Нигрита

гратче во Егејска Македонија
(Пренасочено од Нигрид)

Нигрита или Нигрид (грчки: Νιγρίτα) — гратче во Нигритско, Егејска Македонија, денес седиште на општината Визалтија на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4.892 жители (2021).

Нигрита
Νιγρίτα
Улица во центарот на Нигрита
Улица во центарот на Нигрита
Нигрита is located in Грција
Нигрита
Нигрита
Местоположба во областа
Нигрита во рамките на Визалтија (општина)
Нигрита
Местоположба на Нигрита во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°54.48′N 23°30.5′E / 40.90800° СГШ; 23.5083° ИГД / 40.90800; 23.5083
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно4.892
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Гратчето е сместено во Серското Поле, 22 км јужно од градот Сер, во северното подножје на Богданска Планина.[2]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

На Богданска Планина над Нигрита е сместена доцноантичката тврдина Кастри.[3]

Црквата „Св. Ѓорѓи“, едната од двете главни цркви, е изградена во XVI век.[4]

Гратчето настрадало од теророт на османлиските власти по обидот за востание на Леонидас Вулгарис во 1866 г.[5] Во текот на XIX век Нигрита била етнички мешано место со македонско и грчко, во кое, со време, грчкиот удел сè повеќе го истиснувал македонскиот.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Нигрита (Nigrita) имала 305 домаќинства со 350 жители Македонци и 650 Грци,[6][7] што значи дека Македонците веќе биле сведени на една третина од населението.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Нигрита:

Нигрита е христијанско село со една црква и две училишта, добар пазар и пет анови... Жителите се Грци, а има и Македонци, преселници од соседните села.[6][8]

Веќе на почетокот на XX век грчкиот елемент сосема го истиснал македонскиот. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Нигрита имала 2.500 жители Грци.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во гратчето живееле 1.900 Грци и работеле две грчки училишта.[10]

Во 1906 г. врз темелите на постар храм е подигната втората енориска црква „Св. Атанас“.[11]

На 24 февруари 1907 г. во месноста Таш Олук кај Нигрита се одиграла битка помеѓу 40-члена македонска чета на МРО и една грчка чета, во која македонската страна изгубила 9 борци, а грчката — 4.[12]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна во 1912 г. гратчето било окупирано од бугарска војска и отворена е бугарска болница.[13] Во февруари 1913 г. во околината се воделе борби помеѓу бугарската и грчката војска, а во Втората балканска војна во јуни 1913 г. Нигрита е конечно окупирана од грчка војска и истата година е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 4.014 жители.[2] Во 1920 г. во гратчето се попишани 4.211 жители, и понатаму населението продолжило да расте, особено поради доведувањето на 1.026 грчки доселеници, но и поради доселувањата од околните села.[2] Нигрита станала управен центар на околијата и во 1928 г. достигната 7.199 жители.[2]

Во 1940 г. Нигрита достигнала 8.462 жители и три години подоцна е официјално прогласена за град. Поради бугарската окупација на источна Егејска Македонија за време на Втората светска војна, во Нигрита биле сместени грчки бегалци од таа страна на окупациската граница. Истото се случило и време на Грчката граѓанска војна, па затоа градот нагло добил многу поголемо население.[2] Сепак, веднаш по војните бегалското население го напуштило градот, па во 1951 г. се попишани 7.926 жители. Во 1961 г. Нигрита бележи значаен раст со 9.979 жители, но нивниот број подоцна почнал да опаѓа.[2] Така, во 1971 г. гратчето имало 7.301 жител, намалувајќи се на 6.531 во 1981 и 6.186 жители во 1991 г. Во следниот период бројот на жителите бележи понатамошен пад, со 5.566 во 2001 и 4.947 во 2011 г.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 8.462 7.926 9.979 7.301 6.531 6.186 5.566 4.947 4.892
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

уреди
Цркви
Археолоошки наоѓалишта
  • Кастри — доцнатничка тврдина кај градот

Стопанство

уреди

Нигрита е управен и стопански центар, но нема значајни производни капацитети. Покрај трговијата, застапено е земјоделството. Околу гратчето има плодно земјиште, кое дава високи приноси на индустриски и земјоделски култури.[2]

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Δαμάνης, Δημήτριος Γ., "Νιγρίτα-Σύρπα", Μακεδονικό Ημερολόγιο, Αθήνα 1911.
  • Πασχαλούδης Ν.Λ., Τα Τερπνιώτικα και τα Νιγριτινά. Ένα γλωσσικό ιδίωμα της Βισαλτίας Σερρών. Περιλαμβάνει στοιχεία γραμματικής, λεξικό, αντιλεξικό και δείγματα γλώσσας από τραγούδια, παροιμίες, αινίγματα, τοπωνύμια, κύρια ονόματα, Αθήνα 2000.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 238–239.
  3. „Καστρί Νιγρίτας“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 26 октомври 2019.
  4. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.[мртва врска]
  5. Vakalopoulos, Kostandinos A. Modern History of Macedonia (1830-1912), Thessaloniki, 1988, p. 54.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 122-123.
  8. Верковичъ, С.И. Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи, СПб, 1889, стр. 58.
  9. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 179.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201.
  11. „Ιερός Ναός Αγίου Αθανασίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2 ноември 2014.
  12. „Ιστορικό Ημερολόγιο Σερρών“ (PDF). Δημόσια Κεντρική Βιβλιοθήκη Σερρών. Посетено на 5 декември 2014.
  13. Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.50

Надворешни врски

уреди