Пасифаја (месечина)
Пасифаја (од старогрчки: Πασιφάη)[4] — повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 1908 г. од британскиот астроном Филибер Жак Мелот[5][6] и подоцна наречена по Пасифаја, сопруга на кралот Минос и мајка на Минотаурот од старогрчката легенда.
Откривање | |
---|---|
Откривач | Ф. Ж. Мелот |
Откриено | 27 јануари 1908 |
Орбитални особености | |
Периапсида | 16.980.250 км[1] |
Апоапсида | 31.209.300 км[1] |
Главна орбита полупречник | 24.094.770 км[1] |
Занесеност | 0,2953[1] |
764,082032 д (2,092 г)[1] | |
Просечна орбитална брзина | 2,242 км/с |
Наклон | 145,24° (кон еклиптиката) 143,04° (кон Јупитеровиот екватор)[1] |
Месечина на | Јупитер |
Физички особености | |
Среден полупречник | 20 км[2] 18 км[3] |
~11.300 км2 | |
Зафатнина | ~113.000 км³ |
Маса | 3,0×1017 кг |
Средна густина | 2,6 г/см³ (претп.)[2] |
~0,022 м/с2 (0,002 г) | |
~0,036 км/с | |
Албедо | 0,04 (претп.)[2] 0,10[3] |
Температура | ~124 K |
Месечината е првпат е забележана на фотографија направена во Гриничката опсерваторија ноќта на 28 февруари 1908 г., а потоа е забележана на претходни слики наназад до 27 јануари. Ја добила привремена ознака 1908 CJ бидејќи не било јасно дали се работи за астероид или месечина на Јупитер, сè до 10 април, кога е утврдено дека телото е месечина.[7]
Телото го добило сегашното име дури во 1975 г.;[8] дотогаш се нарекувало Јупитер VIII, а понекогаш и „Посејдон“[9] between 1955 и 1975 г.
Орбита
уредиПасифаја кружи околу Јупитер по високозанесена и високонаклонета повратна орбита. По неа е наречена Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 22,8 до 24,1 милиони километри, на наклони од 144,5° до 158,3°.[10] (Орбитални елементи од јануари 2000 г.)[1] Тие постојано се менуваат поради сончевите и планетарните растројувања.
Познато е дека месечината е во секуларна резонанца со Јупитер (врзувајќи ја должината на нејзиниот перијов со должината на Јупитеровиот перихел).[11]
Физички особености
уредиСо пречник од околу 58 км, Парсифаја е најголемата повратна месечина и трета по големина неправилна месечина, зад Хималија и Елара.
Спектроскопските мерења на инфрацрвеното зрачење покажуваат дека Пасифаја е спектарски безлично тело, што одговара на претпоставеното астероидно потекло. Се смета дека месечината всушност е откршок од зафатениот астероид заедно со другите месечини од нејзината група.[12][13]
Во видливиот спектар, месечината има сив изглед (бојни показатели B-V=0,74, R-V=0,38), слично на астероидите од типот C.[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Jacobson, R. A. (2000). „The Orbits of the Outer Jovian Satellites“. Astronomical Journal. 120 (5): 2679–2686. Bibcode:2000AJ....120.2679J. doi:10.1086/316817. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 2018-03-15.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 2008-10-24. Посетено на 2008-12-12.
- ↑ 3,0 3,1 Williams, Dr. David R. (2007-11-23). „Jovian Satellite Fact Sheet“. NASA (National Space Science Data Center). Посетено на 2008-12-12.
- ↑ http://planetarynames.wr.usgs.gov/Page/Planets
- ↑ Melotte, P. J. (1908). „Note on the Newly Discovered Eighth Satellite of Jupiter, Photographed at the Royal Observatory, Greenwich“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 68 (6): 456–457. Bibcode:1908MNRAS..68..456.. doi:10.1093/mnras/68.6.456.
- ↑ Perrine, C. D.; Perrine, C. D. (June 1908). „Recent Observations of the Moving Object Near Jupiter, Discovered at Greenwich by Mr. J. Melotte“. Harvard College Observatory Bulletin. 20: 184–185. Bibcode:1908PASP...20..184M. doi:10.1086/121815.
- ↑ Cowell, P. H. (1908). „Note on the Discovery of a Moving Object Near Jupiter“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 68: 373. Bibcode:1908MNRAS..68..373.. doi:10.1093/mnras/68.5.373.
- ↑ IAUC 2846: Satellites of Jupiter 1974 October 7 (naming the moon)
- ↑ Payne-Gaposchkin, Cecilia; Katherine Haramundanis (1970). Introduction to Astronomy. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice-Hall. ISBN 0-134-78107-4.
- ↑ Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; and Porco, C. C.; Jupiter's Outer Satellites and Trojans, in Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, and William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, pp. 263-280
- ↑ Nesvorný, D.; Beaugé, C.; Dones, L. (2004). „Collisional Origin of Families of Irregular Satellites“. The Astronomical Journal. 127 (3): 1768–1783. Bibcode:2004AJ....127.1768N. doi:10.1086/382099.
- ↑ Brown, M. E. (2000). „Near-Infrared Spectroscopy of Centaurs and Irregular Satellites“. The Astronomical Journal. The American Astronomical Society. 119 (2): 977–983. Bibcode:2000AJ....119..977B. doi:10.1086/301202.
- ↑ Sheppard, S. S.; and Jewitt, D. C.; An Abundant Population of Small Irregular Satellites Around Jupiter, Nature, Vol. 423 (May 2003), pp. 261-263
- ↑ Grav, T.; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; and Aksnes, K.; Photometric Survey of the Irregular Satellites, Icarus, Vol. 166 (2003), pp. 33-45
Надворешни врски
уреди- Профил на Пасифаја Архивирано на 7 декември 2015 г. — Истражување на Сончевиот Систем, НАСА (англиски)
- Неправилни месечини на Јупитер — страници на Дејвид Џуит (англиски)
- Месечини на Јупитер — страница на Скот Шепард (англиски)
- Ефемеридна служба за месечини — Центар за мали планети (англиски)