Хидроелектрана Ѓердап I

Хидроелектрана Ѓердап – систем од една бранска и една речна-проточна хидроелектрана, „Ѓердап I“ и „Ѓердап II“, кои се изградени на реката Дунав на излезот од Ѓердапската Клисура, на српско-романската граница, така што им припаѓа на Србија и Романија.

Хидроелектрана Ѓердап I
Поглед на браната од Кладово Iron Gates 1 3D, Romania.gif
ЛокацијаЃердапска Клисура
Србија
Романија
Координати44°40′15″N 22°31′45″E / 44.67083° СГШ; 22.52917° ИГД / 44.67083; 22.52917Координати: 44°40′15″N 22°31′45″E / 44.67083° СГШ; 22.52917° ИГД / 44.67083; 22.52917
Започнато градење7 септември 1964

Во вкупното производство на електрична енергија во Србија електраните Ѓердап учествуваат со околу 20%.

ИсторијаУреди

 
Јосип Броз-Тито, обиколка на ХЕ Ѓердап I при пуштањето во работа во 1972 година
 
Јосип Броз-Тито и Георги Георгију-Деж, потпишување на договорот за изградба на системот Ѓердап

Прва инцијатива за искористување на енергетскиот потенцијал на ѓердапскиот сектор на Дунав и унапредување на пловниот пат е забележана уште во 1896 година. Погодните карактеристики на овој дел биле големата брзина на водата и големиот пад, водните вители, честите промени на длабочината на водата и ширината на коритото. Од друга страна, постоела постојана опасност од гребени и подводни стени. Во 1896 година биле завршени работите за регулација на Ѓердап, во рамките на кои бил изграден Сипскиот Канал. Хуго Лутер, германски инженер кој ги водел работите, му предложил на Министерството за народно стопанство на Кралство СрбијаКралството Србија, завршувањето на регулацијата на Ѓердап да се искористи за изградба на постројка за производство на електрична енергија. Побарал добивање концесија за користење на водната енергија, но барањето не му било одобрено.[1]

На 10 април 1924 година, Министерството за земјоделство и води на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците формирало Ѓердапска секција со цел да се изработи „Студија за генерално уредување на Дунавскиот сектор викан „Ѓердап“ – пловидба и искористување на водената снага“. Студијата била завршена во 1928 година, а резултатите биле прикажани во девет извештаи. Притоа било усвоено решение според кое во ѓердапскиот сектор би се изградиле две хидроелектрани, една кај Свињица, а втората кај Сип. Тоа подразбирало подигање брана спротиводно меѓу Гребен и Доњи Милановац и брана низводно под Малата Железна Врата. Идејата подразбирала дека е можно да се изврши електрификација и индустријализација на Србија, Срем, Банат и Бачка со енергијата од Ѓердап. Со појавата на светската економска криза кон крајот на 1920-тите години, работата на овој проект била запрена.[1]

Во втората половина на 1954 година, заводот за планирање на Србија изработил елаборат кој содржел процена на вредноста на енергетскиот потенцијал на ѓердапскиот сектор.[2] Анализите покажале дека хидроенергетскиот потенцијал на овој дел на Дунав по должен километар тек е четири до пет пати поголем од потенцијалот на соседните делници.[3] Во 1956 година елаборатот послужил како основа за разговори за заедничка изградба на хидроенергетски систем на состанокот на претседателот на Државниот совет на НР Романија Георги Георгију-Деж и претседателот на СФРЈ Јосип Броз. Во јуни 1957 година била формирана мешовита југословенско-романска комисија и во април 1960 година на владите на Романија и Југославија им бил упатен техничко-економски меморандум на усвојување.[4] Биле разгледувани повеќе варијанти и конечно како најповолно е избрано решението – изградба на две хидроелектрани, Ѓердап 1 и Ѓердап 2.

Спогодбата за изградба на системите ја потпишале Георги Георгију-Деж и Јосип Броз-Тито во Белград на 30 ноември 1963 година. Двата претседатели свечено ги отвориле работите на изградба со откривање спомен-плочи на двете страни на Дунав на 7 септември 1964 година.[1]

Ѓердап I бил изграден во 1970 година на 943. километар од реката, 10 km спротиводно од Кладово. На српската и романската страна од Дунав биле инсталирани по 6 генератори од по 176,3 MW. Снагата на генераторите на српска страна изнесувала 1.058 MW. Генераторите биле инсталирани за проток од 4800 m³/s и биле пуштани во погон од 5 август 1970 до 16 мај 1972 година. Ѓердап I се наоѓа на местото Караташ, а непосредно под хидроцентралата се наоѓаат остатоци од римската тврдина Дијана.

За полесна изградба на оваа брана, на романската страна голем дел од градот Оршова бил преселен, биле изградени нови станбени блокови, а старата градска четврт била потоната. Островот Ада Калех, главно населена со Турци, исто така бил потопен под вода. Патиштата и железничките линии кои ја поврзуваат Крајова со Темишвар, исто така морале да бидат поместени. Цел Дунав од Белград до Турн Северин бил претворен во вештачко езеро.

 
Ѓердапската хидроелектрана се градела во 1970 година

Браната ја дизајнирал Институтот за хидроелектрични студии и проекти (ИСПХ) од Букурешт и Енергопроект Белград од 1956 до 1960 година.

Зафатнината на акумулационото езеро изнесува 1380 m³. Браната е симетрична, со преливна брана во средината и преводници на романска и српска страна. Во просек годишно работи околу 7500 часа и произведува 6000 GWh. Турбините се од Капланов типа и проектирани за пад од 17,5 до 35,4 метри. Генераторите се од советско производство ЛМЗ Ленинград.

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Gordana, Karović; Civrić, Zorica (2018). Dunav u Srbiji : putovanje kroz tehničke muzeje : katalog izložbe. Jurišić, Miloš, Јуришић, Милош. Beograd: Muzej nauke i tehnike Beograd. стр. 259–262. ISBN 9788682977643. OCLC 1088317789.
  2. Paunović. Đerdap i Timočka krajina. стр. 760.
  3. Jakovljević. Hidroenergetski i plovidbeni sistem „Đerdap“. стр. 10.
  4. Stojanović, Bogoljub (1972). Neimari Đerdapa 1964-1971. „Sistem 'Đerdap' – od prvih ideja do sveobuhvatnog sistema“. Beograd: Export Press. стр. 49.

ЛитератураУреди

  • Слободан Васић, Сећања и трагови Синише Ћирића (Београд: Истраживачки центар ИЦНТ, 2006).
  • Бранислав Војиновић, Ивана Стекић-Јаковљевић, Славка Лазић-Војиновић, Пантелија – Панта Јаковљевић, Живот и дело (Београд:Арт студио „Црно на бело“, 2014).
  • Милорад Дрча, „Како је све текло“, Енергија (децембар 2017): 8, 9.
  • Слободан Кљакић, „Slavni konstruktor Josif Hvoj ipak nije zaboravljen“, Politika, 7. јун 2016., преузето 25. маја 2018.
  • Neimari Đerdapa 1964-1971 (Beograd: Export Press, 1972).
  • Marinko Paunović, Đerdap i Timočka krajina (Zagreb: Binoza, 1970).
  • Hidro-energetski i plovidbeni sistem „Đerdap“, (Beograd: Export-Press, 196?), 45.
  • Архив Музеја науке и технике, Збирка електропривреде

Надворешни врскиУреди