Маслинка
Маслина | |
---|---|
![]() | |
Olea europaea, Мртво Море, Јордан | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Маслинки |
Род: | Маслинка |
Вид: | O. europaea |
Научен назив | |
Olea europaea L. |
Маслината или маслинка (науч. Olea europea) — мало дрво од семејството на маслинките (Oleaceae). Природно е застапена од Средоземјето, од Португалија до Левант, Арабискиот полуостров и јужна Азија источна Азија (во Кина), како и на Канарските Острови и Реинион. Видот се одгледува на многу места и се смета за натурализиран во сите земји на средоземниот брег, како и во Аргентина, Саудиска Арабија, Јава, Норфолк, Калифорнија, и Бермуди . Од нејзините плодови се прави маслиново масло.
Маслините во Македонија Уреди
Маслинарството, односно одгледувањето на маслинки во Македонија е најзастапено во крајните југоисточни предели, каде преовледува средоземната (средоземна) клима со топли влијанија од Егејското Море. Највеќе маслинови насади се одгледуваат во Дојранската Котлина, односно околината на Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија[1].
Дојранската кралска малсинка е природно ферментирана, црна, солена маслинка којашто со својот специфичен вкус е една однајбараната маслинка во Македонија[2].
Нејзиниот специфичен вкус е резултат на старите дојрански рецепти за производство на маслинки споени со модерната технологија за квалитет и стандардизација и експертизата на нашите врвни технолози коишто го усовршија и константно го контролираат вкусот на Дојранската Кралска Маслинка.
Кралската Маслинка откако грижливо ќе се набере и сортира по вид и големина ферментира природно во специјални садови со големина од 150 па сè до 5000 килограми во период од 6-9 месеци во зависност од надворешните услови. За време на ферментацијата истата секојдневно се контролира и нејзиниот вкус се прилагодува за да на крај го добиеме специфичниот вкус на Дојранската Кралска Маслинка.
Дојранската Кралска Маслинка е карактеристична по својата изразито црвена боја и округла форма со мала семка.
Десет дојрански кралски маслинки со средна големина во просек содржат:
- 25,6 грама Вода, 49 Калории, 0,35 грама Белковини, 1,31 г јаглехидрати, холестерол 0
- калциум, Бакар, железо, магнезиум, фосфор, калиум, селен, натриум, цинк
- витамин А, Витамин Б6, витамин Е, Витамин К
Маслинката исто така содржи и многу елементи кои го зголемуваат имунитетот. Според многу истражувања маслинката помага при борбата со ракот.
Фенолот кој може да се најде во маслинката беше понуден како еден од првите лекови против свинскиот грип.
Маслинката како тема во уметноста и во популарната култура Уреди
- „Маслинка“ — песна на југословенскиот поет Мак Диздар.[3]
- „Песна за маслинките“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1953 година.[4]
- „Маслинови гранчиња“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[5]
- Маслинова гранка — симбол на мирот, претставено во клун на бел гулаб во лет.
- Маслиново гранче — име на воена операција на турската војска во северна Сирија во 2018 година.[6].
Галерија Уреди
-
Насад на маслинови дрвја близу Нов Дојран, Македонија
-
Насад на маслинови дрвја близу Нов Дојран, Македонија
-
Насад на маслинови дрвја близу Нов Дојран, Македонија
-
Насад на маслинови дрвја близу Нов Дојран, Македонија
-
Насад на маслинови дрвја близу Нов Дојран, Македонија
-
Маслиново гранче
Наводи Уреди
- ↑ „Пласирани над 50 тони маслинки“. Вечер. Посетено на 2018-08-22.[мртва врска]
- ↑ Ltd., Zoliva. „Дојранска Кралска Маслинка | Zoliva.com.mk“. www.zoliva.com.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-30. Посетено на 2018-08-22.
- ↑ Мак Диздар, Горчин. Скопје, Македонска книга, стр. 89-91.
- ↑ Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 24.
- ↑ Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 30-33.
- ↑ „Операција Маслиново гранче: двајца загинати и 11 ранети турски војници“. Турска радио телевизија (ТРТ). 28 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 2021-09-25. Посетено на 4 септември 2018.