Црква „Св. Ѓорѓи“ - Нигрита
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во градот Нигрита, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
Поглед на црквата | |
40°54′21″N 23°30′1″E / 40.90583° СГШ; 23.50028° ИГД | |
Место | Нигрита |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XVIII век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Нигритско |
Епархија | Серско-нигритска |
Црквата е забележителен пример за духовната архитектура. Изградена е во три последователни фази — првата е од XVI век, а последната од крајот на XVII до почетокот на XVIII век. На нејзино место веројатнјо имало помал храм од доцновизантиско време, од кога датираат првите податоци за постоењето на градот. При реконструкција на чесната трпеза во 2006 г. е откриена белешка во олтарот ставена заедно со мошти на Свети Трифун и Свети Пантелејмон. Белешката е од митрополитот Јоаникиј III Серски, кој вели дека тој го осветил храмот на 3 април 1753 г., вториот ден на Велигден.[1]
Подоцна десниот олтар во црквата е посветен на Света Петка.[2] Градбата претставува трикорабна базилика[1] со женска црква.[3] Во 1987 г. стариот нартекс е срушен и изграден е нов.[1] Внатрешноста е зачувана во недропрена состојба — има дрвен иконостас и обложен таван.[3]
Усната традиција тврди дека на крајот крајот на ΧVIII или почетокот на XIX век изгорел источниот дел на црквата. За ова сведочи фактот што мал дел од фреските на храмот се подгорени и се постари за околу еден век од останатите. Во главниот храм и во нартексот има живопис од XVIII и првата половина на XIX век. Фреските од XVIII век се дело на непознат творец, за кој преданието вели дека бил монах кој ги насликал без надомест, освен сместување и храна. Живописот од XIX век е дело на прочуениот мајстор Михаил Анагност од Самарина и неговата тајфа. За жал, тие потоа се видоизменети од неспособни зографи.[1] Од 1922 до 1935 г. храмот бил катедрала на Нигритската епархија.
Во 1990 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]
- Параклиси на парохијата
Во парохијата влегуваат и следниве параклиси:[1]
- „Св. Никита Готски“ од 1954 г., изграден во источниот дел на градот, на местото каде на 14 септември 1944 г. германските сили го собрале целото машко население на градот, но без да го стрелаат, што мештаните го припишуваат на интервенцијата на Свети Никита
- „Св. Петка“ — мала трикорабна базилика во западниот дел на градаот, изградена во 1974 г.
- „Св. Тома“ — од 1980-те, подигнат на местото на старо поклоничко место на рид јужно од градот
- „Св. Дионисиј Олимписки и Св. Тома“ од почетокот на 1990-тите
- „Пресв. Богородица Елеуса“ од 2008 г., изграден на јужниот ѕид на „Св. Ѓорѓи“
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 2 ноември 2014.
- ↑ „ΕΝΑ ΣΠΑΝΙΟ ΕΥΡΗΜΑ ΣΤΟ ΝΑΟ ΤΟΥ ΑΓΙΟΥ ΓΕΩΡΓΙΟΥ ΝΙΓΡΙΤΑΣ“. ΟΙ ΠΕΡΙΠΕΤΕΙΕΣ ΕΝΟΣ ΠΡΟΣΚΥΝΗΤΟΥ. Посетено на 2 ноември 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ37/28609/639/16-8-1990 - ΦΕΚ 627/Β/1-10-1990“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 30 октомври 2014.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Нигрита на Ризницата ?