Портал:Шах/Избрана статија/2010/август
Велемајстор, скратено ВМ, е шаховска титула, која ја доделува светската шаховска федерација, ФИДЕ, како најголемо достигнување[а] на еден шахист.
Со доделувањето на титулата, шахистот истата ја задржува доживотно. Заедно со титулите меѓународен мајстор и ФИДЕ мајстор, велемајсторската титула се доделува и за мажи и жени. За прв пат, титулата била доделена во 1914 година, кога пет шахисти (Емануел Ласкер, Хосе Раул Капабланка, Александар Алехин, Зигберт Тараш и Френк Маршал) биле одликувани од страна на руското царско семејство.
Постојат повеќе услови кои треба да се исполнат за добивање на титулата, меѓу кои најчесто исполнувана е исполнувањето на две велемајсторски норми со најмалку 24 одиграни партии на турнирите по Бергеров систем и рејтинг поголем од 2500 во моментот на одржувањето на конгресот на ФИДЕ за донесвање на одлука за доделување на титулата или во период од седум години по достигнувањето на првата норма. Прочитајте повеќе