Ошац
Ошац (германски: Oschatz) — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа 60 километри источно од Лајпциг и 60 километри западно од Дрезден.
Ошац | |
Црква Св. Егидиј во Ошац | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Северна Саксонија |
Градоначалник | Андреас Кречмар (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 55,31 км2 |
Надм. височина | 120 м |
Население | 14.195 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 257 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | TDO |
Пошт. бр. | 04758 |
Повик. бр. | 03435 |
Портал | www.stadt-oschatz.de |
Местоположба на градот Ошац во рамките на округот Северна Саксонија | |
Координати | 51°18′1″N 13°6′26″E / 51.30028° СГШ; 13.10722° ИГД |
Географија
уредиМестоположба и клима
уредиОшац се наоѓа во саксонските низини на бреговите на реката Делниц, која се влева во реката Елба, како лева притока 15 километри понатаму, близу Риза. Ошац се наоѓа близу шумските региони на Даленер Хит, како и Шумата Вермсдорф и Колмберг. Соседни општини и градови се: Либшицберг, Штрела, Риза, Штаухиц, Наундорф, Вермсдорф и Дален.
Просечната температура во Ошац е околу 8,6 °C[2], додека годишната количина на врнежи е околу 570 милиметри.[3]
Окрузи
уредиАдминистративниот округ на градот Ошац се состои од 14 дела:
|
|
|
Историја
уредиПовршината на денешниот град била населена од неолитски времиња. Името Ошац доаѓа од лужичкиот збор за засечено место. Првите пишани докази биле во 1200 со името „Johannes de Ozzetz“, меѓутоа поврзаноста со Ошац е непотврдена. Првото потврдено спомнување на градот е од 1238, кога Ozzechz е спомнат во документ од Хајнрих фон Мајсен. Најстариот документ најден во градските архиви е писмо од бискупот Конрад од Мајсен, со датум од 1246. Во 1344 била организирана народна армија за градовите Ошац, Торгау и Грима и бил вработен учител во 1365. Градот ги добил правата за организирање пазар во 1394.
Галерија
уреди-
Ошац во 1830
-
Градско собрание на Ошац во 1838
-
Поглед во 1850
Меѓународни односи
уредиОшац е збратимен со следниве градови:
- Бломберг, Германија
- Филдерштат, Германија
- Старогард Гдањски, Полска
- Тшебич, Чешка
- Венисе, Франција
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- ↑ Deutscher Wetterdienst: Mittelwerte der Temperatur in der Referenzperiode 1961–1990 nach Stationen Архивирано на 23 септември 2015 г. (ZIP-Datei, 51 KB)
- ↑ Deutscher Wetterdienst: Mittelwerte des Niederschlags in der Referenzperiode 1961–1990 nach Stationen Архивирано на 23 септември 2015 г. (ZIP-Datei, 343 KB)
Надворешни врски
уреди- Ошац на Ризницата ?
- Официјална страница
Оваа статија за место во округот Северна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |