Устав на НР Македонија (1946)
Првиот уставен период во Македонија започнува со донесувањето на Уставот на НР Македонија од 31 декември 1946 година, со кој Македонија се конституира под името Народна Република Македонија, во рамките на ФНРЈ. Овој уставен период се одликува со мошне динамични промени кои фактички ги менуваа и основните уставни институции. Во овој период се разликуваат две основни фази. Граничната линија помеѓу фазите е во 1953 година, односно донесувањето на Уставниот закон за општествено и политичко устројство и за органите на власта на Народна Република Македонија. На овој Уставен закон му претходело денесувањето на Основниот закон за управување на државните стопански претпријатија и повисоките стопански здруженија од страна на работните колективи, познат и како Закон за работничко самоуправување од 1950 година. Овој устав е од особено значење бидејќи со него се санкционира вољата и правото на самоопределување на Македонците за сопствена државност, и обединување со другите народи во тогашната ФНРЈ. Овој устав по дефиниција спаѓа во групата на реални устави.
Надворешни врски
уредиВикиизвор има текст за |
Викиизвор: Устав на Народна Република Македонија (1946)
- Устав на НР Македонија од 1946, Службен Весник на НРМ, 1/1947.