Никола Живков (архитект)
Никола Живков наречен Хаџи-Неимар, во Србија Никола Живковиќ (српски: Никола Живковић; Воден, 1792 - Белград, 1870)[1] — македонски градител, првиот архитект во обновената Србија на кнезот Милош Обреновиќ.
Никола Живков | ||
Роден | 1792 Воден, Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1870 Белград | |
Познат | Конакот на кнегињата Љубица Конакот на кнезот Милош во Топчидер | |
Занимање | архитект |
Роден во Воден, Егејска Македонија во 1792 година, тој најверојатно се школувал во Солун или Атина, каде што имал роднини. Не се знае дали имал високо образование. Не се знае кога се преселил во Србија. Неговата сопруга Костадинка Каркаљер била од Магарево. Имал четири ќерки и еден син.
Изградил многу државни објекти по налог на кнезот Милош. По прогонството на кнезот Милош во 1839 година и Живков ја напуштил Србија. За време на втората влада на кнезот Милош (1858 - 1860), тој се вратил во Србија и станал „надзорник на владините згради“ во Генералната управа за градби во Белград. Тој останал на оваа позиција до својата смрт во 1870 година.
Поважни згради што ги изградил во Белград
уреди- Конакот на кнегињата Љубица
- Конакот на кнезот Милош во Топчидер
- Ѓумруканата на савското пристаниште (стара царинарница урната во 1944 година)
- Црквата Свети Марко на булеварот Крал Александар - поранешен Булевар на револуција (урнат во 1942 година, по бомбардирањето)
- Големата касарна во улицата „Кнез Милош“ бр. 31 (прилагодена за зградата на Народното собрание во 1926 година )
Првите градби (конаци) ги градел во балкански стил на 18 век, а во подоцнежниот период користел помали елементи од тогашната актуелна централноевропска архитектура.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Живковиќ, Хаџи Никола“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 543. Text "series " ignored (help)
Литература
уреди- Текст инж. Бранислава Којића у Енциклопедији Југославије 8 „Србија-Ж“, Загреб, 1971, 647;
- Никола Б. Несторовић, „Грађевине и архитекти у Београду прошлог столећа“, Београд, 1937;
- Бранислав Ђ. Којић, „Стара градска и сеоска архитектура у Србији“, Београд, 1949.
- Како је Београд од паланке постао велики град („Политика“, 17. април 1937)