Пане Мешков
Пане Мешков ( 1925 во Ваташа — 16 јуни 1943 во Ваташа) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.[1]
Пане Мешков | ||
Роден | 1925 година Ваташа | |
---|---|---|
Починал | 16 јуни 1943 година Моклиште, Ваташа. Стрелан од бугарскиот фашистички окупатор | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБил ученик во шести клас во кавадаречката гимназија. Во напредното младинско движење се вклучил уште во 1941 година, а во октомври истата година станал и член на Скоевската организација. Во неговата скоевска ќелија членувале уште: Ристо Ѓондев, Перо Видев, Ката Видева, Станка Коцева и Трајана Андова.[1][2]
Заедно со членовите на својата група извршувале многу задачи поставени од страна на партиската организација. Кога кон крајот на 1942 година во атарот на село Ваташа престојувале дел од борците на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, Пане Мешков заедно со Наќо Ангелов - Рочко и Пане Џунов биле одредени да извесно време се грижат околу сместувањето и исхраната на борците од овој одред.[1]
Масакрот на ваташките деца
уредиЗа време на јунската непријателска офанзива, Пане Мешков како активен и организиран член на напредното движење бил уапсен од бугарската полиција и на 16 јуни 1943 (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) година стрелан во месноста „Моклиште”, со уште 11-мина младинци од Ваташа.[1]
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, во младешките денови
-
Дел од ѕверски убиените Ваташки младинци
-
Дел од стреланите Ваташки младинци, на игранка
-
Бугарскиот терор извршен во Тиквешијата - опишан од Лазар Мојсов, објавен во весникот Нова Македонија бр.28 од 3 јануари, 1945 година (среда)
-
12-те ваташки деца стрелани на 16 јуни 1943 година.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 420. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ Камчевски, Петре (16 јуни 2021). „Годишнина од стрелањето на 12. ваташки младинци“. fakulteti.mk. Посетено на 2024-06-29.