Отворена самогласка

(Пренасочено од Ниска самогласка)

Отворена самогласка е самогласка чиј звук се создава со јазикот што подалеку од горниот дел на устата. Ваквите самогласки понекогаш се нарекуваат и ниски самогласки поради тоа што јазикот се држи ниско кога се изговараат.[1] Во македонскиот јазик единствена ниска самогласка е а.[1] Според Меѓународната фонетска азбука (МФА), постојат следниве отворени самогласки:

Табела на самогласки по МФА
Предни Речиси​предни Средни Речиси​задни Задни
Затворени
iy
ɨʉ
ɯu
ɪʏ
ʊ
eø
ɘɵ
ɤo
ɛœ
ɜɞ
ʌɔ
æ
aɶ
ä
ɑɒ
Речиси затворени
Полузатворени
Средни
Полуотворени
Речиси отворени
Отворени
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена

Помош за МФА • легенда • табела •  табела со звуци • погл.

Во контекст на фонологијата на извесен јазик, ниска самогласка е секоја самогласка што е поотворена од средна. Ова значи дека полуотворените, речиси отворените и отворените самогласки можат групно да се сметаат за ниски самогласки.

Отворените самогласки се среќаваат во речиси сите јазици (исклучок е арапахо).

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 61.
  2. Оваа самогласка не се јавува како посебна фонема на [œ] во ниеден јазик.