Педесет и прва македонска дивизија
Педесет и прва македонска дивизија на НОВЈ формирана е на 19 октомври 1944 година во селото Широк Дол кај Берово.[1] При основањето, во нејзиниот состав влегле Првата, Дваесеттата, Дваесет и првата македонска и Артилериската бригада на 51-та дивизија на Народноослободителната војска на Југославија. Во нејзиниот состав тогаш имало вкупно 2.476 борци и офицери. Подоцна, бројот пораснал на 6.689 борци и офицери.
Педесет и прва македонска дивизија | |
---|---|
![]() Формирање на 51-та македонска дивизија на НОВЈ во селото Широк Дол, октомври 1944 година | |
Активна | 19 октомври 1944 – декември 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Кирил Михајловски |

Команден состав уреди
Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Кирил Михајловски, командант
- Никола Радошевиќ, заменик командант до 6 декември 1944 година
- Раде Гогов - Црноречки, политички комесар
- Јован Ѓуровиќ, политички комесар
- Јосиф Мицев, началник на штабот
- Раде Гогов - Црноречки, политички комесар
Командантот на дивизијата, Кирил Михајловски, бил прогласен за народен херој на Југославија.
Борбени дејства уреди
Оваа дивизија учествувала во завршните операции за ослободување на Македонија, во текот на октомври и ноември 1944 година, на релациите: Дојран-Валандово-Струмица-Радовиш и Струмица-Ново Село-бугарска граница, во состав на Брегалничко-струмичкиот корпус на НОВЈ.
По ослободувањето на Струмица и Радовиш, распоредена е на југословенската граница од Гевгелија до тромеѓето на границата со Бугарија. Преименувана е во декември 1944 година, кога го добила формацискиот број „Педесетта“, на место на укинатата истоимена дивизија.[1]
Наводи уреди
Литература уреди
- Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г.
- Македонска енциклопедија (книга втора). „МАНУ“, Скопје, 2009 година