Пасифаина група
Пасифаина група — група повратни неправилни месечини на Јупитер кои следат слични орбити како онаа на месечината Пасифаја и се смета дека имаат заедничко потекло.
Нивните големи полуоски (оддалеченост од Јупитер) се движат помеѓу 22,8 и 24,1 милиони километри (ист опсег како Кармината група), орбиталните наклони им изнесуваат од 144,5° до 158,3°, а орбиталната занесеност им е од 0,25 до 0,43.
Основни членови на групата се следниве (негативниот период означува повратна орбита):[1]
Име | Пречник (км) |
Период (денови) |
Белешка |
---|---|---|---|
Пасифаја | 57,8 | −722,34 | најголем член и прототип |
Синиопа | 35 | −777,29 | црвена боја |
Калироја | 9,6 | −787,43 | црвеникава боја |
Мегаклита | 5 | −747,09 | црвеникава боја |
Автоноја | 4 | −719,01 | |
Евридома | 3 | −722,59 | |
Спонда | 2 | −734,89 |
Меѓународниот астрономски сојуз ги задржува имињата кои завршуваат на -e (во меѓународен облик) за сите повратни месечини.
Потекло
уредиСе смета дека Пасифаината група настанала кога еден астероид бил зафатен од Јупитер и потоа распарчен кога се судрил. Првичниот астероид не бил многу пореметен: пресметано е дека тоа тело имло пречник од 60 км, што е приближно исто со Пасифаја; таа задржува 99 % од изворната маса. Меѓутоа, доколку во оваа група припаѓа и Синопа, тогаш соодносот би бил доста помал (87 %).[2]
За разлика од Кармината и Ананкината група, теоријата за настанок со еден удар не е прифатена кај сите стручњаци. Ова е бидејќи Псаифаината група, иако слична по голема полуоска, е пошироко распрсната во наклонот.[note 1] Друга можност е Синопа да не е дел од остатоците на тој судир, туку да била посебно зафатена.[4] Различните бои на телата (сива кај Пасифаја, светлоцрвена кај Калироја и Мегаклита) исто така упатуваат на тоа дека групата има посложено потекло отколку еден удар.[4]
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ Scott S. Sheppard, David C. Jewitt, Carolyn Porco Jupiter's outer satellites and Trojans, In: Jupiter. The planet, satellites and magnetosphere. Edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon. Cambridge planetary science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, p. 263 - 280 Full text(pdf). Архивирано на 14 јуни 2007.
- ↑ Sheppard, Scott S. (5 мај 2003). „An abundant population of small irregular satellites around Jupiter“. Nature. 423 (6937): 261–263. Bibcode:2003Natur.423..261S. doi:10.1038/nature01584. PMID 12748634. S2CID 4424447. Меѓутоа, иако Несворни 2003 ги дава истите за Ананкината и кармината група, ја дава само Мегаклита за Пасифаината група
- ↑ David Nesvorný, Cristian Beaugé, and Luke Dones Collisional Origin of Families of Irregular Satellites, The Astronomical Journal, 127 (2004), pp. 1768–1783 Full text.
- ↑ 4,0 4,1 Grav, Tommy; Holman, Matthew J.; Gladman, Brett J.; Aksnes, Kaare Photometric survey of the irregular satellites, Icarus, 166,(2003), pp. 33-45. Preprint