Пајне (округ)
Пајне (германски: Peine) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од југ надесно) окрузите Хилдесхајм, Хановер и Гифхорн, како и градовите Брауншвајг и Залцгитер.
Пајне Landkreis Peine | ||
---|---|---|
округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Пајне | |
Површина | ||
• Вкупна | 535 км2 (207 ми2) | |
Население (31 декември 2020)[1] | ||
• Вкупно | 135.844 | |
• Густина | 250/км2 (660/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | PE | |
Мреж. место | landkreis-peine.de |
ИсторијаУреди
До почетокот на раниот XIX век, територијата на округот припаѓала на Брауншвајг-Целе, Брауншвајг-Волфенбител и на Хилдесхајмската епископија. По 1815 година, Брауншвајг-Целе и Хилдесхајм припаднале на Кралството Хановер. Во 1866 година, Хановер потпаднал под Прусија. Пруската власт ги основала окрузите (Kreise) во 1885 година, меѓу кои и Пајне.
Областа имала традиција на топење, рударска традиција која траела до 1976 година, кога последниот рудник бил затворен. Во локалната историја се памти рударската несреќа кај Ленгеде во 1963 година, кога загинале 29 рудари, а 11 други биле спасени две недели по несреќата.
ГеографијаУреди
Округот се наоѓа на простор помеѓу градовите Хановер и Брауншвајг. Реката Фузе влегува во округот на југ, тече низ градот Пајне и го напушта округот северно кон Целе.
ГрбУреди
Грбот потекнува од грбот на Грофовијата Волфенбител-Асенбург. Оваа грофовија постоела до 1260 година, но владетелите биле оние кои го создале Пајне.
Градови и општиниУреди
Градови | Слободни општини |
---|---|
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Пајне (округ) на Ризницата ?
- Матична страница (германски)