Д-р Диме Мешков ( 1924 во Ваташа — ) — македонски доктор и наставник.[1]

Животопис

уреди

Бил роден во имотно трговско семејство. Основно образование и гимназија завршил во Кавадарци, а по матурирањето работи како учител во Драдња и Мрзен Ораовец. Студирал медицина на Медицинскиот факултет во Загреб, а по завршувањето работел како лекар во Свети Николе и Штип. Во Здравствената станица во Кавадарци бил вработен од 1 март 1953 година.[1]

Специјализирал педијатрија на Детската клиника во Скопје, а истата ја завршил во 1959 година. Кога во 1961 година било отворено Детското одделение во Кавадарци, тој станал неговиот прв раководител. Со формирањето на Медицинскиот центар во Кавадарци бил неговиот прв директор, а на таа функција останал до 1966 година. Во 1968 година ја добил титулата Примариус. Во 1984 година бил повторно избран на функцијата директор, на која останал до 1986 година. Д-р Мешков во пензија заминал во 1987 година.[1]

Награди и признанија

уреди

За својата работа има добиено бројни награди и признанија, меѓу кои:

Бил претседател на Комисијата за полагање на стручен испит на медицински сестри и акушерки, претседател на комисијата за здравствена заштита на жените и децата во Велешка околија, претседател на лекарскиот актив во Кавадарци, пратеник во Здравствениот собор во Собранието на Македонија итн.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 421. ISBN 978-608-4621-04-1.