Октавио Паз (31 март 1914, Мексико - 1998, Мексико) — мексикански поет, есеист, публицист, теоретичар на поезијата, антологичар, преведувач, основач и уредник на книжевни списанија и дипломат. Добитник е на Нобелова награда за литература во 1990 година. Се смета за најзначаен мексикански поет и, заедно со Сесар Ваљехо, Пабло Неруда и Хорхе Луис Борхес, водечки поет на хиспаноамериканската поезија.[1]

Октавио Паз
Роден/аОктавио Паз Лозано
31 март 1914(1914-03-31)
Мексико, Мексико
Починат/а19 април 1998(1998-04-19) (возр. 84)
Мексико, Мексико
Занимањеписател, поет, дипломат
Националност Мексико
Период1931–1965
Книжевно движењеНадреализам, Егзистенцијализам
Значајни наградиНаграда „Мигел де Сервантес“
1981
Нобелова награда за литература
1990

Животопис

уреди

Роден во Мексико, во 1914 година. Студирал хиспаноамериканска поезија во САД. На почетокот на Шпанската граѓанска војна учествувал на Меѓународниот конгрес на интелектуалците против војната и за одбрана на републиката. Престојувајќи повеќепати во САД, Франција и во други земји, а направил и долгогодишна кариера на дипломат. Последните децении од животот се повлекол во својата земја, каде активно учествувал во литературниот, културниот и општествениот живот. Умрел во Мексико, во 1998 година.[1]

Работни обврски

уреди

Поет и мислител, но бил и љубопитник и патувач, професор и дипломат во Франција, Швајцарија, Индија, Јапонија и други земји. Својот повеќегодишен престој како амбасадор на Мексико и Индија (1962-1968) тој го крунисал со запознавање на културата, религијата и филозофијата на земјата и поопфатно на Истокот, што го инспирилало со длабоко поетско доживување и мислење за вечните теми на постоењето.[1]

Инспирација

уреди

Неговата поезија била инспирирана од најсвежите извори на шпанската поетска традиција. Таа го изодела патот од барокот до романтизмот, а потоа за да се напојува со поезијата на францускиот симболизам и надреализам и на шпанската модерна, на егзистенционализмот и на поезијата на Елиот, Езра Паунд и Борхес, до современите текови на лириката од втората половина на XX век, на поезијата чиј значаен творец бил и самиот тој.[1]

Поезија

уреди

Најзначајни дела на Паз се:

  • Шумска месечина (1933)
  • Но парсан (1937)
  • Под твојата светла сенка и други песни за Шпанија (1937)
  • Човечкиот корен (1937)
  • На брегот на светот (1942)
  • Слобода под заклетва(1949)
  • Орел и сонце( 1951)
  • Семиња за една химна (1954)
  • Сончев камен (1957)
  • Дивото време(1958)
  • Дождалец (1962)
  • Сеопшт ветер (1965)
  • Бело (1967)
  • Источна страна (1968)
  • Јаснини на минатото (1975)
  • Враќање (1976)
  • Дрво однатре (1987)

исто така, Октавио Паз објавил и триесетина книги со есеи и студии.[1]

Влијание

уреди

Во 1975 година, познатиот српски поет Васко Попа ја напишал песната „Додворување на карпите“ (Удварање стенама), посветена на Паз.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010.
  2. Vasko Popa, Pesme. Beograd: Bigz, 1978, стр. 193.

Надворешни врски

уреди