Портал:Шах/Избрана статија/2010/ноември
Симпсонс на Стренд е еден од најпрочуените традиционални англиски ресторани во Лондон и дом на шахот во XIX век.
Ресторанот се наоѓа на славната улица Стренд (The Strand) и е дел од зградите на Савој, во чиј состав е веројатно најпознатата гостилница на светот, хотелот Савој. Го посетиле и во него играле речиси сите врвни шахисти од XIX век, меѓу кои и Вилхелм Штајниц, Пол Морфи, Емануел Ласкер, Јоханес Цукерторт и Зигберт Тараш. Во 1851 година, во ресторанот била одиграна и познатата „Бесмртна партија“, меѓу Адолф Андерсен и Лионел Кизерицки. Во локалот биле одиграни и силните турнири во 1883 и 1899 година, а во меѓувреме и првиот меѓународен турнир во женска конкуренција, кој бил одигран во 1897 година. Прочитајте повеќе