Нојхаус на Ренвег

Нојхаус на Ренвег (германски: Neuhaus am Rennweg) — мал град во округот Зонеберг во сојузната покраина Тирингија, Германија. Сместен е во подрачјето на Тириншката Шума, 17 км северно од окружниот град Зонеберг и 22 км југозападно од градот Залфелд.

Нојхаус на Ренвег

Neuhaus am Rennweg

Градската црква
Градската црква
Градската црква
Грб на Нојхаус на Ренвег
Нојхаус на Ренвег во рамките на Германија
Нојхаус на Ренвег
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Зонеберг
Градоначалник Уве Шелер (Левица)
Основни податоци
Површина 108,22 км2
Надм. височина 830 м
Население 8.808 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 81 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SON, NH
Пошт. бр. 98724, 98739
Повик. бр. 03679, 036701
Портал www.neuhaus-am-rennweg.de
Местоположба на градот Нојхаус на Ренвег во рамките на округот Зонеберг
Карта
Карта
Координати 50°31′N 11°09′E / 50.517° СГШ; 11.150° ИГД / 50.517; 11.150

Поранешните општини Лихте и Пизау биле припоени во градот во јануари 2019 година.

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Градот се наоѓа на Тириншките Шкрилни Планини, непосредно на Ренштајг. Нојхаус е едно од највисоките места во Тирингија. Бидејќи Нојхаус бил окружен град, важел за највисок окружен град во Источна Германија.

Соседни општини

уреди

Градот се граничи со следниве општини (почнувајќи од север, надесно): Мојра, Залфелд, Грефентал, Зонеберг, Лауша, Штајнах, Франкенблик, Шалкау, Ајсфелд, Голдистал, Кацхите, Курсдорф и Десбах.

Градски единици

уреди

Согласно статутот на градот Нојхаус на Ренвег од 14 март 2019 година, градот Нојхаус на Ренвег се состои од следниве осум единици: Нојхаус на Ренвег, Штајнхајд, Лимбах, Нојмансгрунд, Шајбе-Алсбах, Зигмундсбург, Лихте и Пизау.

Местото Нојхаус на Ренвег се состои од Нојхаус, Игелсхиб и Шмаленбухе, Шајбе-Алсбах од Шајбе и Алсбах, Лихте од Лихте, Бок и Тајх, Валендорф и Гајерстал. Сите други единици немаат своја поделба.[2]

Клима

уреди

Климата во Нојхаус е многу остра со многу снег зиме и студени влажни лета. Местото во мај 1996 година со 242 часа (десет дена) го држи германскиот рекорд со најдолг маглив период.

Политика

уреди

Градски совет

уреди

Градскиот совет Нојхаус на Ренвег се состои од 20 членови.

Партија Места
CDU 7 (+1)
LINKE 5 (−3)
AfD 3 (+3)
Слободни гласачи
Ренштајг
3 (−1)
FDP 1 (±0)
SPD 1 (±0)

Градоначалник

уреди

Градоначалник на градот Нојхаус на Ренвег е Уве Шелер, избран на 29 април 2018 година.

Збратимени градови

уреди

Нојхаус на Ренвег е збратимен со следниве градови:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. „Hauptsatzung der Stadt Neuhaus am Rennweg vom 14. März 2019“ (PDF; 114 KB). Stadtkurier Neuhaus. Amtsblatt der Stadt Neuhaus am Rennweg und der Gemeinde Goldisthal. Nr. 4/2019. Stadt Neuhaus am Rennweg. 2019-03-14. Посетено на 2021-10-23.

Надворешни врски

уреди