Наќо Мешков - Кочо (16 јули 1921 во Ваташа2003 во Скопје) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија и носител на Партизанка споменица 1941.[1]

Животопис

уреди

Завршил образование во Ваташа, нижа гимназија во Кавадарци, а гимназија во Велес. Во напредното движење се вклучил уште во 1937 година. Во 1941 година е уапсен од полицијата во Кавадарци поради учество во штрајкот на монополските работници во Кавадарци, поради лошите услови за работа и ниските плати.[1]

Во 1942 година се приклучил во партизани со борците од одредот „Димитар Влахов” од Велес. По разбивањето на ова единица кај Фојничката пештера тој заедно со 18 борци како илегалци престојувале во атарот на Ваташа. Бугарските власти во негово отсуство го осудиле на 5 години затвор заради тоа што не отишол на отслужување на воениот рок во бугарската армија. Во мај 1943 година тој е еден од првите борци на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”, со кого учествувал во многу борби. Во март 1944 година бил определен за заменик командант на Базата со седиште во селото Зборско, која се грижела за болните и ранети борци од Февруарскиот поход. Ова раководство било задолжено за нега на болните и нивно снабдување со храна и лекови. Во втората половина на 1944 година бил избран за член на Околискиот комитет.[1]

По ослободувањето

уреди
 
Партизанската споменица 1941.

По ослободувањето на нашата земја работел во УДБА, а потоа и како управник на затворот во Идризово. Бил директор на едно од најголемите трговски претпријатија во Македонија „Агроснабдител”.[1] Бил дел од комисијат за утврдувањето на причините и штетите од тектонската несреќа настаната во Моклиште, 1956 година.[2] Тој е носител на Партизанска споменица 1941 година. Починал во Скопје во 2003 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 420–421. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. „Шеесет години од тектонската несреќа во кавадаречко Моклиште“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-06-30.