Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
abcdefgh
8
h8 бел дама
d7 бел дама
a6 бел дама
c5 бел дама
f4 бел дама
b3 бел дама
g2 бел дама
e1 бел дама
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Едно од можните решенија на проблемот

Проблемот со осум дами е шаховско-математичка загатка, која се состои во поставување на осум дами на една шаховска табла, така што ниту една од дамите да не биде нападната и да не напаѓа друга дама според шаховските правила. Бојата на фигурите е безначајна и се претпоставува дека сите фигури меѓусебно се противници. Со други зборови, со проблемот се бара да нема две или повеќе дами по ист ред, линија или дијагонала на шаховската табла.

Проблемот може да се постави на шаховска табла со која било големина, па така n дами треба да се постават на табла со димензии n×n. На вообичаена шаховска табла, каде што n=8, проблемот има 92 различни решенија. Доколку се анемарат решенијата кои се разликуваат само со пресликување и ротација, остануваат само 12 решенија. Прочитајте повеќе


ноември
Лого на ресторанот
Лого на ресторанот

Симпсонс на Стренд е еден од најпрочуените традиционални англиски ресторани во Лондон и дом на шахот во XIX век.

Ресторанот се наоѓа на славната улица Стренд (The Strand) и е дел од зградите на Савој, во чиј состав е веројатно најпознатата гостилница на светот, хотелот Савој. Го посетиле и во него играле речиси сите врвни шахисти од XIX век, меѓу кои и Вилхелм Штајниц, Пол Морфи, Емануел Ласкер, Јоханес Цукерторт и Зигберт Тараш. Во 1851 година, во ресторанот била одиграна и познатата „Бесмртна партија“, меѓу Адолф Андерсен и Лионел Кизерицки. Во локалот биле одиграни и силните турнири во 1883 и 1899 година, а во меѓувреме и првиот меѓународен турнир во женска конкуренција, кој бил одигран во 1897 година. Прочитајте повеќе


октомври
abcdefgh
8
a8 црн топ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
d7 црн пешак
f7 бел дама
g7 црн пешак
h7 црн пешак
c6 црн коњ
f6 црн коњ
e5 црн пешак
c4 бел ловец
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
e1 бел крал
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Школски мат по потезите 1.е4 е5 2.Dh5 Sc6 3.Lc4 Sf6 4.Dxf7#

Школски мат е шаховски поим, кој означува мат на противничкиот крал на полето f7[а] во фазата на отворањето, со употреба на дамата и ловецот.

Најчесто, низата на потези по која настанува овој мат е: 1.е4 е5 2.Dh5 Sc6 3. Lc4 Sf6 4.Dxf7#, но истиот исход може да се добие и со друга комбинација, при што најважно е значењето на матниот мотив со дамата и ловецот.

Школскиот мат претставува шаховска стапица во отворањето и е најраткиот начин на којшто може да се матира противничкиот крал, почитувајќи ги основните принципи на игра во отворањето. Матот е дел од бројни шаховски учебници и редовно се изучувуа при изучувањето на шаховските отворања. Прочитајте повеќе


септември

Шаховската олимпијада е меѓународно шаховско натпреварување, кое се одржува под покровителство на ФИДЕ. На натпреварувањето може да учествуваат машки и женски репрезентации од земји, кои се членки на ФИДЕ.

Турнирот се одржува од 1927 година, на секои две години, а содржи натпревари и во машка и во женска конкуренција. Бројот на земји-учеснички не е ограничен.

Победничкиот пехар во машка конкуренција е познат и како „Хамилтон-Раселов пехар“, а се доделува уште од 1927 година. Во женска конкуренција, победничкиот пехар е наречен „Менчиков пехар“.

Досега се одржани 38 шаховски олимпијади, а најмногу победи во обете конкуренции има репрезентацијата на Советскиот Сојуз, 18 во машка и 11 во женска конкуренција.


август

Велемајстор, скратено ВМ, е шаховска титула, која ја доделува светската шаховска федерација, ФИДЕ, како најголемо достигнување[а] на еден шахист.

Со доделувањето на титулата, шахистот истата ја задржува доживотно. Заедно со титулите меѓународен мајстор и ФИДЕ мајстор, велемајсторската титула се доделува и за мажи и жени. За прв пат, титулата била доделена во 1914 година, кога пет шахисти (Емануел Ласкер, Хосе Раул Капабланка, Александар Алехин, Зигберт Тараш и Френк Маршал) биле одликувани од страна на руското царско семејство.

Постојат повеќе услови кои треба да се исполнат за добивање на титулата, меѓу кои најчесто исполнувана е исполнувањето на две велемајсторски норми со најмалку 24 одиграни партии на турнирите по Бергеров систем и рејтинг поголем од 2500 во моментот на одржувањето на конгресот на ФИДЕ за донесвање на одлука за доделување на титулата или во период од седум години по достигнувањето на првата норма. Прочитајте повеќе


јули
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
e8 црн крал
f8 црн ловец
g8 црн коњ
h8 црн топ
a7 црн пешак
b7 црн пешак
c7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
d5 црн дама
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
d2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
b1 бел коњ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
g1 бел коњ
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Во оваа позиција, белиот освојува темпо со потегот 1.Sc3.

Темпо е поим кој во шахот се употребува како мера за факторот време. Во отворањето е најважно да се овозможи брз развој и мобилизација на фигурите на најсоодветните полиња. Во случај, кога едниот противник, овие цели ги има постигнато побрзо, тогаш се вели дека тој „освоил темпо“, а за неговиот противник се вели дека „загубил темпо“. Постојат отворања (гамбити), во кои едната страна нуди жртва, со цел да добие темпо.

Поимот може да се протолкува како ритам на игра или едноставно како потег. Како ритам на игра, темпото може да биде изразено со поголемо количество на време или со помало, што зависи од карактерот на позицијата. Темпото како потег е еден од основните концепти на шаховската тактика и како такво, тоа може да освои или загуби. Прочитајте повеќе


јуни
abcdefgh
8
a8 црн топ
b8 црн коњ
c8 црн ловец
d8 црн дама
e8 црн крал
f8 црн ловец
h8 црн топ
b7 црн пешак
e7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
a6 црн пешак
d6 црн пешак
f6 црн коњ
d4 бел коњ
e4 бел пешак
c3 бел коњ
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
a1 бел топ
c1 бел ловец
d1 бел дама
e1 бел крал
f1 бел ловец
h1 бел топ
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана

Најдорфовата варијанта во Сицилијанска одбрана е едно од најсложените и најприфатливи шаховски отворања. Тоа е едно од најпопуларните одговори на црниот на потегот 1.е4. Отворањето името го добило по полско-аргентинскиот велемајстор Мигел Најдорф.

Варијантата настанува со потезите:

1. e4 c5
2. Sf3 d6
3. d4 cxd4
4. Sxd4 Sf6
5. Sc3 a6

Петтиот потег на белиот, ...a6 е со цел да им го одземе полето b5 на белите коњи и белополниот бел ловец, овозможувајќи максимална флексибилност против нападот на белиот. Прочитајте повеќе


мај

Кооперативниот мат претставува шаховска композиција, во која целта е да се матира противничкиот крал, а притоа фигурите на двете страни да соработуваат за да се оствари целта. Во ваквите композиции, на потег секогаш е оној, чијшто крал треба да биде матиран, освен ако не е наведено поинаку. Иако, обете страни соработуваат, при решавање на овие задачи, важат стандардните шаховски правила.

Со цел да се зголеми популарноста во решавањето на ваквите шаховски композиции, денес постојат композиции, во кои можно е да се објави кооперативен мат на повеќе начини, односно задачите имаат повеќе решенија. Исто така, голем е бројот и на т.н. шаховски близнаци, односно композиции во кои се можни повеќе решенија, но доколку настанат мали промени на позицијата на таблата; и на т.н. дуплекс композиции, во кои обете страни се во можност со меѓусебна соработка во ист број на потези да го матираат белиот или црниот крал. Прочитајте повеќе


април

Шаховскиот часовник се ссостои од два меѓусебно поврзани часовници со едно копче, со чиешто притискање започнува со отчукување едниот, а се стопира другиот, со што поврзаните часовници никогаш не може да работат истовремено. Целта на часовникот е да го мери вкупното време, коешто секој играч оделно го потрошил за време на играта и да осигури дека играта нема да се одолговлекува.

Ваквите часовници, најчесто се користат во шахот, по кои и го добиле името, но се употребуваат и во некои други игри со двајца играчи, како скребл, шоги и го.

За прв пат, шаховските часовници биле употребувани на шаховски турнир во Лондон во 1883 година.

Доколку времето предвидено за игра истече, шахистот ја губи партијата, што исто така не е ретко во шаховската практика. Прочитајте повеќе


март
abcdefgh
8
f7 црн пешак
g7 црн крал
a6 црн топ
g6 црн пешак
h6 црн пешак
a5 бел пешак
a4 бел топ
h4 бел пешак
g3 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Примена на Тарашовото правило во завршницата

Тарашовото правило е правило, кое има примена во најголем дел од шаховските средишници и завршници. Правилото го поставил Зигберт Тараш, по кого истото го добило името. Според него топовите треба да се наоѓаат зад проодните пешаци. Идејата на ова правило е доколку топот се наоѓа зад сопствениот пешак, тој го заштитува, овозможувајќи му да напредува, а доколку се наоѓа зад противничкиот пешак, пешакот не може да напредува, единствено ако не е заштитен.

Оригиналниот запис се наоѓа во Тарашовото дело Шаховската игра од 1938 година.

Ова правило се смета за точно во најголем број случаи, но постојат и исклучоци. Прочитајте повеќе


февруари

Шаховскиот турнир во Линарес е шаховски турнир, кој се одржува секоја година на крајот на февруари во шпанскиот градот Линарес, по кој и го има добиено името. Турнирот е опишуван како шаховскиот Вимблдон и заедно со шаховските турнири во Вајк ан Зее и Дортмунд е еден од најсилните шаховски турнири.

Одржувањето на турнирот е поддржано од страна на шпанскиот стопанственик Луис Ренторо.

Првиот турнир бил одржан во 1978. Во тоа време, турнирот не бил привлечен за врвните шахисти, па на воведнуиот турнир победил релативно непознатиот Швеѓанец Јан Елсон, пред Аргентинецот Роберто Дебарно.

Во 1989, за прв пат натпреварувачите од Советскиот Сојуз можеле да бидат повикани лично. На турнирот биле испратени покани до пет советски шахисти, наместо до два, со што просечниот рејтинг на турнирот се зголемил. Прочитајте повеќе


јануари

ChessGames.com е голема шаховска заедница на Интернет, со повеќе од 100.000 членови. Местото содржи голема на основа на податоци на шаховски партии, при што секоја партија има различна страница за коментари и анализи. Основното членство е бесплатно и местото е отворено за шахисти со различни степени на познавање на шаховската игра. ChessGames.com е место на коешто не може да се игра шах, туку место на коешто членовите може да коментираат и вршат анализа на партии и позиции. Членството на мрежното место, многу успшешно го претставува „светот“ во партиите против велемајстори. Мрежното место, исто така нуди и можност за изучување на отворањата, завршниците и жртвите, вклучувајќи и бази на податоци со репертоарите на отворања на познатите велемајстори. Прочитајте повеќе


Архива на избрани статии
2010
ChessGames.com · Шаховски турнир во Линарес · Тарашово правило · Шаховски часовник · Кооперативен мат · Најдорфова варијанта · Темпо (шах) · Велемајстор · Шаховска олимпијада · Школски мат · Симпсонс на Стренд · Проблем со осум дами
2009
Шаховски турнир во Вајк ан Зее · Сицилијанска одбрана · Мат (шах) · Алгебарски запис (шах) · Шпанска партија · Жртва (шах) · Шаховско отворање · Шаховска олимпијада 1972 · Опозиција (шах) · Средишница · Омега-шах · Шаховска фигура
2008
Шаховски правила · Шаховска стратегија и тактика · Француска одбрана · Шаховска олимпијада - 2008 · Дамин гамбит