Негочани (грчки: Νίκη, Ники; до 1926 г. Νεγκότσανη или Νεγοτσάνη, Негоцани[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 273 жители (2011) и до денес е чисто македонско.[3]

Негочани
Νίκη
Негочани is located in Грција
Негочани
Негочани
Местоположба во областа
Негочани во рамките на Лерин (општина)
Негочани
Местоположба на Негочани во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°54.55′N 21°25.21′E / 40.90917° СГШ; 21.42017° ИГД / 40.90917; 21.42017
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаЛерин
Општ. единицаДолно Клештино
Надм. вис.&10000000000000592000000592 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно273
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Леринското Поле, 17 км северно од Лерин крај реката Ракова, на на самата граница со Република Македонија. Лежи на надморска височина од 592 м, а атарот му опфаќа 11 км2.[3] Во селото е сместен граничниот премин Негочани-Меџитлија за влез во Р Македонија.

Историја

уреди

Османлиско време

уреди
 
Земјоделски објекти во Негочани за време на Првата светска војна

Негочани првпат се споменува во турски даночен регистар од 1468 г. како село со 200 домаќинства. Во 1481 г. бројот на домаќинствата се намалил на 112. Во записот се вели дека во селото се огледуваат лозја, лен, коноп, пчели и свињи и дека има мелници и пазар.[4]

Селото се споменува во османлиски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Манастир во 1611-1612 година под името Негочан со 65 домаќинства.[5]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Негофа како македонско село.[6][7] На почетокот на XX век селото ѝ припаѓало на Битолската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Негочани имало 500 жители Македонци[8] и 150 жители Арнаути-муслимани.[9] На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Негочани имало 480 Македонци[8] под грчка пропаганда и во селото работи грчко училиште.[10]

Припојување кон Грција

уреди

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 630 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ спомнува дека во селото има 40 куќи, сите македонски.[3] Во 1920 г. се регистрирани 562, а во 1928 г. — 662 жители.[3] Во 1926 г. Негочани е преименувано во Ники, што во превод значи победа.[11]

Во Граѓанската војна

уреди

Во Граѓанската војна селото многу настрадало, и како последица на тоа, бројот на населението почнал да опаѓа, главно поради сè поголемото отселување на жителите во прекуокеанските земји.[3]

Негочани учествувало во организирањето на НОФ и во состав на ДАГ со 10 борци, од кои тројца ги дале животите: Митре Абуков, Крсте Гаџовски и Коста Тодоровски (Марков).[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 834 803 696 508 503 425 489 273
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Негочани, каде тоа е единствено населено место.

Стопанство

уреди

Главно занiмање на населението се производството на жито и сточарски преработки.[3]

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νεγκοτσάνη -- Νίκη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 164.
  4. Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 304. ISBN 2283604524.
  5. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 181.
  6. Во постари извори Македонците биле именувани како Бугари заради политички причини
  7. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.93.
  8. 8,0 8,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.236.
  10. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 166-167.
  11. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. „Negochani“. Politecon Publications. Архивирано од изворникот на 2015-03-12. Посетено на 7 март 2016.

Надворешни врски

уреди