Нездружено подрачје

(Пренасочено од Невклучена територија)

Нездружено подрачје или слободна област — разграничена област која не припаѓа на ниедна политичка општина. Главно овие области се ненаселени (шумски подрачја, водени површини, воени полигони и слично).

Германија

уреди

Во Германија постојат слободни области, кои се создадени од страна на државата, кои никогаш не припаѓале на некоја општина и биле означени како слободни области.[1]

Слободните области или се наоѓаат во посед на сојузните покраини, во кои се наоѓаат, во посед на Сојузната Република Германија или на Сојузната служба за недвижнини. Административното право на управување припаѓа на сојузната власт, на окружната власт на соодветните окрузи и на надлежните управни служби во соседните општини. Исклучок се две население слободни област со сопствена администрација во Долна Саксонија, како и две слободни области во Шлезвиг-Холштајн, за кои се надлежни општинските служби, каде што и припаѓаат областите.

Со оглед на уставно загарантираното комунално самовладеење и демократските принципи во правната литература се појавуваат сомневања против постоење на слободни области кои се населени.[2]

Преглед

уреди

Во Германија постојат 227 слободни области во внатрешноста, кои се поделени на пет сојузни покраини (состојба 1 јануари 2011 г.):

Сојузна покраина 1 јануари 2011
број населени Жит.а
Баварија 194
Долна Саксонија 25 2 1478
Хесен 4
Шлезвиг-Холштајн 2
Баден-Виртемберг 2 б
Германија 227 2 1478
а Број на жители од 31 декември 2010 г.
б Гутсбецирк Минзинген бил намален на 1 јануари 2011 година за населените делови на областа (160 жит.) и оттогаш е ненаселен

Германските области од онаа страна на крајбрежната линија задолжително првично биле слободни области. Ова се однесува на крајбрежните покраини, Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн на Северното и Балтичкото Море. Одредени водени површини биле целосно вметнати во општините.[3] Исто така, земјишните поседи, кои биле освојувани, не биле автоматски доделувани на најблиската општина, туку морало да се озакони целата процедура.[4]

Во 2000 година, бројот на слободни области во Германија изнесувал 295 со вкупна површина од 4.890,33 км2. Сè повеќе слободни области се укинувани и нивната површина е приклучувана во соседните општини, особено во Баварија, сојузната покраина со најмногу слободни области. Исто така се случуваат и намалувања на површината на слободните области.

Слободни области по површина

уреди

Подолу се споменати најголемите слободни области во Германија (вклучувајќи ги сите населени области, но без езерата) со површина од повеќе од 50 км2:[5]

Регионален клуч Слободна област Округ Сојузна покраина Површина во км2
на 31 декември 2013
Население
на 31 декември 2013
031539504504 Харц (округ Гослар) Гослар Долна Саксонија 371,75
031569501501 Харц (округ Гетинген) Гетинген Долна Саксонија 267,35
066339200200 Гутсбецирк Рајнхардсвалд Касел Хесен 182,58
033589501501 Остерхајде Хајде Долна Саксонија 177,99 627
031559501501 Золинг Нортхајм Долна Саксонија 177,35
033519501501 Лохајде Целе Долна Саксонија 91,32 777
064359200200 Гутсбецирк Шпесарт Мајна-Кинциг Хесен 89,30
091809444444 Еталер Форст Гармиш-Партенкирхен Баварија 83,46
084159971971 Гутсбецирк Минзинген Ројтлинген Баден-Виртемберг 64,63 *
010539105105 Саксонска Шума Војводство Лауенбург Шлезвиг-Холштајн 58,49
094729444444 Фелденштајнер Форст Бајројт Баварија 55,60
033549502502 Герде Лихов-Даненберг Долна Саксонија 51,81
033549501501 Гартов Лихов-Даненберг Долна Саксонија 50,92
066369200200 Гутсбецирк Кауфунгер Валд Вера-Мајснер Хесен 50,32
* Од 1 јануари 2011 година преку спроведеното намалување на областа нема повеќе жители.

Во Баварија постојат уште неколку други слободни површини кои заедно имаат повеќе од 50 км2, но се споени од неколку соседни слободни области, додека поединечно не се поголеми од 50 км2.

Слободни езера

уреди

Сите езера, кои не припаѓаат на ниедна општина и со тоа се слободни области, се наоѓаат во Баварија. Во првото основање на баварските слободни области во 1956 година[6] биле означени уште и како „водени окрузи“ (Wasserbezirke).

Регионален клуч Слободно езеро Округ Површина во км2
091899451451 Кимско Езеро Траунштајн 77,86
091889451451 Штарнбершко Езеро Штарнберг 57,16
091819451451 Амерско Езеро Ландсберг на Лех 47,42
091899452452 Вагиншко Езеро Траунштајн 8,98

Слободната област „Вагиншко Езеро“ е составена од двете езера, Вагиншко Езеро и Тахиншко Езеро.

Островите во првите гореспоменати езера (Херенинзел, Фрауенинзел, Краутинзел, Розенинзел и најголемиот дел на Шведенинзел) не припаѓаат на слободните области на езерата. Најпосле, границите на езерата се сметаат како слободни области и како водени површини во најголем дел.

Населени слободни области

уреди

Само две слободни области се населени:[7]

Регионален клуч Слободна област Округ Сојузна покраина Население
на 31 декември 2013
033589501501 Остерхајде Хајде Долна Саксонија 627
033519501501 Лохајде Целе Долна Саксонија 777

Поранешни населени слободни области се источнофризискиот остров Мемерт, кој имал двајца жители на 31 декември 2002 година, но од 2004 не е повеќе населен и Гутсбецирк Минзинген, кој на 1 јануари 2011 година бил намален за населените делови на областа.

Австрија

уреди

Во Австрија не постојат слободни области. Целата држава е поделена на општините според сојузниот устав, при што спаѓаат и сите водни површини, планини и други ненаселени области, кои се наоѓаат во некоја општина. Поради тоа австриските општини пред сè на Алпите често имаат големи површини. Тиролската општина Зелден со околу 467 км2 е поголема во површина од главниот град Виена, а има само 4000 жители.

Швајцарија

уреди

Во Швајцарија не се користи ознаката „слободна област“, но и тука се наоѓаат области без комунална инфраструктура, како статистичките „површини надвор од политичките општини“. Тие се наоѓаат под директна управа на државата, односно на поединечниот кантони.

Во ненаселени области се вбројуваат:

Кон населени слободни области се вбројуваат манастирите Грименштајн и Воненштајн.

Манастирот Фар, ексклава на кантонот Аргау во кантонот Цирих, до 31 декември 2007 година не припаѓал на ниедна општина, но од 1 јануари 2008 година е област на општината Виренлос.

Норвешка

уреди

Областите Шпицбершки Острови, Јан Мајен и Буве не припаат на ниедна општина и на окрузите (Fylke). Овие области се управувани од државата.

Невклучени територии

уреди

Невклучени територии е административна ознака за англосаксонските земји. Го означува секој вид на област, која нема сопствена администрација. Често ваквите области се непосредно управувани од соседните повисоки административни власти.

Во САД постојат голем број невклучени територии. Овие се под власт во одредени сојузни држави на окрузите, а во друг на градовите. Многу често постојат населби со сопствени имиња и социјален идентитет во овие области, наречени „невклучени заедници“. Овие населби ниту го имаат статусот на самостојна општина, ниту се дел од таквите општини. Многу невклучени заедници се прифатени со нивните имиња како поштенско одредиште, а многу се означени и за време на пописот.

Несолвентните општини можат да се прогласат за „невклучена област“.

Канада

уреди

Не секоја „невклучена територија“ претставува „слободна област“ според гореспоменатата дефиниција; во Канада секоја населба, која нема самостојна општина, туку само општински дел, е означена како „невклучена населба“.

Наводи

уреди
  1. ISBN: 3509005309
  2. ISBN: 3509005309
  3. ISBN: 3509005309
  4. ISBN: 3509005309
  5. „Alle politisch selbständigen Gemeinden mit ausgewählten Merkmalen am 31.12.2013“. Сојузна статистичка служба на Германија. Посетено на 28 август 2015.
  6. Bayerisches Gesetz- und Verordnungsblatt: Verordnung über die Gebietseinteilung des Freistaates Bayern in Regierungsbezirke kreisfreie Städte und Landkreise vom 9. November 1956, Herausgegeben 22. November 1956, Ausgabe 1956 Nr. 22, Seite 193–220
  7. „Alle politisch selbständigen Gemeinden mit ausgewählten Merkmalen am 31.12.2013“. Сојузна статистичка служба на Германија. Посетено на 28 август 2015.