Д-р Илија Мешков ( 1920 во Ваташа — ) — македонски доктор (Примариус).[1]

Животопис

уреди

Бил роден во имотно трговско семејство. Се образувал во Ваташа, Кавадарци и Скопје, а Медицински факултет завршил во Загреб во 1947 година. До 1953 година работел во поголем број градови во Македонија, а од 1953 година се вратил во Кавадарци и работел во Здравствената станица, каде што бил ѝ управник на ова здравствена институција. Специјализирал гинекологија и акушерство во Белград. По специјализацијата работел во Гнилање, Приштина и Скопје. Во Скопје работел во Градската болница во одделот за гинекологија и акушерство, каде бил и началник на одделението.[1]

Има објавено повеќе од 40 стручни и научни трудови, а обучувал и голем број на кадри за гинеколози, акушери и бабици. Во 1966 година во Белград го добил звањето Примариус од Сојузниот комитет за здравство.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 421. ISBN 978-608-4621-04-1.