Награда „Мигел де Сервантес“

Наградата „Мигел де Сервантес“ (шпански: Premio de Literatura en Lengua Castellana Miguel de Cervantes) се доделува секоја година во чест на животното дело на истакнат писател на шпански јазик[1].

Награда „Мигел де Сервантес“
Мрежно местоhttps://www.culturaydeporte.gob.es/cultura/libro/premios/listado-de-premios/cervantes/presentacion.html Уреди на Википодатоците

Историја

уреди

Наградата била воспоставена во 1975 година од Министерството за култура на Шпанија и првпат била доделена следната година.

Победникот добива парична награда од 125.000 евра, што го прави еден од најбогатите книжевни награди во светот.

Авторите на наградите се од оние држави кои се со со шпански говорен јазик. Од четириесет и седумте награди доделени во историјата на наградата Сервантес, само шест биле доделени на жени .

Наградата е именувана по Мигел де Сервантес, авторот на Дон Кихот. Кандидатите се предложуваат од Асоцијација на академии за шпански јазик (т.е. , Кралската шпанска академија).

Почнувајќи од врачувањето на наградата за 2019 година на Џон Маргарет, добитниците добиваат признание за нивното пишување романи, поезија, раскази, есеи, преводи, филозофија или драми – или за нивни комбинации. Со двајца победници во 1979 година, имало 45 добитници на наградата Мигел де Сервантес.

Наградата Сервантес и Нобеловата награда за литература

уреди

Тројца од 45-те добитници на наградата Мигел де Сервантес ја добија и Нобеловата награда за литература. Октавио Паз (Сервантес 1981, Нобел 1990) и Марио Варгас Љоса (Сервантес 1994, Нобел 2010), беа наградени со Нобеловата награда во следните години, додека Камило Хосе Села ја доби Нобеловата награда] во 1989 година и ја доби наградата Сервантес во 1995 година[2].

Лауреати

уреди

Списокот на победници е достапен на официјалната веб-страница на „Премио „Мигел Сервантес“.

Година Фотографија Писател Земја Жанр
1976   Хорхе Гиљен   Шпанија поет
1977   Алехо Карпентиер   Куба роман, есеј
1978   Дáмасо Ало́нсо   Шпанија поезија
1979   Хорхе Луис Борхес   Аргентина расказ, поезија, есеј, превод
  Херардо Диего   Шпанија поезија
1980   Хуан Карлос Онетти   Уругвај роман
1981   Октавио Паз   Мексико поезија, есеј
1982 Луис Росалес Камачо   Шпанија поезија, есеј
1983   Рафаел Алберти   Шпанија поезија
1984   Ернесто Сабато   Аргентина роман, есеј
1985   Гонсало Торренте Балестер   Шпанија роман
1986   Анто́нио Буэ́ро Ваље́хо   Шпанија драма
1987   Карлос Фуентес   Мексико роман, есеј
1988   Мари́ја Самбра́но   Шпанија филозофија, есеј
1989   Аугу́сто Ро́а Ба́стос   Парагвај роман
1990   Адолфо Биои Касарес   Аргентина роман, расказ
1991   Ајала Франсиско (романописец)   Шпанија роман, расказ, есеј, превод
1992   Лоинас, Дулче Марија   Куба поезија
1993   Делибес, Мигел   Шпанија роман
1994   Марио Варгас Љоса   Перу роман, есеј, расказ, драма
1995   Камило Хосе Села   Шпанија роман
1996 Хосе Гарсија Нието   Шпанија поезија
1997   Гиљермo Кабрерa Инфанте   Куба расказ
1998   Хиеро, Хосе   Шпанија поезија
1999   Едвардс, Хорхе   Чиле роман
2000   Франциско Умбрал   Шпанија роман, есеј
2001   Алваро Мутис   Колумбија поезија, роман
2002   Хосе Хименес Лозано   Шпанија роман
2003   Гонсало Рохас   Чиле поезија
2004   Рафаел Санчес Ферлосио   Шпанија роман, есеј
2005 Серхио Питол   Мексико роман
2006   Antonio Gamoneda   Шпанија поезија
2007   Juan Gelman   Аргентина поезија
2008   Хуан Марсе   Шпанија расказ
2009   Хосе Емилио Пачеко   Мексико поезија, роман, расказ
2010   Ана Марија Матуте   Шпанија роман
2011   Никанор Пара   Чиле поезија
2012   Хосе Мануел Кабаљеро Боналд   Шпанија поезија, роман
2013   Елена Понијатовска   Мексико роман
2014   Хуан Гојтисоло   Шпанија роман, есеј
2015   Фернандо дел Пасо   Мексико роман, поезија, есеј, драма, расказ
2016   Едуардо Мендоса Гарига   Шпанија роман, драма
2017   Серхио Рамирес   Никарагва роман, расказ, есеј
2018   Ида Витале   Уругвај поезија, проза, есеј
2019   Џоан Маргарет   Шпанија поезија
2020   Франциско Бринс   Шпанија поезија
2021   Кристина Пери Роси   Уругвај проза, поезија, расказ, превод

Лауреати по земја

уреди

Следната табела го прикажува бројот на лауреати по земја:

Ранг Држава Лауреат
1   Шпанија 24
2   Мексико 6
3   Аргентина 4
4   Чиле 3
4   Куба 3
4   Уругвај 3
7   Колумбија 1
7   Никарагва 1
7   Парагвај 1
7   Перу 1
Вкупно 47

Наводи

уреди
  1. Cervantes Prize
  2. „The Miguel de Cervantes Prize for Literature“. Архивирано од изворникот на 2022-10-15. Посетено на 2022-10-15.

Надворешни врски

уреди