Калахари
Калахари е пустина во Јужна Афика. Во поголем дел се простира низ Боцвана и делови од Намибија и Јужноафиканската република при што зафаќа површина од 900.000 км2. Басенот околу пустината се простира на околу 2,5 милиона км2, заземајќи и делове од територијата на Ангола, Замбија и Зимбабве. Единствената река која тече низ пустината е Окаванго, која тече од северозапад кон југоисток и се губи во пустината во вид на мочуришна внатрешна делта која е богата со растителен и животински свет.
Калахари | |
Пустина | |
Сателитска фотографија на Калахари, фотографирано од NASA World Wind
| |
Земји | Боцвана, Намибија, Јужна Африка |
---|---|
Реки | Орање |
Највисока точка | Брандберг 8,550 ст (2,610 м) |
- координати | 21°07′S 14°33′E / 21.117° ЈГШ; 14.550° ИГД |
Должина | 4.000 км, E/W |
Површина | 930.000 км2 |
Биом | Пустина |
Пустината Калахари и басенот Калахари (портокалово)
|
Пустината Калахари е богата со резерви на јаглен, никел и ураниум. Еден од најголемите рудници на дијаманти во светот се наоѓа кај градот Орапа во Боцвана, во североисточниот дел на пустината.
Етимологија
уредиКалахари потекнува од цванските зборови Кгала, што значи „голема жед“, или Кгалагади, што значи „место без вода“;[1] Калахари има огромни подрачја прекриени со црвен песок без никакви постојани површински водотеци.
Географија
уредиКалахари претставува пространа степска и пустинска висорамнина во Јужна Африка.[2] Заобиколена е се високи планини. Во правец север-југ се простира околу 2.000 км, а од запад кон исток околу 1.200 км. Зафаќа површина од 900.000 км2.[2] Поголем дел од територијата на пустината е покриен со песок и тоа со црвена боја.[2]
Климата е тропско-степска и тропско-пустинска.[2] Пустината е слабо населена, а населението кое живее во неа главно се занимава со лов и со собирање плодови.[2] Во северните и во североисточните делови се простираат степи и савани.[2] Јужно од реката Замбези се јавуваат вистински савани, со присуство на дрвјата акација и баобаб.[2] Типични пустини претставуваат јужните и југозападните делови на висорамнината.[2]
Екологија
уредиИ покрај нејзината аридност, Калахари опстојуваат различни видови на флора и фауна.
Флора
уредиДлабокиот песок кој покрива поголем дел од површината на Калахари, многу влијае на вегетацијата која таму расте, поради тоа растенијата со плитки корени не можат долго да опстанат, иако има видови кои многу брзо растат по сезоната на дожд, и уште побрзо го расејуваат своето семе, кое успева да се одржи до следната врнежлива сезона. Но поголемиот дел од флората по Калахари се растенија со длабоки корени кои на тој начин имаат доволно влажност да ги преживеат екстремните сушни периоди. Во југозападниот дел на Калахари каде има многу малку врнежи, расте многу ретко расфрлано неколку врсти на дрва и грмушки и остра кратка трева. По централниот дел на Калахари, каде има повеќе врнежи, растат и високи дрва (неколку видови на акација) и нешто по високи грмушки и трева. Северниот Калахари генерално нема изглед на класична пустина. Таму има шума, каде растат палми и трнливи грмушки, има баобаб и зимзелени и белогорични дрва високи до 50 м. По мочуриштата на Окаванго има папирус и други водени растенија.
Фауна
уредиФауната на Калахари е побогата и разновидна на северот отколку на југот. Сепак, дури и во сушниот југ живеат бројни видови на антилопи и остануваат во него во поголемиот дел од годината, и покрај недостатокот на површински води. Главни видови на антилопи кои живеат на југот на Калахари се спрингбок, когони, орикс, еланд, куду, стенбок и дујкер, а со нив живеат и бројни стада на гнуа. Во северниот дел на Калахари живат многу повеќе животински видови, како жирафа, зебра, слон, бивол, и антилопи, потоа бројни предатори како што се лавови, гепарди, леопарди, африкански диви кучиња, лисици, како и цицачи како што се шакалот, хиената, брадавичесте свиња, павијани, јазовци, мравојади, зајци и дикобрази, но и неколку видови на глодари, неколку видови на змии и гуштери, и бројни видови птици.
Наводи
уреди- ↑ „The Kalahari-Basin“. 15 July 2010. Архивирано од изворникот на 25 July 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Благоја Маркоски, Географија за 8 одд., стр. 36.
Библиографија
уредиБлагоја Маркоски, Географија за 8 одделение за осумгодишното основно образование, Министерство за образование и наука на Република Македонија. 978-608-4575-86-3