Општина Сежана
Општина Сежана (словенечки: Občina Sežana) — општина во областа Приморска, југозападна Словенија, недалеку од границата со Италија.[2] Во 2020 г. населението броело 13.702 жители.[1] Седиште е градот Сежана. Основана е на 6 ноември 1994 г. кога дотогашната Општина Сежана е разделена не четири помали општини (Дивача, Хрпеље-Козина, Комен и Сежана).
Општина Сежана Občina Sežana | ||
---|---|---|
општина | ||
Главната улица во Сежана | ||
Местоположба во Словенија | ||
Земја | Словенија | |
Седиште | Сежана | |
Управа | ||
• Градоначалник | Давид Шкабар | |
Површина | ||
• Вкупна | 217,4 км2 (839 ми2) | |
Население (2020)[1] | ||
• Вкупно | 13.702 | |
• Густина | 6,3/км2 (16/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+01) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02) | |
Мреж. место | sezana.si |
Населени места
уредиОпштината ги опфаќа следниве населени места:
- Авбер
- Бого
- Брестовица кај Повир
- Брје кај Коприва
- Велики Дол
- Велико Поље
- Вогље
- Врабче
- Врховље
- Годње
- Горење кај Дивача
- Градишче кај Штјак
- Градње
- Грахово Брдо
- Гриже
- Дане кај Сежана
- Добравље
- Дол кај Вогље
- Долење
- Дутовље
- Жирје
- Јаковце
- Казље
- Коприва
- Косовеље
- Крајна Вас
- Креголишче
- Крепље
- Криж
- Кртиновица
- Липица
- Локев
- Мајцни
- Махничи
- Мерче
- Нова Вас
- Орлек
- Плешивица
- Плисковица
- Повир
- Подбреже
- Пољане кај Штјак
- Поникве
- Преложе кај Локев
- Пристава
- Равње
- Разгури
- Раша
- Сежана
- Села
- Село
- Сенадолице
- Скопо
- Стомаж
- Табор
- Томај
- Тубље кај Комен
- Утовље
- Филипчје Брдо
- Хриби
- Шепуље
- Шмарје кај Сежана
- Штјак
- Шторје
Историја
уредиСловенските племиња се доселиле во овој крај кон крајот на VI век. Во средниот век со подрачјето владееле Војводството Фурланија и Патријаршиското Кнежевство Аквилеја (Фурланската патријаршија), сè до XIV век кога тука завладеале грофовите на Горица. Во 1500 г. потпаднала под Хабсбурговците, кои ја ставиле во состав на Покнежената Грофовија Горица и Градишка.
Знаменитости
уреди- Ергелето во Липица[3] од каде потекнува славната коњска раса липицанер
- Жив музеј на Крас
- Пештерата Виленица
- Ботаничка градина во Сежана
- Пепинова крашка градина во Дутовље
- Спомен-соба на поетот Сречко Косовел во Сежана и неговата стопанска куќа во Томај
- Воен музеј во Локев
Галерија
уреди-
[[Ергеле]то во Липица
-
Ботаничката градина
-
Живиот музеј на Крас
-
Пепината крашка градина
-
Спомен-собата на Косовел
-
Косовеловата стопанска куќа
-
Воениот музеј
Познати личности
уреди- Примож Брезец (р. 1979) — кошаркар во НБА
- Август Чернигој (1898 - 1985) — сликар
- Данило Долчи (1924 - 1997) — италијански општествен деец
- Бранка Јурца (1914 - 1999) — писателка на книги за деца
- Тарас Кермаунер (1930 - 2008) — книжевен историчар и мислител
- Сречко Косовел (1904 - 1926) — истакнат модернистички поет
- Јосип Крижај (1911- 1948) — воен пилот
- Симон Кукец (1838 - 1910) — претприемач, основач на пивницата „Лашко“
- Јосип Ости (1945 - 2021) — поет, есеист и преведувач
- Мајда Ширца (р. 1953) — новинарка и политичарка
- Цирил Злобец (1925 - 2018) — поет
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
- ↑ Municipality of Sežana website
- ↑ Lipica Stud Farm site
Надворешни врски
уреди- Општина Сежана на Ризницата ?
- Портал на Општина Сежана (словенечки)
- Општина Сежана на Геопедија Архивирано на 29 јули 2017 г.