Моруна
Моруна (латински: Huso huso) — слатководна риба која, според традиционалната систематика, спаѓа во инфракласата на 'рскавичнокоскени риби ( лат. ) и семејството.
Моруна | |
---|---|
Huso huso | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Huso |
Вид: | Моруна |
Научен назив | |
Huso huso (Linnaeus, 1758) | |
Синоними[4][5] | |
|
Опис
уредиКако и сите рскавични риби, имаат рскавичен скелет, но нивното тело е покриено со пет реда коскени плочки. Посебно е заштитен горниот дел на черепот. Овие коски на телото се од кожно потекло. Затоа нивните лушпи (инаку ганоидни) се намалени, освен во пределот на опашката. Нивното тело е вретенесто, но сепак е понабиено во споредба со есетрата и кечигата и не е толку изразено петстрано. Перката на опашката е хетероцерозна (асиметрична). Главата е остро извлечена нанапред (но не толку како кај другите рскавични риби), така што устата е на долната страна на главата и во неа нема заби. Под устата има израстоци во вид на мустаќи, кои поради слабо развиеното сетило за вид се главните сетилни органи кои им помагаат да бараат храна, главно риби, поретко школки и други мекотели, како и ракови. Таа е голема грабливка и постои податок дека изела младенче на фока. Во желудникот на моруната биле пронајдени поголеми риби, па дури и птици. Моруната е најголемата слатководна риба (а со тоа и најголемата рскавична риба). Постојат податоци за уловени моруни кои тежеле 1.400-1.500 и биле долги 9 метри. Може да живее повеќе од 100 години.
Живеалиште и распространетост
уредиМоруната ги населува водите на Каспиското Езеро, Црното Море и Азовското Море. Го има и во источниот дел на Средоземното Море и неговите басени. В море, се оддалечува од устието повеќе од есетрата.
До изградбата на браната Ѓердап стигнувала до Србија во горниот тек на Дунав. Денес тоа е невозможно и може да се најде во долниот тек под Ѓердапската Клисура. Поради изградбата на браната, мелиорацијата и загадувањето на водата таа риба денес е загрозена, па се пристапува кон вештачко одгледување и порибување.
Размножување
уредиЖивее претежно на дното на морето, но за време на размножувањето мигрира во слатки води (анадромни видови). Мрестењето се одвива од пролет до есен. Патот од морето до слатките води често е многу долг и се движи од неколку стотици до илјада километри. Оваа појава укажува дека реките се примарното живеалиште на овие риби, од каде подоцна навлегле во морињата. Женките полагаат милиони сивкавоцрни јајца кои се лепат за камења на местото на мрестење, каде што и се оплодуваат (надворешно оплодување). По излегувањето од јајцата, младите единки мигрираат низводно кон морето.
Значење
уредиМесото од моруна е многу вкусно. Од неговата икра се прави кавијар. Од икрата се прави и познатиот астрахански кавијар. Од оваа риба се користи и рибниот меур за правење лепило. Не може да се одгледува во слатководни рибници, бидејќи дел од својот живот го поминува во морето.
Наводи
уреди- ↑ Choudhury, Anindo; Dick, Terry A. (1998). „Special Paper: The Historical Biogeography of Sturgeons (Osteichthyes: Acipenseridae): A Synthesis of Phylogenetics, Palaeontology and Palaeogeography“. Journal of Biogeography. 25 (4): 623–640. doi:10.1046/j.1365-2699.1998.2540623.x. JSTOR 2846137. S2CID 84869858.
- ↑ Gessner, J.; Chebanov, M.; Freyhof, J. (2022). „Huso huso“. Црвен список на загрозени видови. 2022: e.T10269A135087846. doi:10.2305/IUCN.UK.2022-1.RLTS.T10269A135087846.en. Посетено на 24 May 2023.
- ↑ „Appendices | CITES“. cites.org. Посетено на 2022-01-14.
- ↑ Froese, R.; Pauly, D. (2017). „Acipenseridae“. FishBase version (02/2017). Посетено на 18 May 2017.
- ↑ „Acipenseridae“ (PDF). Deeplyfish- fishes of the world. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-09-18. Посетено на 18 May 2017.