања, издал за етаблиран издавач, а се спомнува и во неколку новинарски текстови заедно со други автори. [1] [2] Голем плус е тоа што веројатно еден од првите случаи во Македонија (ако не и прв) кога електронска книга добива печатено издание. [3] Ве молам кажете го вашето мислење. --FlavrSavr (разговор) 19:36, 8 декември 2008 (UTC)
- Во контекст на споредбата со претходниот разговор, дали може некој да ми објасни на кој начин Темплум или било кој весник се смета за поверодостоен извор од Филолошки Факултет „Блаже Конески“? -- Дарвел (разговор) 09:40, 9 декември 2008 (UTC)
- Не е. Сите референци што ги имаш во прилог на тоа дека Дејан Велкоски треба да постои како статија, додади ги во Разговор:Дејан Велкоски... исто така, би те повикал во генералната дискусија за критериумите за што е релевантно да биде статија на мк.вики. Конкретно, страницата за Душко Гошевски мислам дека треба да се избрише. Ако и има некаква основа за вклучување, таа е уништена со фактот дека авторот сам си ја напишал статијата. --FlavrSavr (разговор) 14:56, 9 декември 2008 (UTC)
- Очигледно е дека има референци, кои беа додадени по предлогот за бришење, од страна на администратор, мене само ме интересира дали за да биде накоја статија „Значајна“ за Википедија, авторот (или субјектот) на истата треба да има другарчиња меѓу администраторите. Ако не, тогаш зошто некој кој има напишано само една книга се смета за позначаен писател од некои со две, три или повеќе? Или и Википедија се сведува на „имање грб“? -- Дарвел (разговор) 16:12, 9 декември 2008 (UTC)
- Е а ајде сеа да удриме по сите овие статии и да ги избришеме. --Raso mk (разговор) 16:31, 9 декември 2008 (UTC)
Па така изгледа е тоа, кој има другарчиња - нека си седи, кој не им одговара на администраторите - бриши! -- Дарвел (разговор) 18:41, 9 декември 2008 (UTC)
- Јас сум во издаваштвото од 1992 година, и лично ги познавам и писателите од Друштвото на писатели и овие тројца за кои се дискутираше вчера (а и денес). Ако сметате дека барем една од овие три статии е релевантна, тогаш ви тврдам дека сите три се релевантни и треба да стојат. Јас лично не сум за бришење на ниедна од нив, на што и реагирав уште вчера. Не се мешам во теми кои не ми се познати. Поздрав до сите -- Виолетова (разговор) 19:00, 9 декември 2008 (UTC)
- Не знам од каде ова производство на горчини! :-o Доле влада! :-) Ме натажува ниската доверба во намерите на администраторите... иако ќе признаам дека некои навистина вчера не одиграа баш најдобро... Ајде видете ја новата секција на Разговор:Дејан Велкоски --FlavrSavr (разговор) 20:31, 9 декември 2008 (UTC)
brest-bot проверка на правопис
уреди- цитирана веб страница наместо cite web, назив на шаблон на македонски јазик.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 20:10, 1 мај 2009 (UTC), управуван од Brest.
brest-bot проверка на правопис
уреди- Наводи наместо Референци, англизам.
Ако имате забележано други синтаксни грешки кои многукратно се повторуваат низ страниците, можете да побарате истите со помош на ботот да се исправат.--Brest-bot (разговор) 11:06, 2 јуни 2010 (CEST), управуван од Brest.