Педесетта македонска дивизија
Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ била формирана на 17 септември 1944 година во селото Митрашинци кај Берово.[1] При основањето, во нејзин состав влегле: Четвртата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска бригада. Во првата половина на октомври 1944 година, во нејзиниот состав влегле и Деветнаесетта македонска ударна бригада и Артилериската бригада, а Четвртата бригада влегла во состав на 51-та македонска дивизија.
Педесетта македонска дивизија | |
---|---|
Формирање на 50-та македонска дивизија во селото Митрашинци, септември 1944 година | |
Активна | 17 септември 1944 – декември 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Кирил Михајловски |
Команден состав
уредиКомандниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Кирил Михајловски, командант до 3 октомври 1944 година
- Боро Милевски, командант од 3 октомври 1944 година
- Наум Веслиевски - Овчарот, командант од 6 декември 1944 година
Политички комесари биле:
- Димче Беловски, политички комесар до 3 октомври 1944 година
- Боро Чаушев, политички комесар од 3 октомври 1944 година
- Јован Ѓуровиќ, политички комесар од 6 декември 1944 година
Борбени дејства
уредиВо состав на Брегалничко-струмичкиот корпус, оваа бригада учествувала во борбите против германските единици на патот Валандово-Струмица-Берово. Ги ослободила Берово и Пехчево на 13 октомври, Кочани на 22 октомври, селата во долината на реката Брегалница и Штип на 8 ноември, и Свети Николе на 9 ноември.
Во текот на борбите за ослободување на Скопје, дивизијата водела борби кај хидроцентралата Матка, а потоа го ослободила и Тетово на 19 ноември 1944 година. На 6 декември 1944 година, била расформирана, а борците биле распределени во останатите македонски воени единици. Со реорганизацијата, 51 македонска дивизија била преименувана во 50 македонска дивизија, со што го зела формациското место на веќе укинатата дивизија.
Литература
уреди- Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г.
- Македонска енциклопедија (книга втора). „МАНУ“, Скопје 2009 година.