Окаванго е река во Јужна Африка. Окаванго е четврта најдолга река во Јужна Африка. Реката е долга 1.600 километри и тече во југоисточен правец. Реката извира во Ангола, каде е позната како Кубанго. Јужно таа ја сочинува границата меѓу Ангола и Намибија, а потоа тече на територијата на Боцвана и ја сочинува познатата делта.

Окаванго
Okavango
река
Знак за реката Окаванго во Боцвана.
Земји Ангола, Намибија, Боцвана
Утока
 - местоположба Мореми, Боцвана, Боцвана
Должина 1.700 км
Слив 530.000 км2
Истек
 - просечен 475 м3
 - максимален 1.000 м3
 - минимален 350 м3
Карта на басенот на реката Окаванго
Карта на басенот на реката Окаванго
Карта на басенот на реката Окаванго

Реката не се влева во отворена водна површина, како што се мориња или океани. Наместо тоа, реката се празни во мочуриште во пустината Калахари и тоа место е познато како Делта на Окаванго.

Количина на водата

уреди
 
Вегетација на делтата Окавонго

Поради сувата клима зимно време, водата на Окаванго пристигнува до делтата дури со вишемесечно доцнење, дури кога притисокот на поројот во дождливиот период ја потисне на југ. Поради тоа, Окаванго во својот среден и долен тек, честопати е слична на помала рика или поток, а понекогаш нејзиното корито потпуно пресушува. Годишен просек на количината на водата која Окаванго ја донесува во својата делта изнесува околу 10 милијарди m³.

Должина

уреди
 
Делтата на Окаванго

Податоци за должината на Окаванго варираат делумно поради различните извори од кои потекнуваат но главна причина се временските услови и промена на коритото, кои егзактното мерење го прават невозможно. Доволно е значи да се каже дека Окаванго е долга помеѓу 1.600 и 1.800 километри односно околу 1.700 километри. Кон неточните мерења придонесува и делумното раздвојување на Окаванго на повеќе рекички кои, зависно од годишното време повторно се спојуваат или потполно исчезнуваат во мочуриштата или пустината. Во дождливиот период една таква рекичка се влева во езерото Нгами.

Сливот на Окаванго

уреди

Вкупен слив на Окаванго зазема површина од околу 721.258 км2.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

18°57′43″S 22°29′04″E / 18.96194° ЈГШ; 22.48444° ИГД / -18.96194; 22.48444