Дреново (Воденско)
Дреново (грчки: Κρανέα, Кранеа) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.
Дреново Κρανέα | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°54′N 22°09′E / 40.900° СГШ; 22.150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Постол |
Општина | Вртикоп |
Општ. единица | Мениида |
Надм. вис. | 320 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 73 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа 8 километри источно од селото Драгоманци и североисточно од градот С’ботско, на надморска височина од 320 метри.[2]
Сместено е во западното подножје на планината Пајак.
Историја
уредиДреново била стара македонска населба, која се распаднала во 1892 година поради разбојништва, а неговото население се прибрало во околните македонски села. Поради тоа и не се спомнува во многу статистики од овој период.[2]
Селото било обновено во 1924 година, кога тука биле сместени бегалски семејства од градот Свеастија во Мала Азија.[3]
По доселувањето на бегалците, името на селото било променето во Кранеа (Κρανέα).
Селото настрадало за време на Граѓанската војна, а неговото населението во 1947 година било принудно иселено од грчките монархистички власти во селата Калиница и Мандалево, Ениџевардарско. По завршувањето на војната, во 1950 година, населението се вратило и го обновиле селото.[2]
Стопанство
уредиБидејќи е планинско село, селото е доста пасивно. Покрај сточарството, кое е доста развиено, населението се занимава и со земјоделство, произведувајќи тутун, жито и други производи.[2]
Население
уредиВо пописот од 1913 година, селото било забележано како напуштена населба без население. Било обновено во 1924 година кога тука биле сместени бегалски семејства. Во 1928 година биле попишани 177, а во 1940 година 269 жители. Во 1951 година, Дреново имало 247, во 1961 година 314, во 1971 година 208, во 1981 година 134, а во 1991 година 139 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 130 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 73 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 269 | 247 | 314 | 208 | 134 | 139 | 130 | 73 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Дреново, во кој покрај Дреново влегува и селото Ново Село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 89.
- ↑ „Дреново на сайта на Дем Мениида“. Архивирано од изворникот на 2009-08-21. Посетено на 2016-03-17.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.