Јавен обвинител
Јавен обвинител — единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични и други со закон утврдени казниви дела и врши други работи утврдени со закон. Јавното обвинителство е исклучив субјект повикан и должен во името на државата и општеството и во нивен интерес да дава иницијатива за покренување кривично гонење. Тоа е орган на целата општествена заедница, а не само на определена политичко-територијална заедница. Во Македонија, собранието на Република Македонија е тоа што го именува и разрешува јавниот обвинител за време од шест години. Функцијата е инкомпатибилна со вршење на друга функција, професија или членство во политичка партија.