Павли Богдан Никола (Врбница, Булчичко, Албанија, 16 ноември 1937 - Тирана, 8 јануари 2018) — деец на Македонците во Албанија, автор на книги од областа на македонските обичаи, фолклор, традиции од реонот на Голо Брдо.

Павли Никола
Роден 16 ноември 1937
Врбница, Булчичко,  Кралство Албанија
Починал 8 јануари 2018
Тирана,  Албанија
Занимање хроничар и деец

Животопис

уреди

Павли Никола е роден во Голобрдското село Врбница на 16 ноември 1937 година. Основно училиште почнал во родното село во периодот 1944/45 година на албански јазик. Во неговото село се учело на Македонски јазик сè до 1935 година, кога потоа властите го вовеле албанскиот. Самиот изјавил дека во почетокот не го знаел албанскиот јазик. По Втората светска војна во 1945 година, повторно е воведен македонскиот јазик и Павли учи на мајчин јазик.[1] основното образование во неговото родно село, како и сите негови соселани и тој пошол на печалба во Тирана. Во 1950 година почнал како обичен работник во изградбата на Комбинатот за текстил во Тирана. Осмолетката и средното училиште ги завршил во вечерните училишта. Од 1957 до 1959 година служел војска. Откако ја завршил воената служба повторно се вратил во градежното претпријатие „21 Декември” во Тирана, каде работел како специјалист и бригадир во различни објекти, кои се граделе во тоа време. При работењето во градежништвото, неговата работа била вреднувана. Од 1967 до 1969 година бил доброволец во планинските села на Тирана. Потоа пак се вратил во градежното претпријатие „21 Декември” во Тирана.

Тој бил не само добар градител, туку и општествен деец. Со години по ред бил избран за претседател на професионалното здружение (синдикатот) во претпријатието. Од 1973 до 1976 година го завршил високото партиско школо. Откако го завршил двегодишниот курс на Економскиот факултет, бил именуван како специјалист во претпријатието за надворешна трговија (Макинаимпорт), каде работел од 1978 до 1992 година како специјалист и претседател на отсек. Во 1993 година излегол на пензија. Павли Никола бил долгорочен активист на Македонците од Голо Брдо, автор на неколку книги и статии. Со неговите дела помогнал многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традици за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. По повод петгодишнната од основањето на Македонското друштво „Илинден“ од Албанија, му била доделена благодарница „Илинден“ за придонесот во заштитата на македонскиот идентитет, култура и традции. Починал во Тирана на 8 јануари 2016 година.

Наводи

уреди