Пизау
Пизау (германски: Piesau) — село и поранешна општина во округот Зонеберг, во Тирингија, Германија, близу Ренштајг. Општината во минатото се наоѓала во округот Залфелд-Рудолштат, а од 1 јануари 2019 година е дел од градот Нојхаус на Ренвег.
Пизау | |
Место во Нојхаус на Ренвег | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Зонеберг |
Општина | Нојхаус на Ренвег |
Основни податоци | |
Површина | 7,89 км2 |
Надм. височина | 640 м |
Население | 715 (31 декември 2017) |
- Густина | 91 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SLF |
Пошт. бр. | 98739 |
Повик. бр. | 036701 |
Портал | www.piesau.de |
Координати | 50°30′52″N 11°13′8″E / 50.51444°N 11.21889°E |
Селото е познато по правење на стакло и поседува таква фабрика.
Географија
уредиПизау се наоѓа во срцето на Тириншките Шкрилни Планини во долината на истоимената река и е дел на Природниот парк „Тириншка Шума“. Местото се протега околу два километри во долината.
Највисоката точка во општината е 827 метри. Јужно од Пизау поминувала поранешната внатрешна германска граница.
Соседни општини
уредиПизау се граничи со следниве општини: Лихте, Шмидефелд, Грефентал, Шпехтсбрун, Ернсттал и Нојхаус на Ренвег.
Галерија
уреди-
Поранешното основно училиште
-
Споменик за правењето стакло
-
Селската црква
-
Алт-Пизау со фабриката за стакло