Муртер
Муртер е северно-далматински остров со површина од 17,58 км2.[1] На островот се наоѓаат неколку населби: Бетина, Тисно, Језеро и Муртер, која е најголема и најстара населба на островот, а со копното е поврзана со мал мост во местото Тисно. Денес островот Муртер е значајно туристичко одредиште, со бројни културно-историски споменици, природни плажи и ненаселени острови во близина.
Муртер во 1995 | |
Географија | |
---|---|
Место | Јадранско Море |
Координати | 43°48′N 15°36′E / 43.800° СГШ; 15.600° ИГД |
Архипелаг | Шибеник |
Површина | 18,7 км2 |
Највисоко место | 125 м |
Највисока точка | Радуч |
Држава | |
Хрватска | |
Жупанија | Шибенско-книнска жупанија |
Најголема населба | Муртер (pop. 2,010) |
Демографија | |
Население | 5,192 |
Густина | 277,65 /km2 (71.911 /sq mi) |
Етнички групи | 97.59% Хрвати |
Историја
уредиОстровот бил населен од страна на Илирите уште од најстари времиња. Островот, под името Скадрон, за првпат се споменува од грчкиот филозоф и географ Птоломеј. Историскиот континуитет се одржал и за време на владеењето на Римското Царство, што се гледа од остатоците на римската населба Колентум, бројни остатоци на римски вили, мурали и мозаици, расфрлени по копното и во морето. Остатоците од античкиот град Колентум, денес се во голема мера потопени во морето, и лежат во подножјето на ридот Градина, на северната страна од заливот Храмина. Населбата Колентум го доживеала својот зенит за време на владеењето на римските цареви Нерон (54 - 68 г.) и Веспазијан (69 - 79 г.), а монети од овој период се најдени во текот на првите археолошки истражувања кои биле направени од 1907 до 1909 година. Се претпоставува дека Колентум бил ограбен и разурнат на почетокот на 2 век од страна на пиратите, иако има индиции дека бил разурнат од земјотрес. Се смета дека словенското население, кога пристигнало на островот се населило на територијата на напуштената античка населба.
Под хрватското име „Сримач“ островот се споменува во 1251 година, кога унгарско-хрватскиот крал Бела, ги објавил границите на Шибеничката комуна. Во тоа време островот имал само две населби: Велико Село (Villa Magna), која денес се нарекува Муртер, и Језера, додека Бетина и Тисно биле изградени многу подоцна, при населувањето на пребегнатото население од турските напади.
Во 1298 година, Муртер имал 203 жители. Во Муртер и другите населби на островот, се користела глаголицата и босанчица сѐ до XVIII век. Во 1866 година, во Муртер била основана најстарата јавна библиотека во Далмација. Основно училиште и пошта биле отворени во 1877 година, а во 1910 година била основана Масларска задруга.
Островот Муртер за првпат се споменува под името „Insula Mortari“ во 1318 година, според кое име подоцна бил наречен градот Муртер. Сегашното име на островот се користи од 1740 година.
Стопанство
уредиПоголемиот дел од островот е засаден со стари маслинови насади и смоквини дрва, што биле и останале традиционални култури, кои се одгледуваат од месните жители. Шибеничкиот историчар Динко Заворовиќ, во 1597 година запишал дека островот е добро обработен и дека на него се произведува врвно вино. Освен со земјоделство, жителите на островот се занимавале и со бродоградба (градење на традиционални дрвени чамци гајета, логер, леут), со риболов и сточарство. Денес главна стопанска дејност е туризмот.
Познати личности
уреди- На Муртер, во родниот крај на своите родители, бил погребан Лука Скрачиќ, кој загинал при бомбардирањето на Загреб.[2]
- Хрватскиот новинар Јерко Скрачиќ.
Поврзано
уреди- Латинско идро, е меѓународна едриличарска регата на островот Муртер.
Повеќе за Муртер на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
Наводи
уреди- ↑ „COASTLINE LENGTHS AND AREAS OF ISLANDS IN THE CROATIAN PART OF THE ADRIATIC SEA DETERMINED FROM THE TOPOGRAPHIC MAPS AT THE SCALE OF 1 : 25 000“ (PDF).
- ↑ „Štivo - Odsjek snimanja ADU Zagreb“. www.snimanje.adu.hr. Посетено на 2018-12-15.[мртва врска]