Мост Сан Анџело
Мостот Сан Анџело, познат и како понс Аелиус (Понте Елио), Понс Хадриани (Мостот на Адријан ) или Понте ди Кастело,[1] е мост кој ги поврзува плоштадот на Мостот Сан Анџело во местото Лунготевер во Ватикан, и областите Риони и Борго кои се наоѓаат во Рим.
Мост Сан Анџело | |
---|---|
Местоположба | |
Овој Римски мост бил изграден во 134 година од страна на императорот Адријан, по претходен дизајн на извесен Деметријан. Намената на мостот била да го поврзе неговиот мавзолеј со левиот брег на реката Тибар.
Историја
уредиМостот е изграден во пеперино стил и обложен со камен наречен травертин. Постојат три сводови до кои можело од брегот да се стигне преку пристапни рампи. Рампата од страната на левиот брег била потпрена врз три помали сводови, а онаа од страната која води кон мавзолејот на Адријан на десниот брег со два помали сводови. При изградбата на речните насипи во 1893 година рампите биле отстранети и заменети со модерни сводови. Нивото од страната на улицата имало доста високи тротоари. Тие биле изградени од елементи наречени травертински балустради.
Во месец јули 472 година мостот го користеле готските трупи, кој биле предводени од страна на водачот на војниците Рицимер, за да го нападнат источниот дел на градот, кој пак бил бранет од римскиот император Антемиј. Во периодот на средниот век овој мост бил користен од страна на аџиите кои се упатувале кон базиликата Свети Петар. Во тој период мостот бил познат и како „Мостот на Свети Петар“ (pons Sancti Petri ). Во текот на 6 век додека со Ватикан управувал папата Григориј Велики, името на „Мостот Сан Анџело“ го добило од според името на замокот Сан Анџело (оригинално мавзолејот на Адријан). За време на јубилејот во 1450 година, балустрадите на мостот попуштиле поради тежината од големата толпа на аџии. При оваа несреќа загинале 172 луѓе.[2] Подоцна со текот на времето некои куќи кои се наоѓале во непосредна близина на мостот морале да бидат урнати, за да им се овозможи на аџиите кои одат на проповед во базиликата да имаат поширок излезен простор. Подоцна во близина на мостот биле изградени и две мали кружни капели кои биле посветени на Санта Марија Магдалена и Сан Иносенти. Овие капели во 1527 година биле отстранети поради одбранбени причини. На плоштадот од левата страна на реката Тибар се отворил плоштадот на мостот. Низ овој плоштад на потегот кој денес минува од Лунготевере, кој доаѓа од плоштадот Пасквале Паоли порано постоела Палатата Алтовити, изградена од страна на Биндо Алтовити. На местото до палатата долго време се извршувале временски казни, но и смртните казни. При изведување на смртните казни телата на осудените се изложувале на мостот како еден вид на предупредување за населението.
Во 1535 година, папата Климент VII ги поставил статуите на Свети Петар и Свети Павле на влезот на мостот, на кои подоцна биле додадени и други статуи со кои се претставени четворицата евангелисти и патријарсите: Адам, Ное, Аврам и Мојсеј. Во 1669 година папата Климент IX изградил на мостот нов парапет, дизајниран од страна на архитектот Бернини. Над парапетот биле поставени вкупно десет статуи со кои се претставувале ангели кои ги носат инструментите на Страста. Овие ангели биле извајани од страна на учениците на Бернини кои биле под негово раководство. Од претходните статуи на мостот останале само оние на Светите Петар и Павле. Ова се статуите на сите ангели кои се поставени на мостот:
- Ангел со колона (скулптор Антонио Раџи, до статуата постои натпис со оригинален текст: („ Tronus meus in columna “ или „Мојот престол е на столбот - крстот“).
- Ангел со битки (скулптор Лазаро Морели, натпис со оригинален текст: „In flagella paratus sum “ или „Подготвен сум за камшикување или подготвен сум за злото“).
- Ангел со круна од трње оригиналната скулптура изработена од Бернини и неговиот син Паоло никогаш не била поставена на мостот, но била поставена во црквата Сант Андреа деле Фрате некаде во 18 век. Скулптурата на мостот претставува копија на оригиналната изработена од скулпторот Паоло Налдини (има оригинален натпис „In aerumna mea dum configitur spina“ или „Мојата неволја по трнот се гледа“).
- Ангел со Судариум или Ангел со свето лице (скулптор Козимо Фанчели, оригинален натпис „ Respice faciem Christi tui “ или „Нека го погледнат ликот мој за да видат кого го распнале“).
- Ангел со наметка изработена со форми од коцки (скулптор Паоло Налдини, оригинален натпис „ Super vestem meam miserunt sortem “ или „На мојата облека фрлија жрепка“).
- Ангел со нокти (скулптор Џироламо Лученти, оригинален натпис „Aspiciant ad me quem confixerunt“ или „Сите нека го гледаат моето страдање“).
- Ангел со крст (скулптор Ерколе Ферата, оригинален натпис „Cuius principatus super humerum eius“ или „Неговото царство е ставено на неговите раменици“).
- Ангел со картуш: оригиналта статуа била извајана од страна на Бернини заедно со неговиот син Паоло. Таа не била поставена на мостот, туку била поставена, односно однесена, во црквата Сан Андреа деле Фрате во 18 век. На мостот постои исто таква копија и е изработена од самиот Бернини, но овој пат со дополнителна помош од страна на скулпторот Џулио Картари (оригинален натпис „Regnavit a ligno deus “ или „Богот царуваше обесен на дрвениот крст“).
- Ангел со сунѓер (скулптор Антонио Џорџети, оригинален натпис „Potaverunat me aceto“или „Ми дадоа киселина да пијам“).
- Ангел со копје (скулптор Доменико Гуиди, оригинален натпис „Vulnerasti cor meum“ или „Ми го повреди срцето“).
Името на целата област Понте потекнува според името на овој мост.
Статуите на мостот
уредиСтатуите на Свети Петар и Свети Павле
уредиНа самиот почетокот од мостот, на брегот спроти замокот, односно од страната на Рим, се наоѓаат статуите на Свети Петар и Свети Павле. Првиот, односно Свети Петар ги држи клучевите од рајот, а вториот Свети Павле го држи мечот. И двајцата светци често се претставени со овие два симболи.[3][4] Конкретно, Свети Павле е претставен со меч затоа што самиот тој, во писмото до Ефесјаните, го користел ова оружје како симбол на борбата против злото. Всушност, во писмото тој го опишал Божјиот оклоп и ги повикал сите мажи да го носат тој оклоп. На крајот од целиот опис се појавува мечот, кој е еден вид на алегорија на Божјото Слово (Еф. 6:17).
Двете гравури кои се наоѓаат во основата на статуите имаат текст со оригинален запис „Hinc humilibus venia“ и „Hinc retributio superbis“ или во превод „Тука прошка добиваат скромните“ и „Оттука започнува одмаздата врз гордите“. Со овие пораки сакало да се нагласи дека поминувањето низ тој простор, односно преку мостот, ќе им ги постави заслугите и на понизните и на гордите на соодветен начин како што и заслужуваат.
Статуите на ангелите
уредиАнгелите присутни на мостот им ги покажуваат на луѓето инструментите на таканареченото Христовото страдание. Гравурите во основата на статуите се земени од записите на Стариот завет (со исклучок на оние поставени под ангелот со туниката и ангелот со клинците кои соодветно биле позајмени од Евангелието по Матеј и од текстот на препознаен како стандардите на кралот).
Статуите на ангелите биле нарачани од страна на папата Климент IX во 1667 година и биле поставени на мостот три години подоцна во 1670 година. Тие биле создадени од страна на учениците на Џан Лоренцо Бернини кои биле под негово директно раководство. Исклучок биле двата ангели, едниот кој го носи свитокот INRI, и другиот претставен со трновиот венец на главата кои биле директно извајани од самиот скулптор Бернини. Статуите никогаш не биле поставени на мостот бидејќи се сметале за многу убави за да бидат изложени на стихите од надворешните влијанија. Подоцна соодветните копии биле поставени на претходното одредено место, а оригиналите во 1729 година биле донирани од страна на наследниците на уметникот на базиликата Сант Андреа дел Фрате каде што се чуваат и денес.[5]
-
Ангел со картуш - свиток (1668-1669), дело изботено страна на Бернини
-
Ангел со трнлива круна (1668-1669), дело изработено од страна на Бернини
Првиот пар ангели
уредиПрвите два ангела ги покажуваат алатките со кои војниците го камшикувале Исус по завршувањето на судењето на кое Пилат го осудил Христос на смрт. Овој настан е раскажан во евангелијата (треба да се погледне текстот во Евангелието по Матеј Мт 27,26).
Гравурите во основата на статутите гласа во оригинал „In flagella paratus sum“ или „Подготвен сум за камшикување, подготвен сум за злото“, „Tronus meus in columna “ или „Мојот престол е на столбот - крстот“. Овие написи се позајмени од стихот 18 од Псалмот 37 (види ст 37,18) и од стих 7 од поглавје број 24 од Книгата на Сирах (види ст 24,7 ).
Вториот пар ангели
уредиТретиот ангел ја покажува круната од трње која, по камшикувањето на Исус, му била ставена на главата за да му се потсмева дел од населението кои го прогласувале за Цар (тука треба да се погледне раскажувањето на епизодата во Евангелието по Матеј: Мт 27:29). Четвртиот ангел го претставува превезот кој што според легендата го користела жената по име Вероника за да го исчисти лицето на маченикот од крв.
На резбите во основата на статуите во оригинал пишува: „ In aerumna mea dum configitur spina “ и „ Respice faciem Christi tui “ или преведено „Мојата неволја по трнот се гледа“ и „Погледни го лицето на својот Христос“. Тие написи се земени соодветно од стих 4 од Псалм 31 (види ст 31,4) и од стих 10 од Псалм 83 (види ст 83,10).
Третиот пар ангели
уредиТретиот пар ангели ги покажува клинците кои биле користени за да го распнат Исус на дрвениот крст и неговата туника со коцки која ја користеле војниците за да ја поделат со ждрепка (Мт 27:35).
На резбите во основата на статуите во оригинална форма пишувало: „Super vestem meam miserunt sortem “ и „ Aspiciant ad me quem confixerunt “. или со превод: „На мојата облека фрлија ждрепка“, „Нека го погледнат ликот мој за да видат кого го распнале“. Тие написи се земени соодветно од стихот 35 и поглавје 24 од Евангелието по Матеј (види Мт. 24,35) и од стихот 10 од поглавје 12 од Книгата на Захарија (види З к 12,10)
Четврти пар ангели
уредиЧетвртиот пар на ангели всушност го претставува крстот на кој бил распнат Исус со натписот INRI кој бил ставен на врвот за да се укаже причината за неговата смртна казна (Мт 27:37).
На гравурите во основата на статуите во оригинал пишувало: „Cuius principatus super humerum eius “ и „ Regnavit a ligno deus “ или: „Неговото царство е ставено на неговите раменици“ и „Бог царуваше обесен на дрвениот крст“. Тие записи се земени од стихот број 6 од поглавјето 9 од Книгата на Исаија (види Ис 9,6) и од текстот во делото стандардите на Кралот (види Vexilla regis Архивирано на 26 март 2023 г.).
Петтиот пар ангели
уредиКонечно, петтиот пар на ангели го прикажуваат сунѓерот натопен во киселина што му го дале на Исус за да го пие (Мт 27:48) и приказот на копјето со кое му го пробиле слабинскиот дел за да се уверат во неговата смрт (евангелие по Јован 19:34).
На гравираните делови во основата на статуите во оригинален напис пишувало: „ Potaverunt me aceto “ и „ Vulnerasti cor meum “ или: „Ми дадоа киселина да пијам“ и „Ми го повредија срцето“. Тие написи се позајмени од стихот број 22 од Псалмот број 68 (види Сл 68,22) и од стихот 9, од поглавје 4 од Песната над песните (види Песни 4,9). На крајот, можело да се забележи под нозете на сите ангели на мостот дека имало врежани облаци кои ги поддржуваат ангелите. Ангелите всушност се намерно поставени повисоко од местото по кое минуваат минувачите, така што гледајќи ги одоздола можат да ги видат заедно со облаците.
Статуата на Архангел Михаил
уредиОд мостот јасно се гледа статуата на Архангел Михаил која е поставена над замокот Сан Анџело. Според некои толкувања на Светото писмо, Архангел Михаил го објавил второто Христово доаѓање на Земјата (Прво писмо до Солуњаните 1Ст 4,16).[6] Неговата статуа била поставена на таа позиција околу 600 година од новата ера од страна на папата Григориј Велики, затоа што тој имал привидение дека архангелот од врвот на блиското возвишение го извадил својот меч од неговата корица. Од таа визија, понтифот заклучил дека молитвите биле слушнати и дека чумата која го зафатила градот наскоро ќе заврши.[7] Со текот на годините, статуата која првично била направена од дрво, била уништена и заменувана неколку пати. Она што денес може да ги восхитува минувачите е шестата верзија на статуата која била поставена над замокот Сан Анџело во 1753 година.[8]
Интересен дел
уредиГолемиот Данте Алигиери најверојатно учествувал во јубилејот од 1300 година и можел да ги набљудува мноштвото аџии кои поминувале преку мостот и оделе кон базиликата. Во осумнаесетото пеење на Пеколот тој го опишувал она што го гледал следејќи го мостот:
Како Римјаните во својата војска,
јубилејната година е, и тие одат нагоре по мостот,
мостот треба да го пренесе народот на образован начин,
од едната страна сите одат со подигнати чела
кон замокот во правец на Свети Петар,
но од другиот брег, односно од другата страна одат оние кои се враќаат со своите чела свртени кон планината.
(инф. XVIII, 28-33)
За да се регулира сообраќајот на мостот, утврдено е дека аџиите кои одат кон праверцот на Свети Петар одат од едната страна на мостот со челата свртени кон замокот, додека оние кои се враќале од другата страна со челата биле свртени кон планината наречена Монте Џордано.[9]
Наводи
уреди- ↑ Finché Roma era dentro le mura.
- ↑ Diario Della Città Di Roma Di Stefano Infessura Scribasenato - ISBN 9781247426044.
- ↑ https://it.zenit.org/articles/le-chiavi-per-aprire-il-regno-dei-cieli-la-spada-per-combattere-il-male/. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ http://w2.vatican.va/content/benedict-xvi/it/homilies/2012/documents/hf_ben-xvi_hom_20120629_pallio.html. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ http://www.italianways.com/il-ponte-degli-angeli-a-roma/. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Nel capitolo 4 della Prima lettera ai Tessalonicesi si parla di un arcangelo che annuncerà la seconda venuta di Cristo. Il nome dell'Arcangelo non è specificato ma spesso viene identificato con l'arcangelo Michele. Vedere ad esempio pagina 4 di questa Lectio Divina della comunità dei chierici regolari di S.Paolo“ (PDF).
- ↑ http://www.medioevo.roma.it/html/architettura/castelsangelo02.htm. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ https://www.passaggilenti.com/castel-sant-angelo-roma-mausoleo-museo/. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ http://www.30giorni.it/articoli_id_15166_l1.htm. Отсутно или празно
|title=
(help)
Поврзано
уредиДруги проекти
уредиПовеќе за Мост Сан Анџело на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Wikimedia Commons contiene immagini o altri file su Ponte Sant'Angelo
VIAF (ИТ) 315161186 GND (DE) 4107091-4 · Идентитети на WorldCat (EN) viaf-315161186 |