Ново Село или Ени Ќој (грчки: Λιθαριά, Литарија; до 1926 година: Γενήκιοϊ, Ениќој[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Ново Село
Λιθαριά
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село во рамките на Вртикоп (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во општината Вртикоп и областа Централна Македонија
Координати: 40°54′N 22°11′E / 40.900° СГШ; 22.183° ИГД / 40.900; 22.183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВртикоп
Општ. единицаМениида
Надм. вис.&10000000000000230000000230 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено во подножјето на југозападниот дел на планината Пајак, на надморска височина од 230 метри.[3]

Историја

уреди

До 1924 година селото било населено со чисто македонско население.[3]

По завршувањето на Грчко-турската војна во 1922 година, во него биле населени грчки бегалци. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 19 бегалски семејства со вкупно 72 жители.[4]

Во 1926 година, името на селото било променето во Литарија (Λιθαριά).

Селото настрадало за време на Граѓанската војна, кога во зимата 1947 година неговото население (според статистиката на НОФ, 26 Македонци и 126 бегалци) било присилно преселено од грчките монархистички власти во селото Мандалево. Откако се смирила состојбата, населението се вратило назад и го обновило селото.[3]

Стопанство

уреди

Бидејќи е планинско, селото е доста пасивно, со тоа што основно занимање на населението е сточарството, а делумно земјоделството.[3]

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ново Село (Ени Ќој) живееле 65 Македонци.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село (Novo-Selo) имало 80 Македонци.[3][6]

Во пописот од 1913 година било забележано со 25, а во 1920 година со 26 жители. Грчките власти во 1924 година тука сместиле и неколку бегалски семејства, така што Ново Село станало мешана населба, која во 1928 година била забележана со зголемен број жители, односно 114, од кои 70 бегалци, а во 1940 година биле попишани 156 жители. За време на Граѓанската војна, населението присилно било иселено од селото, а по завршувањето на истата, повторно било обновено. Во 1951 година биле забележани 153 жители. Во 1961 година имало 224, во 1971 година 115, во 1981 година само 24, а во 1991 година 10 жители. Намалувањето на бројот на населението се должело на преселувањето на дел од бегалските семејства во поголемите градски центри во земјата.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 6 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 156 153 224 115 24 10 6 1
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дреново, во кој покрај Ново Село, влегува и селото Дреново.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γενήκιοϊ -- Λιθαριά
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 94.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 147.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 102 - 103.

Белешки

уреди