Прво послание до Солуњаните

Прво послание на апостол Павле до Солуњаните — книга од Новиот завет напишана од страна на Апостол Павле. Се смета дека оваа послание на апостол Павле било напишано во 52 година[1], и според денешните извори, оваа послание е најстариот христијански пишан документ од Новиот завет, бидејќи евангелијата биле напишани десетина години подоцна. Раните христијани верувале дека Павле оваа послание го напишал во Атина, додека пак современите истражувачи сметаат дека било напишано во Коринт. Посланието било испратено до солунската црква, која, како христијанска заедница, имала и таен дом за молитва, а можеби и катакомба.

Содржина

уреди

Посланието започнува така што апостолот Павле, во свое име и во името на соработниците Силван и Тимотеј, им се обраќа на солунските верници со пофалба за примањето на христијанството. Притоа, тој пишува за маките и страдањата при проповедањето на Евангелието и за прогонувањето на христијаните од Јудејците. Истовремено, тој ја искажува својата радост од добрите вести што ги донел Тимотеј од неговите престој меѓу солунските христијани. Во продолжение, апостолот им дава низа совети на верниците: да живеат без блуд и похотна страст, да покажуваат братска љубов кон другите верници, да бидат подготвени за доаѓањето на Господ, кога мртвите ќе воскреснат и заедно со живите ќе се воздигнат на небото, да ги слушаат своите учители и да ги утешуваат слабите и малодушните верници, да им прават добрини на другите луѓе, да бегаат од злото и постојано да се молат.[2]

Посланието се состои од пет глави. Првите три биле напишани во посебен стил, додека останатите две се состојат од доктринска практика. Главната цел на Павле преку ова послание била да ги охрабри христијаните во Солун, бидејќи тогаш христијанството било нелегално во тогашната Римското Царство. Поголемиот дел од жителите на Солун пред да го прифатат христијанството биле пагани, и се поклонувале на своите идоли. Ова го споменува и самиот Павле:

Каков пристап имавме кон вас и како се обрнавте кон Бога од идолите, за да Му служите на живиот и вистински Бог

По заминувањето во Атина, Павле не бил сигурен колку новите христијани ја прифатиле верата. Тој посакал повторно да дојде кај нив, но не можел па го пратил својот соработник Тимотеј во Солун. Тој се вратил со охрабрувачка вест: Солунјаните го прошириле христијанството и во останатите делови на Македонија. Сепак, било напоменето дека христијаните по се изгледа не го разбрале добро учењето на Павле. Па според ова, апостол Павле напишал послание со цел да ги охрабри:

Најпосле, браќа, бараме и ве опоменуваме во Господа Исуса, да изобилувате повеќе во она што го примивте од нас, како треба да живеете и да Му угодувате на Бога, како што и успевате во тоа.

Апостол Павле во посланието ги предупредил жителите на Солун да живеат достојно и да се воздржат од насилство. Во посланиет Павле пишувал и за повторното Христово доаѓање.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Raymond E. Brown, An Introduction to the New Testament, Anchor Bible, 1997. pp. 456-466.
  2. „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 256-259.