Лабораторија за реактивен погон

(Пренасочено од JPL)

Лабораторија за реактивен погон (англиски: Jet Propulsion Laboratory или JPL) — државен истражно-развоен и вселенски центар на НАСА сместен во округот Лос Анџелес во Калифорнија, САД. Седиштето се води под градот Пасадена [1], а објектите се сместени на границата помеѓу градовите Ла Кањада Флинтриџ и Пасадена. Лабораторијата е под управа на Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во име на агенцијата НАСА. Главна функција на лабораторијата е конструирање и работа со роботски планетарни вселенски летала, но установата раководи и со мисии во Земјината орбита. Меѓу другите нејзини надлежности се вбројува раководењето со мрежата Deep Space Network на НАСА. Тековни проекти на лабораторијата се мисијата „Касини-Хајгенс“ до Сатурн, Марсовските истражни возила „Спирит“ и (Spirit) и „Опортјунити“ (Opportunity), Марсовскиот извиден орбитер (Mars Reconnaissance Orbiter), мисијата Дон до Церера и Веста и веленскиот телескоп „Спицер“.

Лабораторија за реактивен погон
Jet Propulsion Laboratory
Лабораторијата од птичја перспектива
Податоци за органот
Основан 1936
Надлежност Федерална влада на САД
Седиште Ла Кањада Флинтриџ, Калифорнија
34°12′0″N 118°10′18″W / 34.20000° СГШ; 118.17167° ЗГД / 34.20000; -118.17167
Вработени > 6.000
Раководител Лори Лешин
(директор)
Матичен орган Калифорниски технолошки институт во име на НАСА
Ограноци Научно одделение на JPL
Мрежно место
jpl.nasa.gov
Контролната просторија на лабораторијата

Објектот за раководење со вселенски летови и симулаторот се прогласени за национални историски знаменитости.

Историја

уреди

Лабораторијата датира 1936 г. со вршењето на првите ракетни експерименти на воздухопловната лабораторија „Гугенхајм“ при Калифорнискиот технолошки институт во местото Аројо Секо. Судентите на Калтех Френк Малина, Велд Арнолд, Аполо М. О. Смит и Чен Сјуесен, заедно со Џек Парсонс и Едвард Форман, вршеле проби на мал спиртен мотор за да соберат податоци за дисертацијата на Малина. Советникот за дисертацијата бил аеродинамичарот Теодор фон Карман, кој во 1939 успеал да добие средства од војската за овој потфат наречен „GALCIT Rocket Project“. Во 1941, Малин, Парсонс, Форман, Мартин Самерфилд и пилотот Хомер Буши и ги прикажале на војската првите ракети JATO. Во 1943, фон Карман, Малина, Парсонс и Форман го основале претпријатието „Aerojet Corporation“ за производство на мотори за JATO. Во ноември 1943 г. проектот го добил името Лабораторија за реактивен погон и станал дел од војската, но под раководство на универтетот.[2][3][4]

Во воениот период, лабораторијата конструирала и произведувала вооружени системи како среднодометните балистички проектили MGM-5 Corporal и MGM-29 Sergeant. Покрај ова разработила и други прототипни вооружени системи како ПВО-проектилот „Локи“, и претходникот на метеролошката ракета Aerobee. Пробите се вршеле на теренот „Вајт Сендс“, воздухопловната база Едвардс и во Голдстон. Во периодот 1938-39 е изработен и месечев слетувач, на кој потоа се е заснован месечевиот модул „Аполо“ од 1960-тите години.[4]

Во 1954 лабораторијата се здружила со ракетните стуручњаци предводени од Вернер фон Браун во арсеналот Редстон на Воената агенција за балистички проектили во Хантсвил (Алабама) и заедно предложиле да орбитираат сателит во текот на Меѓународната геофизичка година. Предлогот бил неуспешен и наместо ова бил усвоен проектот „Вангард“ - таен проект со цел да се покаже аблативната повратна технологија користејќи ракета од типот Jupiter-C. Во 1956 и 1957 извршиле три подорбитални лета. Користејќи резервна ракета од типот Jupiter-C, двете организации го лансирале првиот американски сателит „Експлорер 1“ (1 февруари 1958).[5]

Со основањето на НАСА во 1958, агенцијата преоѓа под нејзина надлежност и со тоа станува нејзин главен центар за планетарни вселенски летала. Инженерите на лабораторијата ги осмислиле и раководеле мисиите на МесечинатаРенџер“ и „Сарвејор“ трасирајќи го патот за мисијата „Аполо“. Лабораторијата исто така предводела меѓупланетарните истражувања со мисиите на „Маринер“ до Венера, Марс и Меркур.[5]

Лабораторијата била меѓу првите установи што нуделе работни места на жените-математичари. Во 1940-тите и 1950-тите, траекторните пресметки во лабораторијата ги вршела група составена исклучиво од жени.[6][7] Во 1961 лабораторијата ја вработила првата жена-инженер во екипите за следење на мисиите „Ренџер“ и „Маринер“.[8]

Установата е четири пати наградена од Вселенската задолжбина: со наградата „Даглас С. Мороу“ (за значајни придонеси кон подигањето на јавната свест за вселенските програми) во 1998 и трипати со наградата „Џон Л. ,Џек‘ Свигерт Јуниор“ (за истражување на вселената) во 2005, 2006 и 2009 г. (како дел од екипата на маровскиот слетувач „Феникс“ на НАСА[9]).

Кампус

уреди
 
Ракети како скулптури

Лабораторијата е изградена на карпеста плавна рамнина веднаш до границата на градот Пасадена. Речиси сите 72 хектари на кампусот на лабораторијата се во сопственост на федералната влада и НАСА и се сместени во градот Ла Кањада Флинтриџ, но адресата се води под Пасадена. Овие два града повремено се спорат кој од нив треба да биде споменат во медиумите кога станува збор за лабораторијата.

 
Макети споредени со „Марсовското истражно возило и возилото „Sojourner“ (2008)

Персонал

уреди

Персоналот се состои околу 5.000 редовно вработени во Калтех и по неколку илјади изведувачи секој ден. НАСА има постојани простории каде работат државни раководители кои вршат надзор на работата на лабораторијата за НАСА. Покрај ова, лабораторијата вработува и извесен број на практиканти и стажиранти од Калтех. Технолошкиот институт и лабораторијата заеднички нудат истражни можности за студенти, како програмот „Летна стипендија за додипломско истражување“ (Summer Undergraduate Research Fellowship, SURF). Во текот на летото 2009, Д-р Том Пајк од Империјалниот колеџ ја вршел должноста на врховен командант на лабораторијата.

Отворени денови

уреди

Еднаш годишно во мај лабораторијата организира отворени денови (Open House) во сабота и недела, кога јавноста може да ги разгледа просториите и да нагледни објаснувања во научно-технолошката лабораторија. Постои и можност за поограничени поединечни посети во текот на годината, доколку се закажани доста време однапред. Секоја година лабораторијата ја посетуваат илјадници ученици од јужна Калифорнија и други места.[10]

Летна школа за планетарна наука

уреди

Летната школа за планетарна наука (Planetary Science Summer School, PSSS) е работилница што се организира секоја година под покровителство на Лабораторијата за реактивен погон. Тука се одржуваат групни вежби за конструкторство и проучувања на идејни мисии, working with со Екипата за напредно осмислување на проекти „Екипа Икс“ (Team X) and other и други инженерски екипи.[11]

Други дејности

уреди

Покрај државните дејности, лабораторијата лабораторијата дава совети за научна вреодостојност при правење на филмови и телевизиски програми in their productions. Science fiction shows advised by лабораторијата include Babylon 5 and its sequel series, Crusade.

Финансирање

уреди

Лабораторијата е државен истражно-развоен центар со кој раководи и работи институтот Калтех во име на НАСА. Проектите на лабораторијата include мисијата „ГалилеоЈупитер и неговите месечини, марсоодите (како Mars Pathfinder во 1997 и двете Марсовски истражни возила во 2003). Лабораторијата има испратено безекипажни мисии на секоја планета во нашиот сончев Систем како и опширни картографски мисии на самата планета Земја. Лабораторијата раководи со меѓународната мрежа Deep Space Network, како и со свои објекти во пустината Мохаве во Калифорнија, објекти близу Мадрид во Шпанија и објекти во околината на Канбера во Австралија.

Јадење на кикиритки

уреди

Во лабораторијата постои обичај да се јадат „кикиритки за среќа“ пред важни настани во мисиите, како влегување во орбита или слетување. Според приказната, во 1960-тите програмот Ренџер постојано редел неуспеси, сè до првата успешна мисија на Месечината што се случила додека еден од вработените јадел кикиритки. Персоналот заеднички дошол до заклучок дека кикиритките мора да биле амајлија за среќа и затоа суеверно продолжиле секогаш да го прават истото. [12][13]

Мисии

уреди
 
Месечевиот модул на „Аполо 16
 
Леталото „Mars Global Surveyor

Еве некои мисии под делумно покровителство на лабораторијата:[14]

Список на директори

уреди
  • Д-р Теодор фон Карман (1938 – 1944)
  • Д-р Френк Малина (1944 – 1946)
  • Д-р Луис Дан (1946 – 1 октомври 1954)
  • Д-р Вилијам Хејвард Пикеринг (1 октомври 1954 – 31 март 1976)
  • Д-р Брус Мари (1 април 1976 – 30 јуни 1982)
  • Д-р Лу Ален (22 јули 1982 – 31 декември 1990)
  • Д-р Едвард Стоун (1 јануари 1991 – 30 април 2001)
  • Д-р Чарлс Елахи (1 мај 2001 – ) [15]

Екипа Икс

уреди

Во лабораторијата работи Екипата за напредно осмислување на проекти наречна „Екипа Икс“ (Advanced Projects Design Team, Team X) која е меѓудисциплинарна група инженери која „применува едновремени инженерски методологии со цел да постигне брзо осмислување, анализа и проценка на идејни мисии“.[16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-04-25. Посетено на 2011-02-28.
  2. „Раниот период“. JPL. Архивирано од изворникот на 2015-06-07. Посетено на 2011-02-28.
  3. Clayton Koppes, "JPL and the American Space Program," (New Haven: Yale University Press, 1982); [Erik M. Conway, "From Rockets to Spacecraft: Making JPL a Place for Planetary Science," Engineering and Science, изд. 30, бр. 4, стр. 2-10]http://pr.caltech.edu/periodicals/EandS/ESarchive-frame.html Архивирано на 7 јануари 2011 г..
  4. 4,0 4,1 Launius, Roger (2002). To Reach High Frontier, A History of U.S. Launch Vehicles. University of Kentucky. стр. 39–42. ISBN 0313122457 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  5. 5,0 5,1 Clayton Koppes, "JPL and the American Space Program," (New Haven: Yale University Press, 1982); Erik M. Conway, "From Rockets to Spacecraft: Making лабораторијата a Place for Planetary Science," Engineering and Science, изд. 30, бр. 4, стр. 2-10.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-07-22. Посетено на 2011-02-28.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-07. Посетено на 2011-02-28.
  8. „FO1 D. L. Ulery and J. P. Fearey, EVALUATION OF GOLDSTONE POLAR - MOUNT ANTENNA SYSTEMA'TIC ERRORS FROM STAR TRACKS, Technical Memorandum 33-45, 5 мај 1962“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-31. Посетено на 2011-02-28.
  9. http://www.nationalspacesymposium.org/the-phoenix-mars-lander-team-wins-2009-jack-swigert-award-for-space-exploration[мртва врска]
  10. „Отворен ден на JPL“. Архивирано од изворникот на 2009-01-18. Посетено на 2 јануари 2009. (англиски)
  11. „Летна школа за планетарна наука“. Посетено на 14 мај 2008. (англиски)
  12. „NPR - Интервју за обичајот со кикиритките“. Посетено на 3 јануари 2009. (англиски)
  13. „Записник на разговори на Планетарното друштво за обичајот со кикиритките“. Архивирано од изворникот на 2008-11-21. Посетено на 3 јануари 2009. (англиски)
  14. JPL. „Лабораторија за реактивен погон на НАСА: Мисии“. Jpl.nasa.gov. Посетено на 26 август 2010. (англиски)
  15. „Директори на JPL“. JPL. Архивирано од изворникот на 2017-06-07. Посетено на 26 август 2010. (англиски)
  16. „JPL Team X“. Jplteamx.jpl.nasa.gov. 31 август 2007. Посетено на 18 август 2010. (англиски)

Надворешни врски

уреди